АНАРХИЈА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

GO VEGAN!!!

+9
Deneb
Ravachol
M-1
Ghost Dog
BaXAnt
Секс Објект
schizzo
Anarho
negative_h
13 posters

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Anarho Саб Мар 29, 2008 9:52 am

schizzo напиша:

aaa... мислам дека на човекот му се доволна заштита армирано-бетонските ѕидови и непробојното стакло... како испланирана заштита нели, а да не се заборави дека, животните се плашат од "цивилизација", особено ГЛАСНА, неприродна бука и раздвиженост... моето куче се плаши од правосмукалка. не знам дали волк или мечка нема да се плаши од мешалка за бетон, или евентуално инспириран тенк.
Е ајде да им ја препуштиме на животните нашата цивилизациај. Да се откажеме од она што е стварано од поколенија со милениуми за да му биде добро на твоето куче. И зошто да се чуваме со заштитини стени кога можеме на друг начин да го регулираме размножувањето на другите видови.
Ако тие можат да делуваат како нас врз нив нема да ни простат биди сигурна.

schizzo напиша:
греота е да се одржува таква хигиена на општеството. каде што умираат недолжни и буквално секаков тип на луѓе. можеби некој од тие што умреле во војна би можел да биде најзакон член на форумов, некој што би не поддржувал нас во идеиве...
една војна би била високо-хигиенска ако се нападнат сите политичари на власт најверојатно.
и зашто да има некој право да убие некого во војна а овој да преживее?? затоа што има боље оружје или подлабок ров?
вишок на луѓе бе... немаш право да класификуваш така некого...

Реков не се согласувам, само кажав дека тоа е вистината. А ако ние можеме да делуваме врз околината околу нас има и некоја сила „нека биде ПРИРОДА“ што делува врз нас и не не остава да се заборавиме.
Мора да има хигиена. Значи колку и да не сакаме ние со нашето постоење трупаме нечистотија и еден ден ќе се исчисти без ние да се трудиме за тоа. Значи ако се обидеме навреме да исчистиме ќе биде побезболно.
Живеам до Вардар. Имам еден подрум што го користам за да складирам непотребни работи што некогаш ќе ми потребаат. И со време се натрупа толку што се чудев што да му правам. Ајде денес, ајде утре ќе го средам и никако да се решам. Дојде Вардар го поплави и ми го реши проблемот. Немаше што да средувам. Се фрлив го избетонирав и јас имав чист подрум и ајде погоди што направив после.? Пак го натрупав, а со сушава Вардар тешко дека пак скоро ќе дојде. И или ќе го средам сам или ќе живеам со мислата дека живеам сред нечистотија што не е многу пријатно.
Нешто слично се случува и со општеството.
Anarho
Anarho

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-01-30

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by schizzo Саб Мар 29, 2008 8:36 pm

nvm
schizzo
schizzo

Број на мислења : 53
Age : 34
Location : skopje
Registration date : 2008-03-20

http://www.myspace.com/the_idle_artist

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by BaXAnt Нед Мар 30, 2008 7:25 am

tepev напиша:Ако тие можат да делуваат како нас врз нив нема да ни простат биди сигурна.
Јас сум сигурен, после сето ова што им го правим...зашто би ни простиле?
BaXAnt
BaXAnt

Број на мислења : 119
Registration date : 2008-01-24

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Anarho Нед Мар 30, 2008 11:27 am

BaXAnt напиша:
tepev напиша:Ако тие можат да делуваат како нас врз нив нема да ни простат биди сигурна.
Јас сум сигурен, после сето ова што им го правим...зашто би ни простиле?

Ако воопшто се свесни што им правиме.
Сакам да кажам дека тие немаат развиено чувство за да чувствуваат жалење.
Повеќе ги водат инстиктите, а основен инстикт е продолжувањето на врстата,
затоа се ретки случаите на убивање меѓу исти врсти,
додека се жестоки кога ја чуваат својата врста.
Така се кодирани од природата, а ние со нашето чувство за жал и некаква хуманост
ја доведуваме во опасност нашата врста.
Anarho
Anarho

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-01-30

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by BaXAnt Нед Мар 30, 2008 12:01 pm

tepev напиша:

Па види тоа е и најлошо, па ние свесно го правиме тоа. А нашата врста, па стварно дали нашата врста ја загрозуваат 100 волци што се останати или 5 мечки од кои две ги има секој ден у дневен печат пошто почнале да пиат пиво или можеби од двата белоглави орли,од седумте рисов, Па Тепев ги истребивме више pale а btw нашата врста опстојала и со мамути и со еден куп по заебани животни од зајци,срни, и кучиња Ке опстанеме верувајте ми, само вие испразнетеја пушката и бидете спокојни.
(а и не ги зимајте горниве бројки здраво за готово пошто не се точни, ама не се ни многу далеку од вистината)
BaXAnt
BaXAnt

Број на мислења : 119
Registration date : 2008-01-24

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Anarho Пон Мар 31, 2008 9:52 am

BaXAnt напиша: Па види тоа е и најлошо, па ние свесно го правиме тоа. А нашата врста, па стварно дали нашата врста ја загрозуваат 100 волци што се останати или 5 мечки од кои две ги има секој ден у дневен печат пошто почнале да пиат пиво или можеби од двата белоглави орли,од седумте рисов, Па Тепев ги истребивме више pale а btw нашата врста опстојала и со мамути и со еден куп по заебани животни од зајци,срни, и кучиња Ке опстанеме верувајте ми, само вие испразнетеја пушката и бидете спокојни.
(а и не ги зимајте горниве бројки здраво за готово пошто не се точни, ама не се ни многу далеку од вистината)

Не знаеме што би се случило ако не сме ги истребиле или каков би ни бил животот кога би имале во животната средина повеќе волци и мечки.
Но не станува збор само за нив и некои од видовите што ги наведе.
Станува збор за убивањето. Или убиваме или не.
И јас не го оправдувам убивањето на цел слон за да му ги искористиш забите за украс затоа што некој плаќал.
Ама оправдувам убивање на волк или чопор волци ако тие го загрозуваат стадото што човек макотрпно го собирал за да си обезбеди храна и егзистенција. Ќе речеш кој го терал тоа да го прави.
Точно е ама ако не го правел тоа биди сигурен дека тоа стадо ќе го немало.
Одамна ќе било изедено.
А нашата врста опстојала затоа што не ги галела тие заебани животни ами ги убивала и јадела.
Anarho
Anarho

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-01-30

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by BaXAnt Чет Апр 03, 2008 1:01 am

Тепев ама повеќе не сме загрозени (сеа да не се повторувам пошто муабетот некако кружи)
нема чопор волци-ги нема...повеќе,останаа само овците

P.S -се надевам дека не си ловџија

поздрав.
BaXAnt
BaXAnt

Број на мислења : 119
Registration date : 2008-01-24

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Anarho Нед Апр 06, 2008 9:47 am

BaXAnt напиша:Тепев ама повеќе не сме загрозени (сеа да не се повторувам пошто муабетот некако кружи)
нема чопор волци-ги нема...повеќе,останаа само овците

P.S -се надевам дека не си ловџија

поздрав.

Не сум ловџија биди спокоен.
И никогаш нема да бидам.
Anarho
Anarho

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-01-30

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Секс Објект Сре Фед 17, 2010 9:32 pm

Sto mislite, dali e vo red da gi kupuvame proizvodite testirani na zivotni? Dali znaete nekoi od niv i dali i
ponatamu svesno gi kupuvate? Da, znam, treba da se stremime kon anti-konzumerizam (barem jas se trudam sto pomalku), ama ponekogas i nemame tolkav izbor...
Секс Објект
Секс Објект

Број на мислења : 210
Age : 36
Registration date : 2008-01-05

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by M-1 Сре Апр 14, 2010 3:41 pm

Јас сметам дека не е во ред да се конзумираат такви продукти, но доколку сеуште не сме им смислиле или пронашле алтернатива логички е привремено да ги конзумираме. Лично јас знам дека во фармацијата и медицината животните се користат во експериментални цели. Колку и како тоа се одвива во индустриското производство на фармацевтски и медицински продукти не би можел со сигурност да кажам.
M-1
M-1

Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Ravachol Саб Окт 23, 2010 5:32 am

Дали се за осуда растенијата кои јадат месо ?

http://en.wikipedia.org/wiki/Carnivorous_plants

avatar
Ravachol

Број на мислења : 79
Registration date : 2009-04-12

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Секс Објект Чет Окт 28, 2010 5:16 pm

Не, тоа им е во природата Smile
Секс Објект
Секс Објект

Број на мислења : 210
Age : 36
Registration date : 2008-01-05

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Deneb Чет Фед 03, 2011 12:48 am

Вака, веганизмот и вегетаријанството се две различни нешта. Веганизмот е доста екстремен стил на живот, и нешто што до крајот на животов мој нема шанси да го постигнам, без разлика колку се трудам. Јас гледам полека да ја променам исхраната во вегетаријанска (иако да признаам, тешко ми оди - веројатно резултат од јадење месо цел живот). И некако се гледам делумно како хипокрит, бидејки се сметам за човек кој ги сака животните, но ете, се случува да не ми пречи поедини врсти на животни да ги сакам и на тањир, на трпеза. Колку да сум коректен, си го признавам лицемерието.

Но сепак, фактите остануваат.

Било кој антрополог или некој доста добро навлезен во анатомијата, ќе ви потврди дека човечката вилица НЕ е создадена да кастри месо, уште помалку да го обработува. А и не треба некој да е експерт во тие области за да го увиди тоа. Доволно е споредбата на вилицата на месојадните врсти на животи со таа на човекот - драстична разлика. Еволуцијата за џабе не создава биолошки алатки кои живиот свет ги користи.

Тие што се О крвна група обично имаат потешкотии да се откажат од месна исхрана, и обично доктори им ја препорачуваат. За останатите би требало да е полесно. Сепак, било каква крвна група и да си, месото може да се исклучи од исхраната. Како субститут, голема порција на печурки е повеќе од доволна, би рекол и оптимална. Според истражувања а и препораки на доста експерти за здрава исхрана и нутриционисти, печурките ги содржат истите протеини и хранливи состојки што ги содржи месото, како и одредени хемиски елементи и метали кои месото ги содржи, како железо на пример. Секако, треба доста често да се комбинираат во храна, и во значајно количество.

Која е разликата? Нема убивање животни, а таа храна можеш и сам да си ја растеш, доколку имаш доволно простор, а за печурки не треба да имаш нива на пример. Во доволно голем двор, можеш и сам да ги одгледуваш, нема да имаш потреба ни да ги купуваш во продавница. Со воведување на печуркиве како дел од мојата исхрана, учеството на месото во мојата исхрана го сведов на еднаш на три месеци. Сега гледам тоа да го издолжам на еднаш во 4 месеци. Почнав лани, и ова се резултатите. Кај некој подобро ќе иде, кај други потешко. Поентата е, функционира, ако секако, се има иницијатива за тоа и искрена желба за тоа.

Инаку до овие што се со поинаков став: Бил некој од вас на фарма за месо? Можеби во касапница? Јас сум бил, и такви хорори немам доживеано претходно, нити мислам дека ќе видам нешто поужасно во иднина. Значи тоа еутаназијата е утната работа, бидејќи повеќето не сакаат да ја набават, и го добиваат месото на старомодниот начин - убивање на животното додека е свесно, и тоа не на брз начин, што значи дека животното пати во таква состојба. Жалам што тогаш немав камера со мене (посетата се случи спонтано и непланирано), да споделам тука визуелно што видов и искусив, па да ве натерам малку поинаку да гледате на месото следниот пат кога ќе го имате на чинија. Секако, има доста видеа на youtube и слични веб сајтови кои баш детално покажуваат како иде тој процес. Има потреба да постирам?

Што се однесува до исхраната со печурки наместо месо, кој/а е заинтересиран/а, нека ме контактира, а некој следен пат ќе напишам и некои детали и совети, доколку има интерес.
Deneb
Deneb

Број на мислења : 5
Registration date : 2011-02-02

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by shadow Пон Јан 30, 2012 2:00 am

Јас сум вегетаријанец околу 4 месеци.
Инаку, цел живот сум јадела месо и риба, и О крвна група сум, а воопшто немав потешкотии да се откажам од месото. Едноставно така решив. И затоа мислам дека се е игра на умот, она што ни е вградено од системот дека мора ние да конзумираме месо и било што друго повеќе од колку што ни е потребно.

Сум слушнала различни митови за вегетаријанството, но мислам дека сите најдобро би научиле од лично искуство (на пример пробајте да бидете вегетаријанец 1 месец, па ќе видите како ви иде).

Така на пример, владее заблудата дека ако си вегетаријанец ќе ти ослабне крвта или дека ќе имаш недостаток на протеини. Нема врска. Здравјето може да ти стане само многу подобро поради поголемото внесување на зеленчук и овошје, организмот ќе се прочисти од токсините, хормоните (посебно хормонот на смртта) итн што ги внесуваме со месото, а протеините можат да се заменат со печурки, соја, грав, леќа, компири и др ствари.

После, велат дека цело време се осеќаш ненајаден. И ова е без врска, бидејќи ти ги јадеш истите ствари освен месото, а секогаш останува простор да експериментираш со храната.

Има уште ствари, но главната поента ми е дека зависи од вашиот начин на размислување и моќта на волјата.
shadow
shadow

Број на мислења : 10
Age : 31
Location : skopje
Registration date : 2011-06-26

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Princess Monoke Сре Окт 03, 2012 12:10 am

Според(заборавив кој) животните се најугнетената класа во нашето општество! Тие воопшто немаат право да одлучуваат што ќе биде со нивниот живот. Абсурдно е некој да се смета себе си за анти-опресионист кога конзумира месо. Млекото кое го користите е производ на силување, а силувањето е силување без разлика врз кого е извршенo(човек или животно), јајца=плацента... Зарем болката која им се нанесува на животните не е доволна причина за да се биде веган? Угнетувањето не е хиреархиски подредено,расизам=сексизам=специзам=аблеизам. Инаку во Македонија еден човек во просек конзумира 50кг. месо на годишно ниво.
Princess Monoke
Princess Monoke

Број на мислења : 1
Registration date : 2012-10-02

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Rastapunk Саб Окт 13, 2012 2:24 am

Само што според мене луѓето се поважни од животните и тоа треба цело време да се потенцира. Кога би МОРАЛ да убијам или човек, или животно - ама да морам да убијам еден од нив. Тогаш без да размислувам на момент би убил животно.
Rastapunk
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 32
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Intrepid Сре Јан 02, 2013 5:14 pm

Ричард давкинс вели оплодена јајце клетка која потоа се дели на две па 4 и до 56(или 58) нема оформено нервен систем така да пожално е црв да убиеш отколку да ги употребиш стем клетките како би спасил живот како прво а како второ би се задал удар на најнасната нечовечка работа Трговија со органи, па во Жолтата куќа им ваделе еден орган(бубрег), па биле живи додека стигне нарачка луѓево молеле да бидат убиени а колумбијците нема на америте да им продаваат бубрег за 2000-3000 долари.

Ова погоре го напишав бидејќи гледам многу се загрижени за животното како се осеќало додека го убиваме ОК, исто така факт е и дека дигестивниот систем ни е адаптиран за повеќе растителна храно но тука теоријата паѓа во вода бидејќи состојките неопходни за нормален живот на едно битие ги има во месото значи ние треба да практикуваме комбибнирана исхрана.

Оваа веган пропаганда е пак капиталистичка шема за профит, така да јадете мумерено не претерубвајте со вегетаријанска храна бидејќи настанува дефицит на витамини од групата Б кои имат покрај штетни физиолошки и психолошки ефекѕти како стрес чувство навина и.т.н

Сакав да додадам и уште нешто, ипак постои синџир на исхрана.
Intrepid
Intrepid

Број на мислења : 6
Registration date : 2012-09-08

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Секс Објект Сре Јан 09, 2013 4:52 am

Rastapunk напиша:Само што според мене луѓето се поважни од животните и тоа треба цело време да се потенцира. Кога би МОРАЛ да убијам или човек, или животно - ама да морам да убијам еден од нив. Тогаш без да размислувам на момент би убил животно.

Зошто се поважни? Човекот создава имагинарна пирамида во природата и се става себеси на врвот. Кој му дал право на супериорност?
Секс Објект
Секс Објект

Број на мислења : 210
Age : 36
Registration date : 2008-01-05

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Rastapunk Пет Јан 18, 2013 1:30 pm

Како имагинарна?
Човекот е поинтелегентен од останатите животни, па како таков тој се „справил“ со нив и ги поразил и поробил. Сега тој е во состојба да одлучува како ќе се однесува спрема нив. Дали ќе ги јаде, ќе ги одгледува, или не знам си што.

Јас сум приврзаник на теоријата на еволуција и, како последица на тоа, сметам дека човекот е над другите суштества на најприроден можен начин. Со други зборови, право на супериорност му дала природата, му дало времето, му дала еволуцијата, му дала реалноста, материјализмот, фактичката состојба, склопот на околности, Господ, Бог, Аллах, Тао, Браман, како сакаш именувај ја причината, али тоа е во основа тоа. Значи, историски гледано, природната селекција.

Е сега, малце за да ти го доближам ова, одговори ми на прашањава.

Мисловен експеримент 1:
„Имате куче и твојот дечко/маж/партнер(сеедно) го закачка кучето, али онака само на заебанција, и кучево од некоја непозната причина го напаѓа ликот. Ти сфаќаш дека е премногу крвнички и дека ги надминува сите граници и сфаќаш дека мораш да го спречиш конфликтот со тоа што ќе убиеш некој (да замислиме дека нема да идеш во затвор ни ако го убиеш човекот). Рачунај дека твое е кучето, а со партнерот не си во долга врска. Значи и двајцата ги сакаш многу. Кого би убила?“

Мисловен експеримент 2:
„Гледаш на улица се борат куче и некој/а дечко/девојка од непозната причина... Пак гледаш дека е алармантна ситуацијата, а имаш пиштол во раката и мораш да убиеш некого. Кого би убила?“

Мисловен експеримент 3:
„Те киднапираат и пред тебе изнесуваат човек и колибри. Ти викаат, за да те пуштиме тебе и уште еден од овие двајца пред тебе, мораш да го убиеш другиот лик. Прашањето е: ,Кого би убила?' “
Rastapunk
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 32
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Секс Објект Пет Јан 18, 2013 3:27 pm

Ако одиме по таа логика дека човекот е над животните затоа што е поинтелигентен, тогаш, според ова, ја поддржуваш теоријата на некои луѓе дека не можат да бидат сите еднакви, затоа што некој повеќе го употребува мозокот, а некој помалку, па според тоа поинтеигентните треба да бидат супериорни?

Јас лично сметам дека секоја креација на природата е дел од целото, секоја единка е еднаква на се’ останато.

Искрено, не сакам да бидам во позиција да бирам помеѓу човек и животно. Секој живот е скапоцен (Освен оние кои не го заслужуваат Very Happy). Веројатно ќе го убијам оној кој прв ќе нападне. За останатото ако продолжам да зборувам, ќе отидеме многу оф топик. Smile
Секс Објект
Секс Објект

Број на мислења : 210
Age : 36
Registration date : 2008-01-05

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Intrepid Пет Јан 25, 2013 7:38 pm

Rastapunk напиша:Како имагинарна?

Паа така во нечии глави е имагинарна а во нечии не но друго е тукла во прашање поточно

Јас сум приврзаник на теоријата на еволуција

поодамна е факт, докажано пред 40 години со експерименти врз бактерии а пред 10 години со инсекти, маестрално но и макотрпно е да чекаш цели 40 години се додека....не бидеш меѓу првите сведоци на креацијата на нов вид на инсект.

Човекот е поинтелегентен од останатите животни, па како таков тој се „справил“ со нив и ги поразил и поробил. Сега тој е во состојба да одлучува како ќе се однесува спрема нив. Дали ќе ги јаде, ќе ги одгледува, или не знам си што.

Незнам зошто мислиш поробил кога ние буквално спасуваме одредени видови со интервенции кои чинат тешки милијарди на долг рок, не мислам дека не сме поробиле животни напротив колку толку се трудиме дса го зачуваме природниот баланс, многу јасно е дека некој ќе рече дека па и сме придонеле за исчезнувањето на некои директно или индиректно, намерно или ненамерно и нема да греши бидејќи тоа е факт исто како што е факт и дека мнживотни ги припитомивме(ако на тоа си мислел поробување тогаш е друго но јас не наоѓам тука поробување).

Е сега, малце за да ти го доближам ова, одговори ми на прашањава.

Мисловен експеримент 1:
„Имате куче и твојот дечко/маж/партнер(сеедно) го закачка кучето, али онака само на заебанција, и кучево од некоја непозната причина го напаѓа ликот. Ти сфаќаш дека е премногу крвнички и дека ги надминува сите граници и сфаќаш дека мораш да го спречиш конфликтот со тоа што ќе убиеш некој (да замислиме дека нема да идеш во затвор ни ако го убиеш човекот). Рачунај дека твое е кучето, а со партнерот не си во долга врска. Значи и двајцата ги сакаш многу. Кого би убила?“

Мисловен експеримент 2:
„Гледаш на улица се борат куче и некој/а дечко/девојка од непозната причина... Пак гледаш дека е алармантна ситуацијата, а имаш пиштол во раката и мораш да убиеш некого. Кого би убила?“

Мисловен експеримент 3:
„Те киднапираат и пред тебе изнесуваат човек и колибри. Ти викаат, за да те пуштиме тебе и уште еден од овие двајца пред тебе, мораш да го убиеш другиот лик. Прашањето е: ,Кого би убила?'

Интересни прашања и9 јас би сакал да добијам одговор Question Question

Сега околу тврдењето дека нашата вилица не е создадена за да бидеме месојади јас лично па и во име на човештвото и се заблагодарувам на еволуцијата порадии тоа бидејќи во спротивно ќе се јадевме меѓусебе Laughing

Навистина доколку нашите претци не научилое да го контролираат огнот( а со тоа да го развијат мозокот или поточно со самото готвење т.е печење и варење на храната дел од вилицата постанал вишок па затоа почнал да се смалува а за сметка на тоа мозокот да добие зголемување на маса што било круцијално за нашиот понатамошен развој) биолозите велат дека буквално ќе сме исчезнале бидејќи дотогаш сме имале вили8ца буквално до ушите каде што ни се денес доволно моќна да го кине месото но веројатноста дека нашите природни непријатели ќе не средат била екстремно голема, нешто налик планета на мајмуните Smile

Значи ние скме на врвот на синџирот на исхрана што ме прави лично да се гордеам јас како припадник како индивидуа со себеси но и со останатите од мојот вид и раса но исто така и да се срамам...да се срамам поради грозотиите кои си ги правиме едни на други па на моменти сум посакал да сум амеба но, конечно гледам светлина, да гледам светлина буквално за овде на нашава територија пардон дел од нашава територија да има апсолутна слобода и работам внимателно на тоа, ако успеам ќе биде добро за многумина под претпоставка дека ќе успеам, ако не за неуспехот тука ми е капсулата цијанид за казна, само времето е фактор, ресурсите и пред се вистинските луѓе.
Intrepid
Intrepid

Број на мислења : 6
Registration date : 2012-09-08

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Rastapunk Сре Јан 30, 2013 4:09 pm

Intrepid напиша:

Паа така во нечии глави е имагинарна а во нечии не но друго е тукла во прашање поточно

Не е имагинарно тоа што е факт. А факт е дека луѓето ги поробуваат животните со тоа што имаат авторитет врз нивните животни. На тој начин креираат не имагинарна, туку фактичка пирамида!

Intrepid напиша:

поодамна е факт, докажано пред 40 години со експерименти врз бактерии а пред 10 години со инсекти, маестрално но и макотрпно е да чекаш цели 40 години се додека....не бидеш меѓу првите сведоци на креацијата на нов вид на инсект.

Така, така... И меѓу другото, зарати тоа сум приврзаник на таа идеја.
Меѓутоа, во науката сите работи се земаат за теорија. Тоа е методологијата на науките. Зошто? Бидејќи дури и експериментално и теоретски докажаните работи можат да се покажат како погрешни, или нецелосни. На пример, Њутновата механика е докажана и теоретски и експериментално, ама важи само во одредени услови. Што значи, ако се земат други работи предвид веднаш таа не важи, туку важат релативистичката и квантната механика. Сега, во иднина може ќе се покаже дека и тие не се толку општи колку што делуваат. И тоа е тој пристап на теории

Intrepid напиша:

Незнам зошто мислиш поробил кога ние буквално спасуваме одредени видови со интервенции кои чинат тешки милијарди на долг рок, не мислам дека не сме поробиле животни напротив колку толку се трудиме дса го зачуваме природниот баланс, многу јасно е дека некој ќе рече дека па и сме придонеле за исчезнувањето на некои директно или индиректно, намерно или ненамерно и нема да греши бидејќи тоа е факт исто како што е факт и дека мнживотни ги припитомивме(ако на тоа си мислел поробување тогаш е друго но јас не наоѓам тука поробување).

Е убаво што ја стави заградата, пошто поимот поробување не се однесува на тоа. А да збориме дали животните и видовите кои ги спасуваме би преживеале, или би исчезнеле кога не би постоел односот појак - послаб и без постоење на природна селекција е чиста шпекулација без никаква основа. Што објаснува како не можеме да одредиме дали кога ние не би постоеле, а во исто време и не би постоеле предатори и жртви, додека сè би било во идеална хармонија би се спасиле тие видови. Но да го скокнеме тоа...

Значи, да поробиш означува авторитет и моќ да одлучуваш за некој од кој имаш корист (директна, или индиректна). За споредба, исто како што постои разлика помеѓу поробувањето на државата врз индивидуата и родителите врз децата, така постои и разлика помеѓу моќта искористена да експлоатираш и уништуваш и моќта да спасуваш. Децата не биле прашани дали сакаат да бидат под контрола на родителите, исто како што не биле прашани и индивидуата во однос на државата, така и животните во однос на човекот. Таа еднострана контрола е всушност поробувањето.

Intrepid напиша:

Сега околу тврдењето дека нашата вилица не е создадена за да бидеме месојади јас лично па и во име на човештвото и се заблагодарувам на еволуцијата порадии тоа бидејќи во спротивно ќе се јадевме меѓусебе Laughing

Навистина доколку нашите претци не научилое да го контролираат огнот( а со тоа да го развијат мозокот или поточно со самото готвење т.е печење и варење на храната дел од вилицата постанал вишок па затоа почнал да се смалува а за сметка на тоа мозокот да добие зголемување на маса што било круцијално за нашиот понатамошен развој) биолозите велат дека буквално ќе сме исчезнале бидејќи дотогаш сме имале вили8ца буквално до ушите каде што ни се денес доволно моќна да го кине месото но веројатноста дека нашите природни непријатели ќе не средат била екстремно голема, нешто налик планета на мајмуните Smile

Значи ние скме на врвот на синџирот на исхрана што ме прави лично да се гордеам јас како припадник како индивидуа со себеси но и со останатите од мојот вид и раса но исто така и да се срамам...да се срамам поради грозотиите кои си ги правиме едни на други па на моменти сум посакал да сум амеба но, конечно гледам светлина, да гледам светлина буквално за овде на нашава територија пардон дел од нашава територија да има апсолутна слобода и работам внимателно на тоа, ако успеам ќе биде добро за многумина под претпоставка дека ќе успеам, ако не за неуспехот тука ми е капсулата цијанид за казна, само времето е фактор, ресурсите и пред се вистинските луѓе.

Тоа тврдење со вилицата е факат продукт на еволуцијата. Но јас лично мислам дека веганството е достигнување на одредена еволутивна фаза во која животните ќе биде беспредметно да се убиваат. Многу извори кажуваат дека потребните состојки во веганската храна се многу подиференцирани отколку во месото. Со други зборови, за да внесеш амино-киселини од месото ќе мораш да внесеш и еден куп масти, додека преку веганска искрана внесуваш исклучиво амино-киселини (тоа што ти било потребно). А рачунајте дека развојот на веганската кујна (а и целата наука која стои позади тоа) е во прогрес и постојано ќе се откриваат нови работи.

Но, и историски гледано, има фаци кои кажуваат дека долг период пред големите преселби човекот веќе ја достигнал таа фаза и веќе почнал да го напушта концептот на сештојад(омнивор), и станувал чисто фрутивор (не знам како е на македонски ова - овошјојад ваљда), но дека токму поради преселбите морал да се адаптира на нови средини во кои единствено НЗС јадење на кое му ги знае точните состојки било токму месото. Ама ова е исто така само шпекулација.

Секс Објект напиша:

Ако одиме по таа логика дека човекот е над животните затоа што е поинтелигентен, тогаш, според ова, ја поддржуваш теоријата на некои луѓе дека не можат да бидат сите еднакви, затоа што некој повеќе го употребува мозокот, а некој помалку, па според тоа поинтеигентните треба да бидат супериорни?

Секако дека днк-та која ја носиме, како и околината во која се развиваме нè прават различни, а со тоа и создава различни стадиуми на интелегенција, а како продукт на тоа и природен авторитет. Но тоа не го нарушува концептот на еднаквост. Концептот на еднаквост не е само продукт на алтруизмот! Концептот на еднаквост е и чисто економска и политичка категорија. Алтруизмот постои и во системи кои се најавторитарни и најмногу против еднаквоста. Значи, концептот на еднаквоста е всушност продукт на договор воспоставен во општеството.

Друга голема разлика помеѓу оние односи кои се развиваат меѓу луѓето и односот човек-животно е што човековата интелегенција, без разлика дали е од различен стадиум, е сигурно од ист вид, а интелегенцијата која што ја имаме ние и животните е токму тоа - од различен вид!
Во таквата ситуација, може јасно да се види супериорноста на човековиот интелект наспроти животинскиот (иако постојат одредени квалитети кои ги имаат и животните - меѓу другото и таа е онаа корист која човекот ја има од нив). Таа сличност во човековиот интелект, како и неговата општа комплексност всушност ја создава човековата историска потреба од поделба на труд, каде што јасно се покажува дека човек кој што го „бива“ за музика не мора да го „бива“ за биологија. Тука не постои веќе јасна дистинкција кој е паметниот. Дали паметниот во музиката, или паметниот во биологијата.
Друго, ради истата комплексност и сличност на човековиот ум се јавува и уште еден феномен. А тоа е феноменот на неодреденост. Што значи, човек кој што според сите критериуми е рангиран на пониско ниво од некој друг човек дури и во иста област може да дојде до откритие до кое не стигнал „попаметниот“, бидејќи, да речеме, токму таквата материјалистичка поставеност и развој на насатаните биле потребни за откривање на таа-и-таа ствар. Од целата комплексност на стварта и неможноста јасно да се дефинира степенот на интелегенција како главен фактор во општеството следува неможноста да се контрира неоспорноста на еднаквоста. Тука играат улога и штетните одлики на моќта како концепт, ама за тоа друг пат.

Секс Објект напиша:

Јас лично сметам дека секоја креација на природата е дел од целото, секоја единка е еднаква на се’ останато.

Филозофски земено, да. Но филозофски единката не се распаѓа кога ти ќе ѝ ја смениш формата, туку само преминува во друг вид. Односно... Кога јас ќе го изедам животното - тоа само ја губи формата, дел од него се претвора во потенцијална енергија која ја користам, дел во непотребен измет кој потоа преоѓа во друга форма - и тако даље. Значи, таа единка и понатаму продолжува да биде дел од целото и продолжува да биде еднаква на сè останато. Што значи дека оваа констатација не е контра идејата за надмоќта.

Секс Објект напиша:

Искрено, не сакам да бидам во позиција да бирам помеѓу човек и животно. Секој живот е скапоцен (Освен оние кои не го заслужуваат Very Happy). Веројатно ќе го убијам оној кој прв ќе нападне. За останатото ако продолжам да зборувам, ќе отидеме многу оф топик. Smile

Никој не сака да убива без причина, а со тоа не сака да биде во позиција да треба да одбере кого да убие. Но ти викам што би било кога не би имала избор.

Би го убила оној што прв ќе нападне? Па не знам дали во секоја ситуација така би изреагирал барем јас лично. Дури и да знам дека девојка ми е баш asshole спрема животни и ова животно ѝ враќа најверојатно би ја спасил со тоа што би го убил животното, место нејзе. Али ај да речеме дека ти имаш толку добар систем изградено да ја надминеш љубовта и сексуалната привлечности во тој момент стварно имаш способност да си го убиеш дечкото.

Тогаш, да претпоставиме дека немаш појма кој прв нападнал... Гледаш како животно и човек се борат и јасно ти е дека еден ќе умре. Ама стварно немаш појма кој прв нападнал, а немаш време да размислуваш, а камо ли да ги прашаш. Тогаш како би реагирала? Кого би убила?
Rastapunk
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 32
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Вратете се на почетокот Go down

GO VEGAN!!! - Page 2 Empty Re: GO VEGAN!!!

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот