Синдикализам и анархизам


Петар Кропоткин

Луѓето од сите краеви секогаш не прашуваат што е синдикализам и каков е неговиот однос кон анархизмот. Овде ќе дадеме се од себе да одговориме на тие прашања.


Синдикализам е само ново име за старата тактика која работниците од Велика Британија успешно ја применувале долго време, тактиката на директна акција и борбата против капиталот во економската сфера. Oваа тактика всушност била нивното омилено оружје. Бидејќи немале некое право на глас, британските работници и работнички во првата половина на 19ти век, користејќи го само ова оружје извојувале значајни економски добивки и формирале силна синдикална организација, па дури и ја присилиле владеачката класа законски да ги признае нивните барања(вклучувајќи го и правото на глас).


Така, директната акција, извојувајќи економски добивки и изборувајќи се за за политички отстапки се покажала како значајно оружје во економската сфера.


Во Британија впечатокот од оваа идеа бил толку силен , што во текот на 1830та и 1831ва Роберт Овен се обидел да основа еден голем национален(на државно ниво) синдикат и интернационална работничка организација, која користејќи се со директна акција ке се бори против капиталот. Стравот од прогонување од страна на Британската влада го присилило да отстапи од таа идеја.


Потоа следело Чартистичкото движење, кое користело моќни широко распространети и делумно тајни работнички организации да би извојувало значајни политички отстапки. Во тој момент , британските работници  ја научиле првата политичка лекција,научиле дека колку и да ја поткрепувале политичката кампања со сите средства кои им се на располагање, таква политичка агитација не би им извојувала никакви економски предности освен оние за кои сами се избориле кај своите работодавачи и законодавачи преку штрајкови и бунтови. Сфатиле дека е безсмислено да очекуваат преку парламентот да дојде дојде до подобрување на нивната состојба.


Француските работници дошле до истиот заклучок, револуцијата во 1848 која ја разнишала француската република , ги убедила во безплодноста од политичката агитација дури и од политичките победи. Единствени фундаментални промени на работниците биле извојувани откако владеачката класа била присилена да ги признае по директните акции. Револуцијата ги научила французите уште нешто. Увиделе колку се беспомошни нивните интелектуални лидери кога се работело за откривање на нови начини на производство кој би им го обезбедил на работниците нивниот удел и би ја прекинале експлоатацијата од страна на капиталот. Тие ја виделе оваа безпомошност , како во луксембуршката комисија, така и во специјалната комора која е избрана 1849 да го разреши тоа прашање и во кои седеле повеќе од  100 претставници на социјал-демократската опција. Од ова виделе дека работниците и работничките мораат сами да ги разработат главните текови  на социјалната револуција, тековите кои мораат да следат ако сакаат да бидат успешни.


Користење на директна акција од страна на работникот против капиталот  и потребата да работниците сами за себе разработат форма на економска организација која би ја елиминирала капиталистичката експлоатација се двете главни  лекции кои работништвото ги научило, посебно во овие две земји (Велика Британија и Франција) со најразвиена индустрија.
Кога потоа во периодот од 1864та до 1866та била остварена старата идеја на Роберт Овен и била формирана интернационална работничка организација, оваа нова организација ги усвоила двата горенаведени базични принципи. Меѓународното здружение на работници, формирано од страна на претставници на британскиот синдикат и француските работници( во главно следбеници на Прудон), прокламирало дека еманципацијата на работниците мора да биде дело на самите работници и дека против капиталистите треба да се борат со меѓусебно поддржани масовни штрајкови.


Покрај тоа, меѓународните работнички конгреси повеќе не се занимавале со безсмислени дискусии со кои владетелите ги забавувале своите нации во парламентите. Тие расправале фундаментални прашања за револуционерна обнова на друштвата и ја покренале идеата која се покажала плодоносна, идеата за генерален штрајк. Што се однесува до политичките форми кои друштвото треба да ги земе во тек на револуцијата , федерациите од  латинска  Америка отворено се спротивставиле на идеата за централизирана држава. Тие јасно и гласно се изјасниле во корист на организирање кое е базирано на федерации на слободни заедници и земјоделски региони, кои на тој начин би се ослободиле од  капиталистичката експлоатација и врз таа основа на федерално уредување би се ослободиле од експлоатација од страна на поголемите територијални и национални единици.


Двата основни принципа на модерниот синдикализам, принципот на директна акција и внимателното разработување нови форми на социјалниот живот , имаат своја основа во синдикалните федерации, од почетокот двата биле главни принципи во МЗР(меѓународното здружение на работници).


Дури и тогаш, меѓутоа, внатре во здружението се јавиле две различни струи што се однесува на односот кон политичките активности, струи кои ги поделиле работниците на различни нации, Латини и Германи.
Французите во Интернационалата биле воглавно следбеници на Прудон, чија главна идеа била следната, да се укине постоечкиот апарат на буржоаска држава и да се замени со сопствени работнички синдикални организации кои ќе регулираат и организираат се што е од значење за друштвото. Работниците се тие кои мораат да организираат производство на животни добра, праведна и непристрасна размена на сите производи од човековата работа, дистрибуција и потрошувачка. И ако тие го направат тоа, многу малку останува на државата. Производство на се што е потребно и праведна распределба и потрошувачка на производите се проблеми кои само работниците можат да ги решат. И ако тие го можат тоа, што и преостанува на сегашната влада и нејзината хиерархија од чиновници? Ништо, што работниците не можат сами да си го организираат.


Но, меѓу француските основачи на Интернационалата имало такви кои се бореле за Република и за Комуна. Тие инсистирале на тоа,политичката делатност да не биде игнорирана, и дека не е небитно за пролетеријатот дали живее под монархија, република или комуна. Тие знаеле од сопствено искуство дека триумф на конзервативците или империјалистите значи репресија во сите насоки и огромно слабеење  на моќта на работниците во борба против агресивната политика на капиталистите. Не биле рамнодушни кон политиката но одбивале да бараат во изборните агитации или изборните успеси инструмент за ослободување на работничката класа. Следствено на тоа, француските, шпанските и италијанските работници се сложиле да ги внесат следниве зборови во статутот на интернационалата, Секоја политичка активност е инфериорна во однос на економската.


Меѓу британските работници имало извесен број Чартисти кои ја поддржувале политичката борба. А германците за разлика од французите верувале во доаѓање на парламентот на Германскиот Рајх. Така  што, ни Британците ни Германците не сакале да ја оттргнат парламентарна акција во која сеуште верувале, и во гераманската и во англиската верзија на истиот статут е внесено, Како средство, секоја политичка активност мора да следи од економска.


Така воскреснала старата вера во буржпаскиот парламент.
Кога Германија триумфирала над Франција во војната 1871ва, а тиесет и пет илјади пролетери, најдобриот дел од француската работничка класа биле убиени од страна на буржоаската војска по падот на Комуната, и кога работата на меѓународното здружение на работници било забрането во Франција, Маркс, Енгелс и нивните поддржувачи се обиделе повторно да воведат политичка активност во Интернационалата, во вид на работници-кандидати(на избори). Резултат на тоа е поделба во Интернационалата, која до тогаш влевала толку многу надеж меѓу пролетеријатот и предизвикувала страв кај богаташите.


Федерациите на латинските земји, Италија, Шпанија, источна Белгија и мала група бегалци од Франција го отфрлиле новиот курс. Формирале свои одвоени синдикати, и одтаму се повеќе се развивале во правец  на револуционерниор синдикализам и анархизам, додека во Германија превземала водство социјал-демократската партија, пришто Бизмарк вовел универзално право на глас после воената победа на новоформираниот Германски Рајх.


Четириесет години поминаа од оваа поделба во интернационалата и можеме да ги процениме резултатите. Подоцна детално ке ги анализираме, но сега можеме да укажеме на целосен неуспех на оние кои положувале надежи во она што го нарекуваа освојување со политичка моќ во границите на постоечката буржоаска држава.


Наместо освојување на оваа држава како што верувале, биле всушност освоени од неа. Тие биле орудие кое помагало да се одржи власта на високата и средната класа над работниците. Биле лојален алат на црквата, државата, капиталот и монополистичката економија.
Но низ Европа и Америка, гледаме ново движење меѓу масата, нова сила во работничкото движење кое се движи по принципите на Интернационалата, принципите на директна акција и директна борба на работниците против капиталот. Работниците сфаќаат дека мораат сами себе да се ослободат-парламентот не може да ги ослободи.


Очигледно, тоа сеуште не е анархизам. Одиме понатаму. Остануваме на идеата дека работниците ке постигнат слобода кога ке се ослободат од заблудата на централизмот и хиерархијата, и лагите на државните бирократи кои го чуваат законот и редот-закон  создаден од страна на богатите против сиромашните и ред кој знаци подреденост на сиромашните под богатите. Додека тоа не се одфрли, не може да се постигне ослободување на работничката класа.


Но во тек на овие четириесет години анархистите и анархистките се бореле против замајувањата  на работниците со бесплодни изборни кампањи, и тоа заедно со оние работници кои ја земале слободата во свои раце применувајќи директна акција како средство за конечна борба на експлоатираната работа против триумфирачкиот капитал. Постојано анархистите и анархистките работеле на тоа да кај работниот народ пробудат желба за градење стратегии  за завземања на пристаништа, железници, рудници, фабрики, полиња, од страна на синдикатите. Се со цел да со нив не се раководи во интерес на неколку капиталисти, туку за целото друштво.


Покажано е дека во Британија 1820-1830 и во Франција после неуспехот на политичката револуција 1848, напорите на голем дел од работничката класа биле насочени кон борбата против капиталот, при што се служеле со средствата директна акција и создавање работнички организации неопходни за тоа. 


Покажано е дека меѓу 1866 и 1870 во рамките на ново формираното меѓународно здружение на работници, таа идеа била најважна. Но,исто така по поразот на Франција од страна на Германија 1871 и падот на париската комуна, политички елементи  земале предност  во интернационалата за време на колапсот на револуционерните сили и привремено станале одлучувачки фактор во работничкото движење.
Одтогаш двете струи постепено се развивале во правец на сопствените програми. Во сите земји со уставно уредување работничките партии се организирале правеле се во својата моќ, што побрзо, да го зголемат бројот на своите парламентарни претставници. Од почетокот можело да се види дека за пратениците кои бркале гласови економската програма станува помалку важна, на крајот се сведува на тривијално ограничување на правата на работодавците, давајќи му со тоа на капиталистичкиот систем нова сила и помагајќи му да го продолжи стариот поредок.  Во исто време, оние политичари социјалисти кои се натпреварувале со претставниците од буржоаскиот радикализам за придобивање работнички гласови,всушност помогнале, дури и против своја намера, да се олесни патот за победа низ Европа.


Нивната целокупна идеологија, идеите и идеалите кои ги сиреле меѓу масата, биле фокусирани на една цел. Тие биле убедени поддржувачи на државниот централизам, противници на локалните автономии и независности на малите народи.


Тие истуриле ладна вода на надежта на народот додека му проповедале во име на историскиот материјализам, дека нема да дојде до суштински промени на социјализмот ако бројот на капиталисти не се намали за време на нивното меѓусебно натпреварување. Надвор од  нивниот хоризонт е фактот, очигледен во сите индустријализирани земји, да британските, француските, белгиските и други капиталисти со леснотија ги експлоатираат земјите кои немаат развиена индустрија, а со тоа и денес ја контролираат работната сила на стотина милиони луѓе во источна Европа, Азија, Африка. Резултатот е дека голем број луѓе во водечките индустриски земји кои живеат од туѓа работа воопшто не опаѓа постепено. Далеку од тоа. Всушност, нивниот број расте константно и со алармантна брзина. Конечно, оние кои зборуваат најгласно во прилог на политичката борба за освојување на моќта во постоечката држава најжестоко се спротивставуваат на се што може да ја загрози нивната шанса.


Секој кој се осмелил да ја критикува нивната парламентарна тактика бил исклучен од меѓународните социјалистички конгреси. Не ги одобрувале штрајковите и подоцна кога идеата за генерален штрајк продрела дури и во  нивните конгреси тие се бореле против таа идеа со сите средства кои ги мале на располагање.


Такви тактики следеле цели четириесет години но дури денес стана јасно дека на работниците низ Европа им е доста од се. Со гадење многу работници ги отфрлиле. Тоа е причина што денес толку многу се зборува за синдикализмот.


Меѓутоа во текот на овие  четириесет години растеле и се развиле и оние струи кои заговаарале директни борби на работничката класа против капиталот. Се развиле наспроти прогоните од владата и осудувањата од страна капиталистичките политичари. Би било интересно да се направи нацрт на постепениот развој на оваа струја  и да се анализираат нејзините интелектуални како и лични врски со социјал- демократските партии на едната страна и со анархистите на друга. Но сега не е време за објавување една таква анализа, и на основа на сите наведени работи, подобро е за тоа сеуште да не се споменеше. Вниманието ке биде насочено на личности, таму каде тие влијаат на главните струи на модерните мисли и на порастот на самодоверба меѓу работниците во Америка и Европа, самодовербата која е стекната независно од интелектуалните лидери а кон што мора да се насочи особено внимание ако сакаме да напишеме вистинска историја на синдикализмот.


Се што сега мораме да кажеме во врска со ова е факт дека масата работници, целосно независно од учењето на социјалистите, се собрале заедно во главните индустриски центри, за да ја задржат традицијата на синдикалните организации од минатото, организирајќи се и отворено и тајно, во меѓувреме зголемувајќи си ја силата, а се со цел да се спречи растечката експлоатација и ароганцијата на газдите.


Во тек на последните четириесет години, политичките лидери во различни земји користеле најразлични можни средства да се обидат да го спречат натамошното јакнење на работничкиот револт и се поајасно истражуавање на работничките цели. Но, секаде каде што имаме контакти со работничката класа се повеќе и повеќе слушаме дека преовладува мислење кое може да се сумира на следниов начин, Одете си господа индустријалци! Ако не можете да управувате со индустријата на начин да би можеле да преживееме и обезбедиме сигурна егзистенција,тогаш исчезнете! Исчезнете ако сте кратковиди и неспособни да се договорите еден со друг околу секој нов циклус на производство кој нас ни ветува најголем моментален профит, и морате да се напаѓате како стадо овци, без обзир на штетноста и безкорисноста на таквите напади. Исчезнете, ако не сте способни да правите свое богатство без бескрајни војни,и расипување на третина од добрата кои секоја нација ги произведува, на оружје кое е корисно само за ограбување на останатите крадци. Исчезнете ако е тоа единствениот начин на кој можете да водите индустрија и трговија.Работниците ке знаат подобро како да си го организираат производството, само ако најпрво успееме да ја искорениме оваа капиталистичка чума.


Тоа биле идеи околу кои се расправало во работничките домакинства низ целиот цивилизиран свет, тие биле погодно тло за огромни работнички револти на кои сме сведоци од година во година низ Европа и Америка. Револтите во вид на штрајкови на работници на праистаништа, штрајкови на железничари, рудари, додека конечно не земат облик  на генерален штрајк- наскоро прераснувајќи во огромна борба, споредлива само со моќните циклуси на природата, спрема кои малите битки во парламентите изгледаат како детска игра.


Додека Германците славеле се поголеми изборни успеси со црвени знамиња и запалени факели, искусниот народ од Запад сакал мирно да разработи една многу сериозна задача,задачата за меѓународна работничка организација.


Идеите со кои се занимавале овие последниве биле доста сериозни, Кој ке биде резултатот од неизбежниот светски конфликт меѓу капиталистите и работниците? Какви нови форми на индустриски и социјален живот ке продолжи по овие конфликти?
Тоа е вистинското потекло на синдикалистичкото движење, кое денешните неинформирани политичари ке го откријат како нешто сосема ново.


За нас, анархистите, тоа движење не е ништо ново. Ние го поздравуваме признанието на синдикалистичките трендови во програмата на Меѓународното здружение на работници. Ние ги браниме, кога ги напаѓаат Германските политички револуционери во Интернационалата кои во тоа движење гледаат само препрека за освојување на политичката моќ. Ние го советуваме работништвото од сите нации да го следат примерот на Шпанците кои ја држеа својата синдикална организација во близок контакт со Интернационалата. Од тие времиња ги пратевме сите фази на работничкото движењесо голем интерес и знаеме дека како и да изгледаат идните несогласувања меѓу работниците и капиталот, на синдикалното движење е да го насочи вниманието на друштвото кон поставените задачи од страна на произведувачите на своето богатство. Тоа е единственото движење кое ке им покаже на луѓето излез од слепата улица во која постоечкиот развој на капитализмот ја довел нашата генерација.


Не е потребно да се напомене дека анархистите и анархистките никогас не замислувале дека тие им  го покажале движењето за реорганизација на друштвата. Анархистите никогаш бессмислено не тврделе дека се лидери на големите интелектуални движења кои го водат чобештвото во правец на прогресивна револуција.


Но, она што тврдиме е дека од самиот почеток ја препознавме огромната важност на оние идеи кои денес ги сочинуваат главните цели на синдикализмот, идеи кои во Британија биле развиени од Годвин, Хоџкин, Греј и нивните наследници а во Франција од страна на Прудон, идеата дека работничкото организирање на производство, дистрибуција и размена мора да го превземе местото на постоечаката експлоатација од страна на капиталистите и државата. И тоа е должност и задача на работничките организации, да разработат нов облик на друштвото.
Ниедна од овие две фундаментални идеи  не е наш изум, ниту пак изум на некој друг. Самиот живот им го диктирал тоа на цивилизациите во 19ти век. Сега наша задача е да ги оствариме. Но се гордееме што ги разбравме и браневме во оние мрачни времиња кога социјал демократските политичари и псевдо-филозофи ги изгазија, и се гордееме што сме им верни, денес како и некогаш.