НАЗАД

Кои се анархистите?

Анархистите се групи и поединци кои се залагаат за индивидуална и колективна, политичка и економска слобода на индивидуите и колективите во рамки на бескласно и бездржавно општество. Тие не се следбеници на идеологии, догми, организирани религии и сувопарни теории на кои им недостасува примена и кои водат кон отуѓување на поединците и масите од реалните околности и случувања.

Противниците на остварувањето на овие идеи се, во најголема мерка, државата и капитализмот, чив сојуз веќе илјадници години овозможува експлоатација на малцинството (буржоазијата, која не произведува, но ги држи во свои раце средствата за производство) врз мнозинството (пролетеријатот, кој не може да ги користи продуктите кои впрочем самата ги произведува и истите е приморана да ги купува од сопственикот на средствата за производство). Рушењето на овој неправеден поредок преку револуција и воспоставување на слободно организирано општество без државна и приватна сопственост е целта на анархистите, кои за разлика од болшевиците сметаат дека работниците треба сами да се организираат, и државата ја сметаат за еднакво зло како капитализмот. Тие се залагаат за неавторитарно , егалитаристичко општество изградено одоздола нагоре преку комуни, федерации и конфедерации на слободните работници и селани.

Анархистите сметаат дека теоријата и праксата се неразделна целина и дека не можат да функционираат една без друга. Затоа повеќето од нив се борат за помала зависност од државата и капилизмот пренесувајќи повеќе одговорност на поединците и независното општество и на тој начин го кратат екслоататорскиот домет на сопствениците на средствата за производство. Без примена на она за што се залагаат можат лесно да застранат поради тоа што непријателската пропаганда е толку масовна што нејзиното потполно избегнување е практично невозможно. Од друга стана, на активен начин тие се борат за ослабувањето на државните апарати и механизми со крајна цел за нивно потполно уништување. Таа борба трае и во војна и во мир, без оглед на околностите кои никогаш не се оправдување за било каков застој, и ќе продолжи да расте во сила и масовност се до извојувањето на конечната победа на угнетените врз привилегираното малцинство кое ги експлоатира.