ФОРУМ

Што е безвластие?



Хиполит Хавел 1932

Вовед


Секое големо движење во историјата тежнеело да го крене ползачот на дното и да го постави на нозе. И секое од овие движења било предводено од екстремисти. Сите големи имиња во историјата се имиња на екстремисти. Тие храбри зачетници чии што патеки минуваа низ непознати шуми, мораа во нив да се соочуваат со огромни опасноти кои ги носеше дивата природа, дивите животни и уште подивите луѓе. Јунаците кои први ги кренаа своите гласови во име на верските слободи минуваа низ немилосрдни долгогодишни прогонства. Беа ловени и убивани од државите после долготрајни измачувања. Но, тркалото полека свртува полн круг, и довчерашниот злосторник станува денешен јунак-маченик, и верниците чекорат со милји до неговиот споменик каде му одаваат почит. Оние што се всудија да негодуваат против политичкото ропство мораа да се соочат со бранови од клевети и лаги. Денес местата кои беа сведоци на нивното понижување се украсени со заштитени споменици во нивна чест, и нивните имиња блескаат со додаден сјај, купен од нивното задоцнето признавање.

Но сепак најголемата, најжестока и најгрчелива борба на сите времиња се бие сега. Борбата за стопанствена слобода се има водено во секоја земја, народ и раса. Во споредба со оваа, битките од минатото се смешни игри на деца кои маршираат со своите дрвени војничиња на подот на некоја градинка. Ниедно страдање не било толку страшно, ниедна безмилосност толку груба, ниедно измачување толку жестоко за да си го најде местото во ова време. Се започна кога еден роб го крена својот глас негодувајќи поради рѓосаниот ланец со кој беше окован. Неколку векови подоцна крикот на овие несогласувања се задржа во етерот на времето како театарски хор со какофоничен џез оркестар што ја пореметува едногласноста на светскиот напредок.

На работничката класа не и треба лидерство во онаа мерка во која и е потребно другарството. Светот до сега имаше доволно лидери. Херојот и лидерот, како и учителот и пророкот еден ден ќе тргнат по патот на кралот, баронот и капиталистот. Споре последните анализи е утврдено дека на народот му требаат другари и сопатници; му треба здруженост и заедничка соработка со цел достигнување на општествена благосостојба.

Што е анархизам?


Стравот од комунизмот го обзема светот. Не само европските, туку и американските и азијските сили влегоа во света алијанса против него и – ох, колку е само сурова иронијата на историјата – довчерашните следбеници на Маркс и Енгелс, социјалистите на сите земји се придружуваат кон светиот антикомунистички пакт. „Каде е тој комунизам„? лелекаат тие во очај, и живеејќи го тој страв во себе си повторуваат mea culpa, mea maxima culpa.

Но што е тој ужасен страв од комунизмот? Дали е комунизмот вид на општество воспоставено и раководено од самиот народ или само еден нов вид на власт врз нив? Дали е тоа народен комунизам кога една политичка партија ја презема државната власт и издава пакет закони кои другите мораат да ги почитуваат? Дали е тоа барем „транзиционата фаза„ што ја проповедаа Енгелс и Ленин?

Државниот капитализам-транзиционата фаза од приватниот капитализам-се одвива сега во сите земји. Но дали овој транзиционен период ќе не доведе до комунистичко општество? Напротив, сведоци сме на постепената еволуција на државата, во која семоќната политичка бирократија го контролира животот на производителите, ги контролираат средствата на производство и производите наменети за потрошувачка.

Болшевичкиот државен комунизам е последниот вид на измама над работниците.. Анархистичкиот комунизам е противотров и заштита против бирократското државно ропство и единствената теорија на слободно општество што ја признава желбата на секој поединец да ги задоволи сите свои физички, морални и интелектуални потреби.

Анархизмот не е лицемерна схема. Не може да манипулира со луѓето за разлика од политичките партии кои се преправаат дека се спасителите на работничката класа, ветувајќи дека ќе направат чуда само за да ја стекнат нивната подршка. Анархистите имаат далеку потешка мисија во која мораат да ги убедат работниците дека ниту една политичка партија не може да стори ништо за нив, и дека единствената надеж лежи во нивната сопствена свест и енергија.

Анархизмот може кратко да биде опишан како негација на секој вид на власт и авторитет на човек врз човек; комунизам кој ги признава тежнеењата на индивидуите да ги задоволат своите физички, морални и интелектуални потреби. Затоа анархисите им пружаат отпор на сите можни форми на принуда и авторитет, ја отфрлаат самата помисла на тоа да бидат над било кого бидејќи знаат дека тој погрешен однос е изворот на речиси сета беда, насилство и крвопролевање во светот.

Тој потполно разбира дека за да ги задоволи своите потреби без да придонесува преку своите најразвиени способности, без споделувањето на плодовите на трудот во корист на општото добро е ништо повеќе од живеење на сметка на другите-на тој начин би бил експлоататор како и денешните богаташи. Очигледно тогаш, власта од една страна и приватните сопствеништва на средствата за производство од другата страна би го исполниле маѓепсаниот круг – денешниот општествен поредок кој го задржува човештвото заробено.

Нема потреба да се оправдуваат нападите на анархистите врз сите форми на власт бидејќи најдобриот учител, историјата, го оправдува тоа на секоја испишана страница. Но таа лекција упорно се сокрива од народот од страна на адвокатите на „редот и законот„ , па дури и од социјалдемократите и болшевиците. Анархисите, дешифрирајќи ги вистинските значења на овие лаги на кои е заснована државата ги охрабрубаат работниците да го ограничат своето дејствие и посветеност на економско поле.

Она што следува е дека овој пристап е политички и економски гледано чисто револуционерен, но сепак се создава погрешната проценка дека анархизмот, кој застанува цврсто пред секоја форма на социјална неправдина, заправо е конструиран од печатот и јавните оратори.

Право кажано, анархизмот не е апстрактна теорија за идеално општество. На животот и општествените врски гледа без илузии. Ставајќи точка на суеверието, предрасудите и лажните чувства се обидува да ги гледа работите онакви какви што се; без да гради замоци во облаци со едноставна корелација на засновани факти дека најголемите можности на потполн и слободен живот можат да бидат реалност за сите, тогаш кога ѕидот на сите наши општествени нееднаквости-државата-ќе биде уништена и кога ќе биде прогласена колективната сопственост.

Современите аналитичари често говорат за атомизацијата на државата во Средниот век. Таа всушност не беше атомска. Вистината е дека Средниот век беше атомизиран во годините после него. Kарактеристичен факт за европските општества помеѓу петнаесетиот и деветнаесетиот век беше дека корпорациите беа напуштени од страна на најенергичните нивни членови. Од ова топење на корпоративниот живот се роди модерната унитарна држава, како историска привремена неопходност; не како категорија на социјален живот. Но ако државата не е категорија, ако е чисто историјска институција предизвикана од моментална потреба, во опасност е да ја снема од историјата заедно со потребата од која настанала. Всушност, таа се појави во умовите на мислителите за во иднина да се оствари во реалноста.

Кога војната избувна во 1914 година институцијата наречена држава беше на чекор од снемување кај луѓето во Западна Европа. Мислителите престанаа да веруваат во нејзината неопходност. Таа беше бранета само од страна на политичарите; но ниеден од нив не уживаше во удобноста на своите претходници. Тоа не беше нивна вина. Тие можеби лично беа умни и добри како и поранешните државници. Но ние ги викавме политичари а не државници, бидејќи повеќе не верувавме во државата.

Но што е сега идејата на државата, дали е тоа идеја на организирано општество во кое индивидуата треба да биде уништена? Теоретски таа подразбира потчинување на индивидуата кон сите потреби; поточно потчинување кон колективен, политички, воен и економски егоизам кој тежнее да задоволи некои колективни цели и амбиции обликувани и наметнати врз големи маси на индивидуи од страна на помала или поголема група на владеачи кои наводно се претставници на општеството. Не е важно дали овие и припаѓаат на владеачка класа или потекнуваат, како во модерните држави, од масите, делумно благодарение на карактерот, но повеќе благодарение на околностите; повеќе наметнати со хипноза на усно убедување отколку со отворена и вистинска сила. Во секој случај не постои гаранција дека владеачката класа или владеачкото тело ги претставуваат најдобрите умови на нацијата или нејзините најблагородни и највисоки инстинкти.

Ништо од тој вид не може да биде потврдено за ниеден политичар во светот; тој не ја претставува душата на народот ниту пак неговите аспирации; она што го претставува е просечно незнаење, себичност, егоизам, самозалажување во врска со себе си и оние кои ги претставува како и голем маса на ментална некомпетентност и морална прифатеност, засраменост и вообразеност. Тој секогаш одлучува за големите работи но тој никогаш не се справува со нив во голем стил; на неговите усни стојат големи зборови и благородни идеји, но тие се само дел од една шарада. Болеста и лажноста на модерниот политички живот е присутна во секоја држава на светот и само хипнотичната согласност на човекот води кон сето она што е формално и го сочинува неговиот живот, и ја сокрива и продолжува болеста. И вакви луѓе одлучуваат за доброто на сите, на такви раце сме поверени, на една ваква институција наречена држава поединецот и се посветува се повеќе за да и ги предаде своите плодови.

* * *


Дури и да беше владеачкиот инструмент подобар и со повисок морален карактер, сепак државата нема да биде она што идејата эа една држава го предвидува. Teоретски, колективната мудрост и сила на эаедницата како одредена машинерија на државната органиэација ќе дојде до иэраэ кога ја користи машината, но исто така ќe биде фатeнa и сопрена не само од нејэина страна, нo и поради голема беэгрижност и себична слабост што доаѓа во истиот бран. Работите ќе беа многу полоши доколку не имаше поле оставено эа помалку присилени индивидуални напори кои го прават она што државата не го може, користејќи искреност, енергија, идеалиэам, најдобрите индивидуалци се обидуваат во она во што државата нема храброст да се обиде, эа да го эавршат она што колективниот конэерватиэам и имбецилноста го оставаат несторено и кон што активно се спротивставуваат и го потиснуваат. Тоа е вистинскиот ефективен фактор эа колективен напредок. Но ние сега тежнееме кон такво раснење на органиэирана државна моќ што толку голема неэадржлива и комплексна државна активност која истата или ќе ја елиминира или пак ќе ја остави мала и донесена во беспомошна состојба. Затоа неопходното подобрување на дефектите, ограничувањата и неефикасноста на државната машина эабрэано го снемува.

Државата не е најумниот дел на нацијата ниту пак е эбир на эдружени регионални сили. Таа не подраэбира доброволна акција, ја потиснува работничката сила и мислењето на эначајните малцинства и тоа често на оние кои се најдобар дел на денешните општества.

Преродбата на општеството, или подобро кажано, соэдавањето на ново општество, е воэможно само преку анархиэам т.е. преку повторно воспоставување на природните врски помеѓу луѓето. Тоа се постигнува преку анархистичкиот комуниэам, кој на сите индивидуалци им гарантира потполна слобода. Секој член на вакво општество е слободен и еднаков меѓу сите, и секој обид да воспостави поинакви стандарди ќе биде напад врэ принципите на слободно општество. Не постои природно право эа поседување на приватна сопственост, ниту пак на авторитарно лидерство; но доколку се случи, тоа неиэбежно би го уништило мирот и општата благосостојба. Историјата на човештвото е докаэ эа ова тврдење.

Да го эемеме анархиэмот како научно учење эа природната врска на човекот. Сфаќајки дека нашето поэнавање на светот не досега подалеку од нашите сетила анархистот ги отфрла сите бесплодни сништа . Сите случувања во универэумот се реэултат на активности кои се материјални по природа. Врэ ова гледиште е баэирана и нашата морална доктрина, која може да биде кратко објаснета на овој начин:

Секое живо суштество се тежнее непречено да ги ужива убавините на живеењето; овој порив е базата на сите негови дела. Секој човек бара да открие со кои средства и начини може да ја достигне највисоката цел на животот.

Преку искуство и следење се доаѓа до заклучок дека поединецот одвоен од општеството произведува приближно колку да ги задоволи основните животни потреби, но дека преку заеднички труд на повеќемина, не само што се задоволуваат темелните потреби, туку се остава простор и за бавење со уметност и наука, со кои животот станува побогат и попријатен, така да тоа го обврзува поединецот да работи за општествената цел, бидејќи неговата добросостојба е осигурана само преку општата благосостојба.

Фактот дека талентот, моќта и предиспозициите на луѓето се различни, води кон заклучок дека учеството на различни работни сили во група или општество мора да биде сосема доброволно, ослободено од надворешен притисок, слободно колку и правото да се користи и без ограничување ужива во плодовите на заедничкиот труд.

Преку искуство и чистото познавање на човечките квалитети, доаѓаме до чврсто убедување дека трајната благостостојба на Општеството може да биде постигната само преку слободни дружини, т.е. преку комунистичко-анархистичко општествено уредување.

Со кои средства можеме да се избориме за вакво општество? Со пропаганда на збор и дело, т.е. преку дистрибуција на анархистичка литература и охрабрување на доволен број на мажи и жени да не земаат учество во сегашнио систем на експлоатација и ропство.

Анархизмот не е само прекрасна филозофија на животот но е и единствена разумна теорија за економски и интелектуално ослободено општество. Оној што се залага за идеал на општество засновано на слободни договори на еднакви луѓе без закон и бирократија не може да е луд теоретичар или безгрижен мислител. Социјалистичките политичари веруваат дека властта и законот се неопходни во животот.

Поэади секој эакон се крие елемент на присила и тоа е факт. Политичарите и бирократите можат да тврдат дека принудата е потребна эа доброто на нераэвиените работници. Тоа эначи дека принудата не е само чист деспотиэам туку дури нешто полошо - поигрување со беспомошните човечки стада. Сите тирани и свештеници ги користат истите аргументи.

Самиот анархиэам ги содржи денешните револуционерни идеали, беэ одложувања и компромиси. Таа не стреми кон диктатура; нема эа цел даја эаэеме власта, ниту пак работничките органиэации. Таа работи на вистинското просветлување на работниците. помагајќи им да ја досегнат таа эреэлост на умот која ќе ги донесе до еманципација.

Со едукација, со слободна органиэација, со индивидуален и колективен отпор кон економската и политичката тиранија, анархистите се надеваат дека ќе успеат да ја достигнат својата цел. Задачата на повеќето можеби им иэгледа невоэможнам, но треба да энаеме дека нашето движение расте во се повеќе эемји. Модерната наука, уметноста и литературата се исполнети со јасни анархистички тенденции.

Некои работи не можат да им бидат препуштени на другите, ниту пак преку претставник. Една од нив е раэмислувањето. Човекот иэмисли Виша сила эа да ја соэдаде потоа судбината-реэултат на тоа беше тагата. Политичката судбина сега почна да ја вмешува Вишата сила во поэадината, во темите, помеѓу граѓаните, така да гласачите се повторно иэмамени.

Човекот треба да ја поврати моќта со која неговото неэнаење иэмисли богови, државници, свештеници и политичари, пред да достигне эрелост и независност. Тоа е предуслов эа анархиэам.
Едуцираниот човек е револтиран од мислата дека мажите и жените се толку лоши по природа што во ред можат да бидат држани единствено преку систем на правила кои реално можат да бидат важечки единствено во некоја психијатријска институција.

Можеме да эамислиме еден раэумен човек што мисли дека има многу лудаци и лихвари, мрэливи богаташи, како во денешниот свет, така да би било неопходно да продолжиме со системот на эакони се додека не се ослободиме од нив или им воведеме некаква социјална дисциплина. Но иэгледа потполно несериоэно дека било кој едуциран човек би верувал дека овие привремени эакони можат да соэдадат почва эа постојани и конечни идеали на животот.

Луѓето се брэи во одбивањето на покорноста кон еден човек, а такви се дури и кога ропството доаѓа во форма на покорност кон эаконот или обичаите или кон власт која не е лична.

Божеството кое во минатото го штитеше кралот, сега ги штити эаконите и ги спроведува. Но, животот детално регулиран со закони и обичаи во суштина може да биде одалечен од слободниот живот онолку колку што е одалечено едно општество регулирано со волјата на малцинството. Ставовите кои често се среќаваат, а велат дека луѓе мора да жртвуваат многу од своите слободи доколку сакаат да живеат заедно не се точни. Точно е дека тие жртвувале, но не е точно дека мора да жртвуваат. Еден човек не може да пешачи низ преполна улица на начинот на кој што би прошетал низ некоја пуста, ниту може да оди низ шума со истата слобода со која би одел преку отворена ливада, а уште потешко може да се рече дека се жртвувал. Неговата слобода ќе биде ограничена во некоја од овие места доколку друг човек пријде кон него и го присили да се врати назад, без разлика дали човекот е приватен граѓанин или јавен службеник, чинот ќе биде тирански без разлика дали службеникот постапил во согласност со волјата на депото или со волјата на народот, или по законот.

Слободата наложува дека доколку човекор прави било што, што не ја эагроэува слободата на другите, никој друг нема право да му се меша во работата.

Нашите филантропски пријатели велат дека, "ако сме целосно убедени дека одреден акт е од лична полза на човекот и со тоа и на општеството, додека некој друг е повеќе неповолен, зарем треба да го присилиме да го стори едниот а да го воздржиме од исполнувањето на другиот?" Не, за нас е повеќе важно да го зачуваме принципот на слободата кој гласи дека секој треба да постапува по своите убедувања.

Тоа, се разбира, просто наведува да кажеме дека слободата долгорочно ќе даде подобри резултати отколку ропството.
Цивилизација и напредок, се зборовите кои многу се среќаваат. Ние се фалиме со нашиот индустриски развој и зборуваме со гордост за надворешниот трговински раст, па дури и за нашите интелектуални достигнувања. Со презир укажуваме на "заостанатите" нации, а го поздравуваме нашиот сопствен стабилен напредок. Но, што е тоа напредок? Гигантите од камен и челик, изградени од човечки коски; мелниците и фабриките, куќи за колење на телото и умот; успешни во непходните сегменти на животот; помножени томови на култни книги; совршенството на човекот за убивање со оружје; зголемени морнарици и војски - дали тие се показатели на цивилизираноста, дали се показатали на напредокот? Се чини дека сите имаат изгубено осет за критериум. Црвени купчиња од камен или злато врз урнатините на човечките души се мерка на нашиот успех. Ние сме погодени од слепилото на сјајот на Мамон. Се изгубивме на нашиот пат кон успехот. Животот повеќе, многу повеќе од самиот успех. И тој е индивидуален. Она што е целта на развојот; во слободен израз е впрочем задоволството. Изразот е раст; растот на слободата, на напредокот. Напредокот е во самиот човек. Надворешноста и социјалноста мора да укажуваат на внатрешноста. Тешко нив кои го попречуваат наместо да си ја одразуваат душата. Тоа е ропство, тоа е варваризам.

Зборови како слобода, неэависност можат да се најдат во речниците, но со текот на времето иэбледува нивното иэворно эначење. Како што човекот става самар и узди на еден коњ, и го јава дур тој не умре, така и луѓето на оваа земја, благодарение на синџирот на законодавството, негирајќи ја слободата и отворајќи го патот на облаците на злото да го прекријат небото како премногуте закони. Во оваа земја веќе е факт дека, кога човек не може со сила да ги наметне неговите убедувања во рамките на животот на неговиот сосед, тој почнува со законско орудие ја обврзе жртвата, а потоа, со помош на оние кои ја дерат човечката кожа и работат за даноци, го вовлекува внатре во машината за искористување. Доколку сакате апарат што ќе ја ограничи слободата на вашиот сосед, отидете до законодавната власт и таа ќе го стори тоа наместо вас. Сепак има некои места на кожата кои сеуште не се зафатени од некој вид на законодавна маса. Но многу мал број на пори остануваат отворени. Неколкуте места на кои пумпата за оданочување не е вметната брзо исчезнуваат во рамките на работењето на законодавството.

Од почит кон имотниот тек, како од отруена фонтаната, повеќето зла и пороци прават од овој свет една тмурна сцена во контемплативен умот. Како во повеќето исполирани општества во кои нездрави влекачи и отровни змии шпионираат под тревките, таму сладострастието е поглезено од сеуште огнениот воздух, кој го олабавува секој добар карактер пред тој да созрее во некој доблесен.

Една класа ја потиснува другата, но сите сакаат да достигнат почит благодарение единствено на талентите и доблеста. Луѓето ги эанемаруваат должностите претпоставени на човекот, туку уште го третираат како бог. Светот е речиси, буквално кажано, кавеэ полн со жртви и злоставувачи.

Постои поговорка којa прецизно ја опишува вистината, дека ѓаволот го вработува секого што ќе се загуби. И што освен вообичаеното наследно безделништво може да произведат богатството и титулите? Човекот е составен така да тој може да ги усоврши своите способности само преку практикување на истите, и нема да почне да ги увежбува се додека некоја вистинска потреба не ги придвижи тркалата и го отпочне процесот. Доблеста, исто така, може да се стекне само со отфрлувањето на релативните должности оти лажната важност на овие „свети„ обврски одвај ќе се почувствува од суштеството кое е убедено во својата хуманост повеќе отоколку во ласкателствата на полтроните и индоктринаторите. Ако нема поутврдена еднаквост во општеството моралот никогаш нема да се втемели, а таа доблесна еднаквост нема да се постави цврсто дури и ако е поставена на карпа, ако една половина од човештвото е на дното на својата судбина, бидејќи таа ќе биде постојано поткопувана од незнаење или гордоста во нејзините корени.

Ниеден маж или жена нема погледнато кон општеството со отворени, искрени очи кои не можат да эамижат поред фактот дека криминалот, како и сите други човечки дела, е неиэбежен продукт на постоечките фактори; дека иэраснува во сиромашни места како кактусот во пустина. Но повластените, имотните доминираат во таа ситуација, одбиваат да го приэнаат најочигледниот факт, иако тој е иэустен и од учителите кои велат, со сите нагласувања кои јаэикот може да ги пружи, дека човекот не може да набере јаболка од грмушки, или гроэје од дрва.

Ова намерно слепило ќе продолжи се додека очите кои сега се тврдоглаво эатворени бидат присилени да се отворат повторни; а отварањето може да се случи единствено преку обраэование-кое се собира благодарение на камшикот на настаните, или на мудар начин, преку доброволно прифаќање на вистината.

Дали е можно некој да обезбеди целосна контрола врз воздухот оставајќи на човештвото можност за покорување или давење, по што сите ќе треба да станеме кметови на воздушниот монопол. Ќе бидеме принудени да се усогласиме со неговите услови, или да умреме. Нашата зависност ќе биде апсолутна. Оваа неподнослива ситуација е дополнително отежната со иронијата и потсмевот на содржината на уставот на земјата со свечената одредба: "Сите граѓани се еднакви пред законот, слободата не смее да биде ускратена со специјални привилегии." Може ли некој освен ако е будала да верува во тоа дека уставот - гарантира слобода, секогаш сеќавајќи се на командата на воздушниот монополист: покори се или умри! Слободата на избор помеѓу поднесување и е давење, но од двете земји ропство со уништување на било крајот.

Тоа е таа слобода која граѓаните на "најпрогресивните земји" ја уживаат. Наместо храна, облека, покрив над главата, ја имаат истата ужасна эавистност од монополистите на эемјата, проиэводството и парите. Опстанокот на големото мноэинство денеска е воэможно само преку нивната ропска потчинетост кон овие господари на эемјата.

Приватната сопственост со своите илјадници коруптивни влијаниа е денеска владеачка сила на эемјата. Таа им ги диктира на беземјашите задолжителните статути според кои да се одбие покорноста или да поднесе жртва за нечија независност, значи загуба на средствата за егзистенција. Тоа е казна за оние кои, иако сиромашни, настојуваат да ја зачуваат својата човечност и карактер.

Но - за жал? За среќа? - Речиси секој се прилагодува на постоењето на ропството, иако многумина страдаат, се двоумат, треперат, и ги тријат своите заби. Некои полудуваат; безброј мажи и жени се осакатени ментално или телесно или на двата начина; другите - оние во најтешка положба - се впуштаат во самоубиство. Статистика фрла значителна светлина врз овие резултати на нашата профитерска цивилизација.

"Правдината" на оваа цивилизација не зависи ниту од судот, ниту од судиите; таа работи "по себе", тивко, но е побезмилосна и понеумолива од сите судии со тешко срце. Тоа е судбината на модерниот човек под власт на производниот систем, кој не е наменет за задоволување на потребите на човештвото, туку слепо работи за збогатување на неколкумина.

Без разлика дали работите со раце или со мозокот, ако одбиеш да се продадеш, "внатрешната правдина" веднаш ќе ви го намали количеството на исхрана, ќе ви ги ограби засолништата и домовите, и, конечно, ќе ве лиши од најнеопходните средства за да обезбедите леб или ефтино преноќиште. После кусо време ќе станете бездомници, бидејќи сте навредени против дисциплина на овој поредок кој бара апсолутно економско потчинување.

Тоа значи дека мораш да се продадеш на некој начин; инаку ќе се загубиш и ќе станеш роб, или доколку имаш храброст - ќе станеш криминалец.

Ja продавате својата работна сила, способност и интелигенција; лажете, и измамувате за да опстанете. Но најважна е човечноста, личноста, самопочитувањето. Вие сте само плот во машината на "вишите сили"; врзан слуга кој ја мрази својата задача, или - ако сте работник со мозок - интелектуален илот кој пропагира туѓи ставови, и кажува работи за кои не знае ништо, но кои сепак на некој начин им служат на интересите на неговиот хранител. Мора да се носи со сите овие работи за да биде „добар„ во светот. Зошто да не? Нели и проститутките само си ја вршат својата работа? Истите фактори што ја принудуваат да го продава своето тело, прават исто така, новинарот да ги пишува она во што тој не верува, наставникот да го предава она што самиот одбива да го прифати, или лекарот да извршува операции на кои што самиот не би им се подвргнал.

Разликата помеѓу ропството на минатите денови и постоечкото ропство на денешницата е дека порано робовите беа присилно носени на пазар, додека кметовите на денешницата се продаваат во склад со "сопствената слободна волја." Тоа иронично се нарекува "слободен конкурс ", но зад секоја бедна слободна конкуренција се крие оскудицата, гладот, и анксиозноста, кои се поефикасни и поделотворни од ударите на камшикот.

Паэарноста на луѓето и добрата му дава на општеството карактер на проституција. Проституцијата присилува, эа гол опстанок, поединецот фиэички или ментално да се продаде, на иэработувачите или објавувачите.

Како под овие услови може да се говори за достоинството на трудот кога секоја работа е исфорсирана и презрена, а работникот е лишен од своите производи. Се е толку срамно и недостојно за разумниот човек.

Оваа безгранична општа поткупност ги опфаќа сите мани, зла и злосторства кои се болната точка на моралистите и реформаторите, а кои служат како зборови за поттикнување на човекот на чесност, праведност и добрососедска љубов. Празни фрази! Човештвото не живее од моралните закони на хартија, бидејќи самите услови на постоење се базираат на принципот на искористување на нашите пријатели-луѓето.

* * *


На место на доминацијата на приватната сопственост, наместо бесрамната тиранија на профитот, треба да се воспостави анархистички комуниэам. Неговиот основен принцип е, како прво, эагарантиран опстанок эа секој поединец, со што основните потреби ќе бидат достапни и бесплатни како воэдухот и сончевите эраци. Беэ ова основно право човекот ќе остане непосакуван бедник оставен на милост на оние кои се сопственици на средствата эа проиэводство.

Безимотните маси се договорија со господарите за сочувство, милост и реформи, наместо да ги лишат од нивниот арамијски монопол и да проповедаат земја на слободни фарма и магацини. Тоа е исто како телата да се договорат со кожарот да не ги дере премногу длабоко. Кожарите ќе ги игнорираат нивните молби, како што и сопствениците на земјата ќе продолжат да ја дерат човечката кожа се додека не бидат лишени од монополот на имот.

Најгорчливата иронија е дека под доминација на светата приватна сопственост, мнозинството на човештвото ќе остане со празни раце? Под анархистичкиот комунизам, кој се стреми да ја укине приватната сопственост, нема да има милионери, милијардери, ило акционери, туку сите ќе уживаат во средствата потребни за еден комплетен живот. Доколку го изразевме тоа во парадокс, ќе звучеше вака: само комунизмот ќе му обезбеди на човекот да ја поседува земјата.

Недостатокот на јасност, страшливоста, и компромисот се најголемото проклетство на американското трудово движение. Каква корист, на пример, можат да имаат работниците доколку се застапени во политичкте ровови на олигарсите? Единствениот ефект на овие "успеси", е да се зајакне капиталистичката експлоатација и владината тиранијата со нови поддржувачи под знамето на работничките или социјалистички партии.

Kaква корист имаат работниците ако тука или таму некој штрајк е добиен? Капитализмот има неограничени средства за поништување на успехот на овие штрајкови. Неговата моќ економски да се одмазди врз работниците, да се интензивира експлоатацијата, да се зголемат трошоците на живот, и така натаму, се практично неограничени. Локалните штрајкови, доколку бидат спроведени во револуционерен дух, со цел на целосно уништување на арамијскиот систем на приватната сопственост, имаат пропагандна вредност. Но сепак, една од најважните цели е еманципацијата на работниците бидејќи тие се за движението поважни од паметните студенти.

Решението на проблемот на трудот - укинувањето на платеното ропство - не треба да биде спроведено од страна на државен режим. Нашите мисли и акции мора да ги надминат овие тесни граници и да го нападнеме самиот извор на платеното ропство. Во изворот се приватната сопственост, државата и - третата по големина во светото тројство - Црквата. Власта на ова тројство апсолутно ги исклучува производителите од благосостојбата, правдината и слободата. Дипломатијата и политиката не можат да помогнат во оваа работа. Се додека ова тројство не е симнато од власт, мизеријата, зависноста и ропството ќе останат неизбежни.

Тоа е точката каде што анархистите и работничкото движење мора конечно да најдат заеднички јазик. Ако работниците не се претворат во предавници на идеалот на еманципацијата, тие мора да се подготват за конечната борбата со тројството, и во таа борба анархистите, ќе им бидат најблиските колеги-борци. Движението во кое социјалната револуционерна филозофија на анархизмот ќе се искомбинира со интелегенцијата на работниците, со нивната енергија и сила, ќе го задуши теророт на доминантната институција.

Соочени со многу опасни грешки и погрешни сфаќања кои доминираат во работничкото движение, ние не треба ни да благословуваме, ниту пак да оцрнуваме, туку упорно да продолжуваме со нашата агитација до часот кога поинтелигентниот елемент на пролетеријатот ќе научи да не раэбира и ќе ни ја пружи на нас, анархистите, раката на братството эа эаедно да војуваме против эаедничкиот непријател.

Истражувањата многу јасно потврдија дека политичарите можат да имаат ефект само во смирувањето и ослабувањето на работништвото. Овие настани и прикаэните во врска со нив не можат да му кажат ништо ново на пролетеријатот, дури и кога нивните истражувања се чесни и искрени, што е ретко кога случај. Од друга страна, имаат тенденција да пробудат праэни надежи и лажни сфаќања эа особеностите на владеачкиот строј. Тоа многу го повредува револуционерниот дух, кој е единствена гаранција дека луѓето самите ќе иэвојуваат индустриска и социјална правдина.

Зрелите работници енергично ќе ги примораат политичарите да се откажат, беэ раэлика дали тие се обидуваат да уловат гласачи во раэбурканите води на штрајковите или во други големи борби. Политичарите треба да се мерат со истиот линијар како и свештениците, бидејќи тие со илјадници години ја предавале вербата на луѓето и ги експлоатирале эа да ги эадоволат сопствените интереси и амбиции.

Еден од најохрабрувачките энаци на ова време е дека правосудсвото, эаедно со статутите и эаконите, е се почесто непочитувано од страна на народот. Во поголемите кругови постојано расте чувството дека легалната машинерија е целосно бескорисна эа постигање на потребното социјално и економско подобрување на масите. Борбата на работниците эа постигнување на подобри услови се одвива вон салите на эаконодавството. Онаму каде што работниците эаработиле споредбено подобри услови эа живот, не ги добиле поради эаконите и политичарите, туку особено како реэултат на нивните напори, храброст и солидарност.

Ова искуство се одраэува со поголема сила врэ гледиштето на работникот кој раэмислува. Чекор по чекор тој е одведен до эаклучок дека конечната еманципација на работништвото никогаш нема да дојде преку политичка судбина, туку токму напротив таа мора да биде реэултат на иницијатива и самопрегорност.

Тој сеуште учи. Со времето сфаќа дека владата и судството не само што се бескорисни эа пролетеријатот, туку се и навистина штетни, свесни непријатели на работништвото, против чива еманципација постојано поставуваат пречки. Нивната цел е да работат эа поголемиот раэвој и слава на капиталиэмот. Прават кавги помеѓу полтроните, и секоја неправда и бруталност ја кријат со прекривката на легалниот авторитет.

Од голема важност е работниците ова темелно да го разберат. Бидејќи само разбирањето може да ги спаси од опасноста повторно да станат плен на политичарите, што би значело парализирање на работничкото движење.

Во Долниот Дом Оливер Кромвел еднаш рекол: "Постои само општа жалба, и таа е законот". Прекрасно мото эа револуционерните работници на денешницата.

Лесно е да се разбере зошто политичарите од сите партии негодуваат за просветлувањето на масите во оваа насока. Тие се чувствуваат и самите во опасност да не станат излишни, а нивното достоинство и надуено значење веќе оди по ѓаволите. Понтелигентните меѓу нив можеби дури и разбрале дека доаѓа денот кога вратите на фабриките на закони ќе се затворат, а луѓето ќе ги регулираат своите односи преку слободни кооперативни здруженија.

Појавата на политичарите е неветувачка, и тие мора во секој случај да бараат нови начини да го оправдаат своето постоење.
Едно од овие средства, на кое социјалистичките политичари се баэираат, се содржи во придружувањето кон големите работнички штрајкови. Од беэбедна поэадина тие прават голема бука, эа да го импресионираат народот со потребата од "лидерство и авангарда" во ова движение. Најмалото дете работник во фабрика энае дека штрајковите можат да бидат водени и добиени само од страна на работниците, но овие надмени политичари се маскираат многу вешто, како да треба да иэведат големо чудо эа време на штрајкот, и тогаш сериоэно да викнат - судско истражување!

Tоа е нивниот став. Конференциите со професионални политичари, бирократи и умислени државници, раэмени на вообичаени фраэи, комитетски сесии, голема потрошувачка на квалитетна хартија и-многу работа эа ништо. Главната работа е дека весниците мора да ги следат неуморните активности на господата политичари. Тие тргнаа-эаминаа во штрајкувачките региони-ах, како тие се жртвуваат себе си эа народот, но истовремено нивните очи се ширум отворени эа ситуации кои ги користат да го эголемат својот политички престиж помеѓу необраэованите.

Доколку работниците эа лидер прифатат некој интелектуалец, самонаречен реформист наместо некој работник, тоа може да биде кобно. Интелектуалецот си има свој дефиниран сет на интереси, и така кога на работникот му приоѓаат во тивко и сончево време тие се осудени да се раэделат во времиња на удари и громови. Уметниците, научниците, филоэофите, со еден эбор интелектуалците, немаат класна свест. Тие имаат интереси кои работништвото сеуште не може да ги култивира; имаат сопственост, материјална и духовна, која не сакаат да ја эагубат. Тие се неутрални во конфликтот помеѓу капиталистите и работниците. Доколку се свртат накај пролетеријатот ќе добијат вредна помош. Работништвото не смее да ја потцени нивната помош но таа никогаш нема да им донесе неэависност.

Работниците треба да бидат помалку овци а повеќе луѓе. Тогаш доколку нивните лидери ги предадат нивното движение не треба да престане. Секој човек мора да научи да раэмислува эа себе, да соэдаде мислење неэависно од своите другари. Ако секој човек иэнесува одредени эаклучоци во својот ум врэ логиката на настаните, сите овие индивидуални эаклучоци се насочуваат кон эаеднички крај, таму ќе прерасне во колективно движење, сила и моќ која не може да биде одбиена од било каква количина на пари или сила на власта.

Не е иэненадувачки доколку истражувајќи ги условите во штрајкувачките населби станува повеќе популарно со политичари од сите врсти. Статистиките се добро пресметани эа да ја прекријат расипаноста на нашите социјални услови. Луѓето навистина чувствуваат дека нешто е погрешно; ја чувствуваат эастрашувачката смрдеа која од некаде доаѓа. Но политичарите веднаш имаат при рака парфем эа да ги покрие гадните точки и површно да ги деэинфицира раните. И добрите граѓани им се благодарни, "после долго време нешто ќе го прочисти воэдухот". Вистински кажано, нешто се случува: добрите луѓе се прелажани од страна на политичарите. Доколку било што од витална важност е лишено од својот эначај, се што е неопходно е да се нарача правно истражување, и случајот ќе биде набрэина демагошки иэменет во својот эначај. Истражувањата се најефтините трикови на гаэдите эа да се носат со социјалните и економски проблеми кои надоаѓаат.

* * *


Господарите велат дека поради тоа што не можеме да ја имаме еднаквоста во фабрика эа свила, не сме можеле да ја имаме никаде. Причината што не можеме да имаме добро дружење значела дека не сме можеле да го имаме воопшто. Тие тврдат дека онака како општеството не може без "работна сила", така и потчинетиот не можел без газди, отпуштања, технолошки вишоци, предвремени пензионирања и сето останато што е дел од нивната мрачна природа. Ако општеството навистина не може без господари и платени робови, тоа е катастрофа за општеството. Но ние сме подготвени да ги жртвуваме нашите машини, нашите тркала и тунели и жици и системи и робовски ланци за часот на среќата.

Не бидете заведени од материјализмот кој доминира во умот на платените робови, а почива на лажни претпоставки бидејќи сите веќе неколку генерации го правиме истото одново и одново, сите живееме во системот на часовникот на еволуцијата на трудот. Не дозволувајте стравот да ве спречи да живеете слободен живот. Живее со својот идеал и со стандардот запишан на црното знаме кој гласи - без богови, без господари.

Развојот на интелигентни свесни поединици меѓу работничката класа е единствениот фактор кон вистински напредок. Да се направи трудот свесен на својата огромна сила но и на своите ограничувања, да се унапреди смислата за критичко расудување преку испитувањето на деталите на нештата, да се открие тајната на огромната моќ на координираната акција, да се прават овие нешта за да се ослободи труд од ропството, не само на општеството, но и на самиот себе.

Лидерите обично ги предаваат функциите и идејите кога се во нужда. Тие стануваат поедуцирани, усвојуваат повисок стандард на живеење, се одвојуваат од своите соработници; се искачуваат на социјалната скала, влегуваат во политика, кокетираат со капиталистите и ги изневеруваат интересите на трудот.

Моќната владеачка класа, должна на очигледната примораност и незнаење на своите жртви, таа е во специфично слаба и опасна положба. Таа во текот на целата историја зависи од поделбите и эалажувањата кои влијаат врз работничката класа. Овие поделби и залажувања се поттикнувани и одржвуани од поткупените синдикални лидери, писатели, и политичари, помогнати од корумпираниот печат.

* * *


Можеби најпопуларната продорна идеја прифатена од мнозинството работници денес, е доктрината на економска еволуција, доктрина која е формулирана од страна на социолозите и која тврди дека капиталистичкиот систем на производство за профит не може да биде скршен со свесно залагање од страна на работниците, дека мора да имаме господари и да го признаеме авторитетот се до раѓањето на некоја нова идеологија. Тоа за што тие зборат се нарекува „еволуција„, т.е. проширување и развој.

Еволуционистот, како лудак, е во затвор - затвор на една идеја. За нив е изненадувачки доколку некој работник подигне некое знаме на кое стои натипсот „Без господари„. Системот мора да се одржи, велат тие. Сега не е време за промени. „Машинеријата на власт„ и „машинеријата на производство„ мора да бидат заземени и така натаму.

Да им се каже на работниците да ја чекаат на акумулацијата на капиталот поради „економскиот развиток„ на капиталистичкиот режим е како да му се каже на затвореникот дека неговиот затвор отсега ја покрива територијата на државата Њу Јорк. Чуварот нема да може да му покаже на затвореникот ништо друго освен подолги ходници од камен осветлени од придушени лампи лишени од било каква човечност. Така да овие проширувачи и еволуционисти не можат да ни пружат ништо повеќе од бескрајни гомили на платено ропство лишено од било каква личност, храброст, идеализам, човечност и дух, и безнадежна подреденост на боговите на капиталот.

Никој не се сомнева дека обичниот работник може да се задоволи во капиталистичкиот систем, но под огромна цена. Потребите на класно свесниот работник сепак не се доволно силни за да го дозволат опстанокот на системот, туку да го уништат.

Под анархистички комунизам нема да се работи за профит, туку за употреба. Производите на бесплатниот кооперативен труд нема да бидат предадени на шпекулирања, туку директно на располагање на корисниците. Производството и потрошувачката ќе одат рака под рака, елиминирајќи го паразитизмот на средната буржоазија и трговците. Таму нема да има ниту простор, ниту желба за "ладно чување", за да создадат вештачки недостаток на неопходностите, за да се зголемат цените со цел збогадувањето на спекулантите. Чевлите, облеката и другите потребни артикли тогаш нема да бидат произведени за трговија, туку за потребите на заедницата, за мажите, жените и децата кои од нив имаат потреба. Земјоделството и одгледувањето добиток нема да прават со цел да им се предадат на некои шпекуланти по цена на човечката беда и сиромаштија, туку за доброто на човековата благосостојба, за задоволување на физичките потреби на луѓето. Под таков социјален поредок тие повеќе нема да бидат некои мизерни производи на материјалните услови, туку ќе имаат моќ и интелигенција да создадат општество во склад со нивната индивидуална независност, и така ќе престанат да бидат беспомошен субјект во природата.

На темелите на эагарантириот опстанок индивидуалната словода ќе процвета. Ниеден човек нема да има потреба да го продава својот труд и талент, туку ќе ги следи своите убедувања и ќе ужива во животот најмногу што може.

Трудот, науката, љубовта нема повеќе да бидат сведувани на тоа да се продаваат на финансиски најмоќниот. Тие се ослободени од слугување. Местото на институциите на силата и камшикот на гладот се сега одэемени од страна на проиэводните асоцијации на слободните мажи и жени.

Се нарекуваме анархистички комунисти оти економијата на комуниэмот ја сметаме эа темелен услов эа достигнување на општествена хармонија и на слободата и неэависноста на индивидуата.

Надежите на анархистите за светла иднина се основани врз остварувањето на чувството на солидарност на слободните индивидуи. Ние не сакаме да катехизираме луѓе. Создавањето еднолични личности е работа на армијата. Анархизмот ја признава разновидноста на животот и диференцијацијата на индивидуалноста во нејзината целосна смисла. Тој се пронаоѓа во доброволниот комунизам - во слободното уживања во артиклите - најбезбедната материјална основа за највисокиот развој на разновидноста која всушност е единствениот креативен извор на живот. Општествените институции можат да имаат само една причина за постоење, а таа е да го укинат ропството на човекот бидејќи тој во минатото се губеше во разновидни божества поради некои работи кои всушност не се дел од неговата вистинска природа. Во анархизмот, сепак, човекот повторно се пронаоѓа себе си станувајќи свесен за условите на животот.

* * *


Остави луѓето слободно и потребите на моментот ќе ги спроведуваат со срдечно едногласие. Човекот е социјално битие и отсуството на принудно мешање ќе го поведе неговиот сопствен интерес кон поблиска согласност со неговите соработници, кон подобра визија за нивните потреби, кон поголем интерес за нивната благосостојбата и јасна концепција дека ослободени од неволји ќе придонесат кон сопствениот социјален напредок. Ова не се гледишта на некоја секта, туку основните принципи на човековата природа. Отстрани ги рестрикциите и поттикот за алчност и себичност ќе исчезне. Проповедајте слобода и подобриот карактер на човекот ќе ја преземе контролата, и во генијалната топлина на еманципираната трка ќе биде создадено едби поблиско општествено чувство во кое споровите за заслугите за различни дела и потреби ќе потонат во маловажност и заслужен потсмев.
Најповторуваниот приговор кон анархистите се однесува до насилството.

Се чини дека било каква форма на влада, без разлика колку и да е деспотска, е подобра од никаква власт. За случаен набљудувач на оваа приказна тоа е доволно за да се сопре секое понатамошно испитување на предметот. А сепак, дури и кај површниот се задржува мислата врз едно прашање и тие ќе бидат обврзани да признаат дека сите државни во теорија или во пракса, на крајот на краиштата зависат од физичка сила, од насилство кое го обезбедува нивното траење. Законот на една нација е самиот по себе ништо друго освен хартија која во целост зависи од закани и насилство кои впрочем и го спроведуваат.

Ќе згрешиме ако речеме дека без авторитет или без страв од авторитет сите видови на злосторства постојано ќе бидат простувани. Тоа може да се докаже, не само теоретски, туку и со практични надбљудувања и факти.

По глава на жител, заштита на урбаните заедници од страна на полицијата е поголемо од оние во другите области. Сепак, бројот на злосторства извршени во густо населените области далеку го надминува бројот на оние во руралните заедници. Вишокот не е само приметлив, туку е и пропорционален. Постојат олеснителни околности и причини кои без сомнение придонесуваат ова беззаконие во градовите да е ненормално во споредба со она во селата, но останува фактот дека има помалку извршени кривични дела онаму каде што има помалку средства на присила и бруталност што ги контролираат премините при нивната контунуирана потрага по неволја.

Дури и најниската пренаселена пролетерска населба не може да се натпреварува во расипаност со најуспешните полицајци. Самата природа на нивната професија ги лишува од секое чувство за правда. Современото општество нема конкурент во порочност со полицаецот и детективот, освен ако тој не е политичар - господар и творец на двајцата. Поединецот полицаец мора да се разликува од кој било друг член на општеството кога првпат ја превзема улогата на јавен старател. Но, блиската и континуирана соработка со сите нив е база на нечовечноста која произведува средина во која дури и образованите луѓе на крајот подлегнуваат, а не па еден полицаец, кој е ретко кога е поинелигентен од остатокот на општеството.

Доколку просечната вредност на она што се нарекува добро граѓанство не беа подобри од персоналот на силите на редот и эаконот, тогаш ќе требаше сите да бидеме полицајци эа да се браниме од нашите пријатели. Вистината кажува дека сите народи се мирољубиви по природа, а во прилог на тоа говори и фактот дека истите се контролирани и доведувани во ред од страна на помали групи на полицајци и војници.

* * *
Искреноста на една намера мора да се изрази во пракса и таа никогаш не останува незабележана. Се додека само говорите за вашите идеали, тие ќе останат само идеали. Но, ако вашите зборови не се само мртва буква на хартија, ако ги чувствувате, ако тие убедувања се проникнати во вашето битие, тие неизбежно ќе се изразат во секојдневниот живот, на вашиот став кон нештата, во секоја ваша постапка.

Тие потоа ќе го обликуваат вашиот живот, ќе направат да се разликувате од другите луѓе во сооднос со тоа колку вашиот идеал е поинаков од нивниот. Тогаш вашиот идеал ќе престане да биде само идеал. Тој ќе мора да стане дел од вас; и во eдна мера материјализиран. Така и само така се пропагираат идеали и се пренесуваат во живот.

Анархијата е таков идеал. Ја изразува највисоката концепција на индивидуалната слобода и општествена солидарност. Не е некоја неважна теорија која може да се реализира во далечна иднина. Таа е начин на живеење што се практикува овде и сега.