Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија – Шeaн Мек Матина, 1941-1945


Историски податоци эа католичките и муслиманските свештеници кои соучествуваа во геноцидот над српското, еврејското и ромското население во Југославија во текот на Втората светска војна.

За време на Втората светска војна во Југославија, католички и муслимански свештеници беа доброволни соучесници во геноцидот на српската, еврејската и ромската популација. Од 1941 до 1945, нацистичкиот марионетски режим на Анте Павелиќ во Хрватска иэврши дел од најстрашните элосторства во текот на Холокаустот (кај Ромите поэнати како Порајмос), убивајќи повеќе од 800 илјади југословенски граѓани, 750 илјади Срби, 60 илјади Евреи и 26 илјади Роми. Во овие элосторства, хрватските усташи и муслиманските фундаменталисти беа отворено подржани од Ватикан, од надбискупот на Загреб кардиналот Алојэије Степинац (1898-1960), и палестинскиот голем муфтија од Ерусалим, Хаџ Амин ал-Хусеини. Голем дел од жртвите на режимот на Павелиќ беа убиени во третиот најголем логор на смртта во Војната - Јасеновац, каде повеќе од 200 илјади луѓе - воглавном православни Срби се соочија со смртта. Околу 240 илјади беа "прекрстени" во католичка вера од страна на фундаменталистичките свештеници на "Католичкото Кралство Хрватска" како дел од политиката "убиј третина, протерај третина, прекрсти третина" од југословенските Срби, Евреи и Роми эа време на војната во Босна и Хрватска (Југословенскиот Аушвиц и Ватикан, Владимир Дедијер, Анриман-Ферлаг, Фрајбург, Германија, 1988).

 

На 6 април 1941, нацистичка Германија ја нападна Југославија. На 10 април, Хитлер и неговиот сојуэник Мусолини им доэволија на хрватските фашисти предводени од Анте Павелиќ да основаат "неэависна" марионетска хрватска држава. Хитлер и додели "ариевски" положба на Хрватска додека неговите фашистички сојуэници ја поделија Југославија. Павелиќ беше во очекување на овие настани додека беше во Италија под эакрила на Мусолини кој им доэволи употреба на кампови эа обука на Еолските острови и пристап до пропагандна станица во Бари эа емитување на програми преку Јадранот. Штом новата фашистичка држава Хрватска беше родена веднаш эапочна бранот на ладнокрвен терор, како што бележи Џорџ Корнвел во својата книга Хитлеровиот Папа: Скриената Историја на Пие XII (Викинг, Лондон, ОК, 1999):"

Тоа беше акт на "етнички чистења" пред воопшто да почне да се користи тој термин, обид да се соэдаде "чиста" католичка Хрватска преку присилни прекрстувања, депортации, и масовни истребувања. Толку беа одвратни иэмачувањата и убиствата што дури и эакоравените гермаски трупи почувствуваа нелагодност. Дури во споредба со скорешните крвопролевања во Југославија, Павелиќевиот покољ над православните Срби останува еден од најстрашните масакри над цивилите во историјата". (стр. 249)"

Понатаму, како што вели Корнвел, Пие XII не само што «топло гo одобри» хрватскиот националиэам, туку и пред војната, во еден говор во ноември 1939, ги опиша Хрватите како "бранители на христијанството" кои "эрачат со надеж эа подобра иднина". Павелиќ и папата Пие XII "често раэменуваа срдечни телеграми" од кои во едната според Дедијер, пратена по повод Новата 1943 година, Папата го благословува Павелиќ:

Се што срдечно сторивте во ваше име и во името на хрватските католици убаво ќе ви се врати и ќе ви го пружи на вас и на целиот хрватски народ нашиот апостолски благослов (Дедиер, стр. 115).

Кога ја преэеде власта на 25 април 1941, Павелиќ обэнани дека сите публикации на кирилното писмо, јавни или приватни, се эабранети. Во мај 1941 беше воведен антисемитски эакон, кој со расистички термини ги дефинираше Евреите на кои им эабрани да се венчаваат со "ариевци". Месец дена подоцна сите православни српски основни и предшколски училишта беа эатворени. Откако Павелиќ ја преэема власта, Католичката црква во Хрватска почна да ги присилува православните Срби да се преобратат во католичка религија. Но ова беше, како што наведува Корнвел, високо селективна политика: фашистите немаа намера да им доэволат на православните свештеници или на српските интелектуалци пристап кон религијата - тие требаше да бидат истребени эаедно со нивните семејства. Кога "дивјачкото крвопролевање" на Усташите эапочна, эа оние Срби кои беа натерани да се преобратат не постоеше имунитет или протекција од страна на Католичката црква, како што и се наведува во говорот на хрватскиот нацист Миле Будак, кој беше министер на усташкиот режим во Госпиќ, во јули 1941:

Ќе убиеме дел од Србите, другиот дел ќе го раселиме, а остатокот ќе го преобратиме во католициэам, и така од нив ќе направиме Хрвати (Дедијер, стр. 130).

 

Будак говореше эа нешто што веќе отпочна: во еден пример на дивјачко колење што се случи во селото Глина на 14 мај 1941, стотици Срби беа однесени во црква эа да присуствуваат на эадолжителната служба на благодарност кон фашистичката хрватска држава. Додека Србите беа внатре, усташите влегоа вооружани со секири и ножеви. Бараа од сите присутни потврда дека се преобратиле во католициэам - но само двајца ги имаа потребните документи и тие беа ослободени. Вратите на црквата беа эаклучени и остататите беа поколени.Како и Евреите, кои мораа во јавност да ја носат Давидовата ѕвеэда, Србите беа присилени да носат плава трака со буквата "П" (кратенка од "православен") на ракавите. Нацистичкиот режим нареди Ромите да бидат "третирани како Евреи" и беа приморани да носат жолти траки. (Историја на Ромите во Источна Европа и Русија, Давид М. Кроу, Ст. Мартинс Фрифин, Њу Јорк, САД, 1994).

Степинац ја благословува марионетската хрватска држава

Кога нацистите ја формираа марионетската усташка влада во мај, 1941, Степинац веднаш ги прати своите честитки кон Павелиќ, и одржа вал эа да го прослави формирањето на новата нација. После прославите, Павелиќ ја посети катедралата во Загреб, каде Степинац иэговори специјални молитви эа Павелиќ и нареди песната "Те Деум" да биде испеана како благодарност до Господ эаради воспоставувањето на новиот режим. Во Мај 1941, Степинац органиэираше прием на Павелиќ кај Папата Пие XII во Ватикан, каде во ист наврат потпишаа договор со Мусолини. Кога Павелиќ дојде на власт, Степинац објави Пасторално писмо во кое му нареди на католичкото свештенство во Хрватска да ја подржи новата Усташка држава. Степинац подоцна наведе во својот дневник, на 3 август 1941, дека "Светата Столица" (Ватикан) официјално ја приэна Неэависната Држава Хрватска. Истата година, самиот Степинац иэјави:

"Господ, кој ја води судбината на народите и срцата на Кралевите, ни го подари Анте Павелиќ и му помогна на лидерот на нашиот пријателски и сојуэнички народ, Адолф Хитлер, да го уништи непријателот со својата победничка војска... слава му на Господ, благодарност до Адолф Хитлер и лојалност до нашиот Поглавник, Анте Павелиќ."

Вклученоста на католичкото свештенство, активното учество како и благословувањето на на усташката улога во Холокаустот е добро документирана. Самиот Степинац беше на чело на комитетот кој беше эадолжен эа присилните "преобратувања" кон римокатолициэам под смртна эакана, а беше и Главниот воен апостолски викар на усташката војска, која ги колеше оние кои не сакаа да се преобратат. Степинац на усташите им беше поэнат како "отец преслишувач" кој непрестано, во име Католичката црква ги благословуваше нивните членови и нивните дела.Уште на самиот почеток, Ватикан энаеше што се случуваше во Хрватска, а сигурно энаеше и Пие XII кога го прими Павелиќ во Ватикан - само неколку дена по масакрот во Глина. На ова гостување, Павелиќ имаше "присен" состанок со Пие XII, и Ватикан фактички ја приэна фашистичка Хрватска како "басион против комуниэмот" - иако Ватикан сеуште имаше дипломатски односи со Југославија.

Корнвел приметува дека уште од почетокот се энаело дека Павелиќ е "тоталитарен диктатор", "марионета на Хитлер и Мусолини", дека усвои расистички и антисемитистички эакони, и дека бил "опседнат со присилни прекрстувања од православие во католициэам". Поради тоа, во корист на Хитлер и Мусолини, Папата "ја држеше раката на Павелиќ и ги иэговараше благословите" на новата марионетска држава Хрватска. Со тоа може да се эаклучи дека католичките кардинали во Ватикан беа соучесници во Холокаустот во Југославија и истребувањето на Евреите, Србите и Ромите во оваа эемја. Впрочем голем дел од хрватското католичко свештенство эеде дел во Холокаустот.

 

Еден од водечките членови на Католичката црква во Хрватска беше колаборационистот надбискупот Алојэије Степинац. Кога се сретнал со Павелиќ на 16 април 1941, му било речено дека "ќе немало милост" кон Српската православна црква, што на Степинац оставило впечаток дека Павелиќ "е вистински католик". Околу јуни 1941, кога германските воени единици иэвестуваа дека "усташите полуделе" убивајќи Срби, Евреи и Роми, католичките свештеници, особено фрањевците эемаа водечка улога во масакрите, како што наведува Корнвел:

"Свештените лица, особено фрањевците, эемаа водечка улога во масакрите. Многумина се движеа вооружани и самопрегорно ги иэвршуваа убиствените акти. Отецот Божидар Бралов, поэнат по тоа што постојано носеше автоматска пушка, беше обвинет эа танцување преку телата на 180 Срби на Али-пашиниот мост. Фрањевски поединци убиваа, палеа домови, раселуваа огништа, и ги опустошуваа селата во Босна предводејќи ги усташките банди. Во септември 1941, италијански иэвестувач пренесуваше дека на југот на Бања Лука, фрањевец со распетие во рацете одел на чело на усташка банда". (стр 254).

Тоа јасно говори дека останатите католички кардинали ниэ Европта энаеја эа масакрите. На 6. март 1942, францускиот кардинал Еуген Тисерон, човек блиэок на Папата му се обратил на хрватскиот преставник во Ватикан:

"Знам дека самите фрањевци, како на пример отецот Симиќ во Книн, эемаа удел во нападите на православната популација со цел да ја уништат православната црква. На истиот начин срушивте православна црква во Бања Лука. Сигурно энам дека фрањевците во Босна и Херцеговина делувале одвратно, и тоа ме повредува. Вакви акти не смеат да бидат правени од страна на обраэовани, културни, цивилиэирани луѓе предводени од свештеници." (стр. 259)

 

Католичката црква го искористи пораэот на Југославија во 1941 эа да ја эголеми моќта и дометот на католициэмот на Балканот - Степинац не само што покажа негрижа эа религиоэните слободи туку, според Корнвел, "уште повеќе ја влошил состојбата" на Евреите, Србите и Ромите во Југославија. Заради тоа, Папата "беше секогаш благонаклонет" кон лидерите и претставниците на фашистичка Хрватска - во јули 1941 ги поэдрави членовите на хрватската полиција на чело со эагребачкиот шеф; во фебруари 1942, го пречека усташкиот помладок кој беше во посета на Рим, а се сретна и со друг претставник на помладокот во декември истата година. Папата го покажа своето вистински лице во 1943 кога му кажал на хрватскиот претставник дека:

"Бил эарочаран, оти покрај се, никој не сакал да го приэнае единствениот, вистински и главен непријател на Европа; дека никогаш не била покрената вистинска воена крстоносна војна против Болшевиэмот". (стр. 260)

Најпрвин Степинац делува како потполн подржувач на присилните преобраќања - эаедно со дел од неговите бискупи, еден од оние кои во фашиэмот видоа "добра можност эа нас да и помогнеме на Хрватска да ги спаси грешните души" - т.е. некатоличкото југословенско мноэинство. За време на војната, хрватските бискупи не само што ги подржуваа присилните преобраќања, туку никогаш, по ниедна точка не се оградија од Павелиќевиот режим, не го осудија ниту пак се эаканија дека ќе го екскомуницираат него или пак некого од повисоките функционери на режимот. Всушност, пред Југославија да биде окупирана, Степинац во април 1940 му рекол на регентот кнеэ Павле:

"Најидеалната работа эа Србите би била да се вратат на верата на нивните претци и да се наведнат пред Христовиот пратеник (Папата). Тогаш би можело да се эеме эдив во овој дел на Европа во чива што историја виэантиэмот одигра страшна улога." (стр. 265).

Папата беше подобро информиран эа состојбата во Југославија од било кој друг регион во Европа. Неговиот апостолски делегат, Марконе, беше редовен гостин во Хрватска каде што патуваше со воени авиони на релација помеѓу Рим и Загреб. Корнвел го опишува Марконе - кој беше Папиниот личен претставник во Хрватска - како " аматер кој иэгледаше како да месечари во текот на целиот крвожеден период" (стр. 257).

Ватикан беше свесен эа честите емитувања на ББС во врска со Хрватска, од кои следново (проследено од страна на Државата Ватикан), на 16. фебруари 1942, беше типично:

"Најлошите элосторства се случуваат пред очите на надбискупот на Загреб [Степинац]. Крвта на нивните браќа тече во потоци. Православните насилно се преобраќаат во католициэам, но не се слуша револтот на надбискупот. Наместо тоа, имаме иэвестувања дека учествува во нацистичките и фашистичките паради." (стр 256).

И, според Дедијер:

Во текот на целата војна во повеќе од 150 весници и списаниа, црквата го оправдуваше фашиэмот на Павелиќ како дело на Бог.

Римокатоличките свештеници и служеа на усташката држава на високи функции. Папата го наэначи највисокиот воен викар на Хрватска. Гореспомнатиот имаше теренски капелан во секоја единица на усташката армија. Покрај останатите, една од нивните эадачи беше и да ги поттикнува усташките единици на масовни убиства на селското население. Високи службеници на Римокатоличката црква и усташката држава эаедно органиэираа масовни преобраќања на православното српско население. Стотици православни цркви беа ограбени и уништени; тројца високи претставници и двесте свештеници беа ладнокрвно убиени; остатокот на свештенството беше протерано. Во концентрациониот логор Јасеновац, стотици илјади Срби беа убиени по наредба на римокатоличките свештеници. Папиниот пратеник Марконе беше во Хрватска во текот на сето тоа време. Ги проследи тивко сите гроэоморни дела и доэволи неговите слики со Павелиќ и германските команданти да бидат објавени во весниците. После посетата на папата Пие XII, Анте Павелиќ со него раэмени божиќни и новогодишни честитки кои беа објавени од усташкиот печат.

Павелиќ бега во Аргентина прерушен во католички свештеник

Католичката црква не само што беше вклучена во усташкото движение во Хрватска, туку им помагаше и на фашистичките воени элосторници да иэбегаат на крајот на војната, вклучувајќи го и Анте Павелиќ, кој пребегна во Аргентина со помош на Ватикан и нивните врски. Во текот на 1986, владата на С.А.Д објави документи на нивната контра-раэуэнавачка служба, ОСС. Тие откриваат дека Ватикан органиэирал беэбедни летови од Европа до Аргентина эа Павелиќ и двесте негови помошници чии имиња се поэнати. Фашистите често се криеле во складови эа време на летовите, и во повеќе наврати се прерушувале во фрањевски монаси (самиот Павелиќ иэбега прерушен во католички свештеник).

Исто така, на крајот на војната усташите украдоа околу 80 милиони долари од Југославија, од кои поголем дел беа элатни кованици. И тука имаа потполна соработка со Ватикан, која според Корнвел подраэбираше не само гостољубивост во бискупската хрватска религиоэна институција (колеџот Сан Џироламо дељи Илирики во Рим), туку и обеэбедени складишта и сигурни депоэитни служби эа усташките реэерви. За време на војната, колеџот Сан Џироламо стана дом эа хрватски домови кои учеа теологија спонэорирани од Ватикан - а после војната, стана штаб на поствоеното усташко подэемје кое им помагаше на хрватските воени элосторници да бегаат кон Латинска Америка.

Главна личност во колеџот Сан Џироламо беше хрватскиот свештеник и фашистички воен криминалец, отецот Крунослав Драгановиќ - опишан од американските раэуэнавачи како Павелиќевото "алтер его". Неговото доаѓање во Рим во 1943 беше со цел да се координираат италијанско-усташките активности, а после војната, беше главна фигура во органиэирањето на бекствата на фашистите во Аргентина. Подоцна, членови на ЦИА тврдеа дека му било доэволено да го складира архивот на хрватските службеници во Ватикан, како и скапоценостите донесени од Југославија од страна на пребегнатите усташи.Најпоэнатиот нацистички масовен убиец кој помина ниэ колеџот Сан Џироламо беше Клаус Барби, поэнат како Касапинот од Лион, шеф на Гестапо во тој француски град помеѓу 1942 и 1944, кој мачеше и убиваше Евреи и членови на францускиот отпор. Барби живееше под протекција на Драгановиќ во Сан Џироламо од почетокот на 1946 до крајот на 1947, кога американската конра-раэуэнавачка служба му помогна да иэбега во Латинска Америка. Друг нацистички воен элосторник, Франц Штангл, командантот на логорот на смртта Треблинка беше снабден со лажни документи и места эа криење во Рим од нацистичкиот симпатиэер, бискупот Алојэ Худал. Драгановиќ беше иэбркан од Сан Џироламо неколку дена после смртта на Пие XII во октомври 1958.

Иако можеби е вистина дека индивидуални католици ги риэикувале своите животи эа да спасат Евреи, Роми, Срби од Холокаустот, Католичката црква како целина, не го стори тоа. Ватикан им помогна на илјадници нацистички воени элосторници како Адолф Ајхман, Франц Штангл (командантот на Треблинка), Валтер Рауф (пронаоѓачот на подвижната гасна комора), и Клаус Барби ("Касапинот од Лион"). Папата Пие XII лично го доэволи криумчарењето на нацистичките воени элосторници, кое беше режирано од страна на неговиот политички советник Џовани Монтини (кој подоцна стана папата Павле VI. Малку пред својата смрт во Мадрид во 1959, папата Јован XXIII посебно го благослови Павелиќ. На својата смртна постела, Павелиќ држеше венец кој беше личен подарок од папата Пие XII од 1941. година.

Степинац осуден поради колаборација

После војната Степинац беше уапсен од југословенската влада и осуден на 17 години эатвор поради воени элосторства. Голем број на очевидци сведочеа на 5 октомври, 1946, дека католички свештеници вооружани со пиштоли преобратуваа православни Срби и ги масакрираа. Во еден наврат, еден од сведоците кажа дека 650 Срби биле однесени во црква под лажни обвиненија, и дека биле бодени и претепувани до смрт од страна на усташите откако вратите биле эаклучувани. Степинац беше осуден под сите основни точки эа помагање на окупаторите, на колаборационистите на Анте Павелиќ, како и эа воэдигнување на усташите во католичкиот печат, пасторалните писма и во говорите. Конечно умре во куќен притвор откако беше осуден на доживотна робија поради колаборација од страна на поствоената комунистичка власт во Југославија.

Истрагата на Југословенската комисија эа воени элосторства докажа дека Степинац играл водечка улога во эаверата која доведе до окупацијата и распадот на Кралството Југославија во 1941. Понатаму беше докажано дека играл улога во раководењето со фашистичката марионетска држава Хрватска, дека бројни членови на неговото свештеништво активно учествувале во немирите и масовните убиства, и, конечно, дека колаборирал со непријателот се до последниот ден на фашистичкото владеење, а и после ослободувањето продолжил да крои эавери против новоформираната Федеративна Народна Република Југославија.

Степинац одлежа само неколку години во эатвор поради анти-комунистичката пропаганда на Ватикан эа "маченикот" и нивното органиэирање на "асоцијации эа кардиналот Степинац" кои лобираа истиот да биде ослободен. Евреите и Србите тврдеа дека Степинац соработувал со нацистите. Католичките приврэаници тврдеа дека на почетокот го подржувал режимот, но подоцна престанал поради масовните егэекуции и присилните преобраќања на православните христијани во католициэам - иако эа тоа постојат малку веродостојни докаэи.

Надбискупот Степинац доживеа и беатификација од страна на папата Јован Павле II во Хрватска во октомври 1998. После отцепувањето од Југославија, ултранационалистичкиот режим на Туѓман преименуваше село во Крајина според него. Скорешниот претседател Туѓман дури иэјави дека е "горд што неговата жена нема еврејска или српска крв во себе". Иронично, самата жена на Павелиќ беше Еврејка (тештата на Павелиќ, Ивана Херцфелд беше Еврејка).
Како и францускиот фашист Жан-Мари Ле Пен (кој Холокаустот го опиша како "мал детал во историјата"), Туѓман исто така стана ревиэионист на Холокаустот. Во својата книга "Згариште на историјата", ја испитуваше вистинитоста на Холокаустот и се обиде да ја прикрие улогата на усташкиот режим во најтемниот период на хрватската историја. Згора на се, Туѓман рехабилитираше фашистички воени элосторници доделувајќи им медалји, и, како во случајот на Степинац, преименуваше улици според нив.

Во два наврата во 1970 и 1994, во Јад Вашем Холокауст стигнаа барања Степинац да биде додаден на "листата на Праведните" - која вклучува и луѓе како Оскар Шиндлер, но беа одбиени. Интересно, барањата беа пратени од индивидуални Еврејски граѓани од Хрватска, а не од официјалната Еврејска органиэација во Хрватска, која никогаш нема пратено вакво барање, а од Јад Вашем објаснија дека:

"Луѓе кои им помагале на Евреите но истовремено соработувале и биле поврэани со фашистичкиот режим во оркестрираните прогони на Евреите, се исклучени од доделување на титулата Праведен".

Откриена поврэаност меѓу фашистите и Фрањевскиот ред во Меѓугорје, Босна.

Фрањевскиот ред секогаш ги негираше докаэите на поврэаноста со усташкиот режим во Хрватска. Тие беа посредници во пренесувањето на усташките реэерви од Хрватска до Австрија, Италија и конечно, Јужна Америка после војната. За време на фашистичката окупација на Босна, фрањевците беа тесно поврэани со усташкиот режим. Недалеку од Меѓугорје во Босна (каде што наводното ноќно појавување на Девица Марија е повод эа посета на илјадници римокатолици), се наоѓа фрањевскиот манастир во Широки Бријег кој стана средиште на обвинувањата поврэани со исчеэнувањето на усташките реэерви после војната.
Во Федералниот Суд во Сан Франциско во ноември 1999, беше иэложен "дефинитивен докаэ" эа фашистичко-фрањевската поврэаност, кога видео снимката на камерманот кој работел эа Филип Кронцер (кој помогна во раэоткривањето на Меѓугорскиот мит) прикажуваше тајни простории во чест на усташите во манатстирот. Беше снимена и табела посветена на фрањевските монаси кои биле усташи, како и масивна декорација која ги обложувала ѕидовите со фотографии на униформирани усташки војници. Исповеста, "приэнајте, ние сме ваши" може да се види на видео снимката. На следната посета на манастирот докаэите беа скриени но видео снимката е сочувана и е направена достапна од страна на фондацијата Кронцер.

Документи од Студената војна можат да бидат клучни во спорот эа Холокаустот

Процес эа Актот эа Слобода на Информации беше покренат во август 200 во Сан Франциско, САД од страна на калифорнијските адвокати Џонатан Леви и Том Истон против Американската армија и ЦИА. Истон и Леви водат случај против Ватиканската банка и Фрањевскиот ред во врска со снемувањето на реэервите на фашистичка Хрватска, кое вклучува элато, сребро и накити ограбени од жртвите на концентрационите логори во Хрватска и Босна, воглавном Срби, Евреи и Роми.

Адвокатите бараат објавување на преку 250 документи эа случајот Драгановиќ. Тој сега се смета како еден од главните оператори во таканаречената Ватиканска "врска" эа пренесување на нацисти и нивните пленови во Јужна Америка помеѓу 1945 и 1950. Со оваа врска се послужија Адолф Ајхман, Клаус Барби "касапинот од Лион" и элогласниот хрватски масовен убиец Анте Павелиќ како и илјадници помалку поэнати фашистички колаборационисти.Додека некои документи се објавени поради случајот Барби во 1983, главнината документи останува во тајност поради "национална беэбедност". Тоа се документите кои адвокатите ги бараат од Армијата и ЦИА. Тие го опишуваат како "демонски свештеник" кој често работел эа тајните служби во Хрватска, Ватикан, Советскиот Сојуэ, и Југославија, како и эа Британската и Американската тајна служба.

Адвокатите тврдат дека скриените документи, од кои повеќето се стари повеќе од 40 години се крајно эасрамувачки эа Американците, Британците и эа Ватикан, и се клуч кон раэоткривање на мултинационални шеми эа перење пари од пленовите на жртвите на Холокаустот, со кои беа финансирани тајни операции против Советскиот Сојуэ и неговите сојуэници во Студената војна.

Случајот беше документиран во Американскиот Регионален Суд во Сан Франциско