Комунизам и анархија

од Петар Кропоткин

            Петар Кропоткин (1842-1921) беше еден од најголемите анархистички теоретичари во негово време. И покрај тоа што тој се восхитуваше на директно-демократските и не-авторитарните практики на традиционалната селска комуна, тој никогаш не беше застапник на малечок и изолиран комунален експериментализам.  Многу луѓе откако ќе ги прочитаат неговите дела, биле инспирирани да основаат такви заедници, и во негово време и во времето на хипиците од 1960-тите (период кога главните дела на Кропоткин беа повторно објавувани и влијателни). Кропоткин не сметаше дека таквите обиди би биле веродостојни за да бидат успешни или корисни за постигнување на пошироки револуционерни цели. Неговиот пријател Елизе Рекли, кој беше вклучен во еден таков обид во Јужна Америка во неговата младост, стана уште поголем противник на такви комунални експерименти. Штета е што некои од основачите на многу хипи-комуни во 1960-тите (речиси сите пропаднаа мошне брзо) не го читаа Кропоткин повнимателно. За несреќа, тие ги направија истите грешки како многу анархисти, комунисти и социјалисти што ги правеа еден век пред нив. Во анархистичкиот печат денес се наоѓаат реклами за малечки и изолирани анархистички населби. Исто така, многу коментари за Кропоткин сé уште го претставуваат погрешно за тоа како тој имал визија за општество кое се состои од нефедерирани и независни населби во вид на села и за застапување на мали комунални експерименти како средство за постигнување на анархистичко општество.  Следниов говор и две „отворени“ писма, кои не илзегле во печат еден век, јасно покажуваат дека, иако не со емоционално спротивставување на таквите обиди, тој имаше голема скепса за нивните шанси за успех и генерално веруваше дека тие ја исцрпуваат енергијата на анархистичкото движење. И покрај неговите предупредувања, овие записи исто така содржат многу добар и практичен совет за оние кои сé уште се под искушение да основаат мали и експериментални комуни во дивината, или можеби оние кои се под искушение во некоја идна ера да ја колонизираат вселената.

- Греам Пурчејс

 

_______________________________________________________

Многу анархисти и мислители воопшто, иако препознавајќи ги огромните предности на комунизмот кои може да ги понуди на општеството, сепак сметаат дека оваа форма на општествена организација е опасност за слободата и слободниот развој на индивидуата. Оваа опасност исто така е препознаена од многу комунисти и земено во целина прашањето се спојува со друг поширок проблем кој во нашиот век остави силен печат: релацијата на индивидуата со општеството. За важноста на ова прашање не треба многу да се инсистира.

Проблемот станува прикриен на неколку начини. Кога зборуваме за комунизам, повеќето луѓе мислат на повеќе или помалку христијански, манастирски и секогаш авторитарен комунизам пропагиран во првата половина од овој век и практикуван во одредени заедници. Овие заедници го земаа семејството како модел и се обидоа да го заменат „големото комунистичко семејство” со „реформираниот човек”. До овој крај како додаток во заедничкото работење, тие наметнаа живеење блиску заедно како фамилија, како и изолација или сепарација на колонијата од сегашната цивилизација. Ове не придонесе кон ништо помалку од тоталната интерференција на сите „браќа” и „сестри” со целосниот приватен живот на секој член.

Згора на ова пак, разликата не беше доволно забележана  како помеѓу изолираните заедници, базирани на различни случувања за време на последните три или четири века, и бројните федеративни заедници кои имаат веројатност да се појават во општество кое ќе инагуира општествена револуција. Пет аспекти од темата потребно е да се разгледуваат посебно:

  1. Заедничките производство и потрошувачка
  2. Домашниот живот во заедништво (кохабитација: потребно ли е да се подреди според сегашниот модел на семејството?)
  3. Изолираните заедници во наше време
  4. Федеративните заедници во иднината
  5. Дали комунизмот нужно ја скратува индивидуалноста? Со други зборови Индивидуата во комунистичкото општество.

 

Огромно движење на идеи се случуваше во овој век под името на социјализмот општо, започнувајќи со Бабеф, Симон, Фурие, Роберт Овен и Прудон кои ги формулираа предоминантните струи на социјализмот, и потоа продолжувајќи со наследниците (французи) Консидерант, Пјер Леру, Лиу Бланк, (германците) Маркс, Енгелс, (русите) Чернишевски, Бакунин итн, кои работеа или на популаризирање на идеите на основачите на социјализмот или ги поставуваа истите на научни основи.

Овие идеи, заземајќи прецизен простор, дадоа живот на две главни струи: Авторитарниот комунизам и Анархистичкиот комунизам; и исто така и на некои школи во средината кои се провлекоа измеѓу, како Државниот капитализам, Колективизмот, Соработката; помеѓу масите формираа застрашувачко работничко движење кое се стреми кон организирање на целата маса на работници според занаетите за борба против капиталот и кое станува интернационално со честиот однос помеѓу работниците од различни националности. Следните три клучни точки беа добиени од ова масовно движење на идеи и акции, и овие се широко пенетрирани во јавната свест:

  1. Напуштање на наемниот систем, модерната форма на античкото слугување.
  2. Напуштање на индивидуалната сопственост во средствата за производство.
  3. Емаципација на индивидуата и на општеството од политичката машинерија, државата, што помага да се одржи економското ропство.

 

На овие три точки сите се согласуваат, дури и оние кои застапуваат „забелешки на трудот” или кои, како Брус посакуваат сите да бидат „функционери “, т.е. вработени на државата или заедницата, признаваат дека ако застапуваат еден од овие предлози тоа е само затоа што тие не гледаат моментална можност за комунизмот. Тие го прифаќаат овој компромис како практичен маневар, но нивните цели секогаш ќе бидат насочени кон комунизам. Тие го прифаќаат овој компромис како соодветен, но нивната цел секогаш останува комунизмот. И, како што државата, дури и најгорчливите застапници на државата, на авторитетот, дури и на диктатурата, препознаваат дека со исчезнувањето на класите државата исто така ќе престане да постои.

Оттаму, ние може да кажеме без да ја  претераме важноста на нашата секција на социјалистичкото движење – Анархистичката секција – и покрај тоа што сите разлики помеѓу различните секции на социјализмот (разликите се пред сé, базирани на повеќе или помалку револуционерниот карактер на средствата за акција на секоја секција), ние можеме да потврдиме дека сите секции, со гласот на мислителите, ја препознаваат еволуцијата кон Слободниот комунизам, како цел на социјалистичката еволуција. Сите останати, како што си се исповедаат и самите, се само чекор кон оваа цел.

Би било некорисно да се дикутира за овие чекори без да се прегледаат тенденциите на развојот на модерното општество.

Од овие различни тенденции, две, пред сé го задржуваат нашето внимание. Едната е зголемениот напор на одлучување на делот на секоја индивидуа во модерното производство. Индустријата и земјоделството станаа толку комплицирани, толку поврзани, сите индустрии се толку зависни едни од други, што исплаќањето на производителот според резултатите станува речиси невозможно како што индустријата се развива, и гледаме дека сé повеќе се плаќа по плата наместо по произведено парче. Платите од друга страна, стануваат сé поеднакви. Оваа поделба на модерното буржаско општество на класи се разбира останува, и секако дека постои буржоаска класа која заработува повеќе, со тоа што помалку прават. Самата работничка класа е поделена на четири поголеми дела:

  1. жени
  2. Земјоделски работници
  3. Невешти работници
  4. Вешти работници

 

Овие поделби ги претставуваат четирите степени на експлоатација и се резултат на буржоаското организирање.

Во општество на рамноправни, каде сите може да научат одреден занает и каде што експлоатацијата на мажот над жената, или на производителот над селанецот, ќе престане, овие класи ќе исчезнат. Но, дури и денес, платите од сите овие класи се стремат да станат повеќе еднакви. Ова води до изјавата: „ работата на целата морнарица вреди колку на еден златар и го натера Роберт Овен да ги зачне неговите „трудови белешки”, платени за сите кои работеле толку многу часови во производството на потребните комодитети.

Но ако ги погледнеме сите обиди направени во оваа насока, ќе најдеме дека, со исклучок на неколку илјади фармери во Соединетите Држави, белешките на трудот не се проширија од крајот на првата четвртина на веков, кога Овен се обиде да ги наметне. Причините за ова се дискутирани насекаде (види го поглавјето: Наемниот систем, во мојата книга „Освојувањето на лебот”).

Од друга страна гледаме голем број обиди на парцијална социјализација, стремејќи се во насока на комунизмот. Стотици комунистички заедници, биле креирани за време на овој век речиси секаде и во овој момент ние сме свесни дека повеќе од стотина од нив, сите се повеќе или помалку комунистички. Во иста насока на комунизмот, парцијалниот комунизам, ние сметаме - дека речиси сите обиди на социјализација  ги гледаме во буржоаското општество што се стреми да настане, или од индивидуи или во однос на социјализацијата на општинските работи.

Хотели, парни бродови, гостилници, сите се експерименти во оваа насока преземени од буржоазијата. Дневно го имаш изборот помеѓу десет и педесет чинии на располагање во хотелот или парниот брод, без никој да го контролира количеството колку си јадел. Оваа организација дури е и интернационална и пред да го напуштите Париз или Лондон може да купите бонови(купони за 10 франака на ден) што ќе ви овозможат да останете по ваша волја во хотелите во Франција, Германија, Швајцарија итн. сите припаѓаат на интернационалното друштво на хотели.

Буржоазијата темелно ги разбира предностите на парцијалниот комунизам, комбинирано со речиси неограничената слобода на индивидуата во однос на потрошувачката, и сите овие институции за фиксна цена месечно вие ќе бидете примени и најадени, со исклучок на поскапите додатоци (вино, посебни апартмани) кои се наплаќаат посебно.

Осигурувањето од оган, кражба и несреќа (особено во селата каде еднаквоста на условите дозволува наплата на еднаква премија за сите жители), посредувањето со кое големите англиски продавници за само 1с неделно сите риби кои може да ги троши едно мало семејство, клубови, безбројните друштва за осигурување од болести, итн. Оваа маса на институции, креирани за време на 19-от век се приближуваат кон комунизмот во делот на тоталната потрошувачка.

Конечно, постојат серии од општински институции – вода, гас, електрична енергија, престојалишта за работниците, возови, униформни бродови, бањи, куќи за перење, итн. каде што слични обиди за социјализирана потрошувачка се направени на највисоко скалило досега.

Ова досега не е комунизам. Далеку е од тоа. Но принципот на овие институции содржи дел од принципот на комунизмот: за колку на ден(пари денес, утре труд) ти имаш право да си дозволиш – толку се очекува луксуз – овие или други работи што ги посакувате.

Овие експедиции кон комунизмот се разликуваат од вистинскиот комунизам на многу начини; особено во следниве два:

  1. Исплата со пари, наместо исплата со труд.
  2. Потрошувачите немаат глас во администрацијата на бизнисот.

 

Ако, сепак, идејата, тенденцијата на овие институции се разбере добро, не би било тешко да се започне денес со приватна или јавна иницијатива за спроведување на првиот спомнат принцип. Да претпоставиме дека територија од 500 хектари, на која се изградени 200 колиби, секоја од нив опколена со градина и овоштарник на територија од четврт хектар. Менаџментот овозможува секоја фамилија што окупира колиба да избира од 50 чинии на ден тоа што е пожелно, или ќе обезбедува леб, зеленчук, месо, кафе според потребите на домаќинството. За возврат тие ќе бараат пари за сработеното или работни часови, според потрошувачкиот избор во одделите на естаблишментот: земјоделие, сточарство, готвење, чистење. Ова може да се воведе во пракса уште утре ако е потребно, и ако мора да се запрашаме таква фарма/хотел/градина сé уште не е изградена од хотелски сопственик.

Ќе биде приговорено, без сомнение, дека тоа е само тука, воведот на трудот во заедништво, дека комунистите генерално доживеале неуспех. Сепак овој приговор не може да опстане. Причините за овој неуспех секогаш се бараат на друго  место.

Прво, речиси сите заедници беа формирани од речиси религиозен бран на ентузијазам. Од луѓето се бараше да бидат „пионери на човештвото”; да се потчинат на диктатот од точната моралност, да станат прилично регенерирани од комунистичкиот живот, да го дадат сето свое време, часовите на труд и на одмор на комуната, да живеат целосно за комуната.

Ова значеше едноставно однесување како калуѓери и да се бара – без било каква потреба – луѓето да бидат тоа што не се. Само во скорешните денови заедниците беа формирани од анархистички работни луѓе без било какви претензии, за чисто економски цели – да се ослободат себеси од капиталистичката експлоатација.

Втората грешка лежи во желбата да се управува заедницата според моделот на семејството, да се направи „големата фамилија”. Тие сите живееја во истата куќа и беа присилени континуирано да се среќаваат со своите „браќа и сестри.” Често е многу тешко двајца вистински браќа да живеат заедно во иста куќа и семејниот живот не е секогаш хармоничен; па затоа беше фундаментална грешка да се наметне „големата фамилија” на сите, наместо да се направи обид, спротивно на тоа, кој ќе гарантира исто толку слобода и семеен живот за секоја индивидуа.

Покрај тоа, една мала заедница не може да живее долго; „браќа и сестри” принудени да се среќаваат континуирано, среде недостаток од нови импресии, завршува со неподнесување на едни со други. И ако две лица преку станување на ривали или едноставно не си се допаѓаат се способни преку нивно несогласување да ја разводнат заедницата, таквиот пролонгиран живот на таквите заедници ќе биде чудно нешто, особено поради тоа што сите заедници што се основани досега самите меѓусебно се изолирале.  Тоа е предодреден заклучок дека блиско здружување од 10, 20 или 100 лица не може да трае подолго од три или четири години. Ќе беше уште повеќе за жалење ако тоа потраело подолго, бидејќи ќе значи дека или сите биле ставени под влијанието на една индивидуа или дека сите ја изгубиле својата индивидуалност. Па, бидејќи е сигурно дека членовите на една заедница би биле заедно три, четири или пет години, треба да постојат барем дванаесет или повеќе федерирани заедници со цел оние кои поради една или друга причина сакаат да напуштат една заедница да можат да се преместат во друга, а да бидат заменети од новодојденци од други места. Инаку, Комунистичката кошница мора нужно да исчезне или (што речиси секогаш се случува) да попадне во рацете на една личност – вообичаено најлукавиот од „браќата”.

Конечно, сите заедници што се основани сé досега се изолираат себеси од општеството; но борба, живот на борба од активен човек, е далеку поитно потребно одошто добро снабдена маса. Оваа желба да се види светот, да се измеша со други струи, да се борат битките е императивниот повик за младата генерација. Оттука доаѓа (Како што забележува Чајковски од сопственото искуство) дека младите луѓе, на возраст од 18 до 20 години, нужно ја напуштаа заедницата која не ја разбира целината на општество.


Не треба да додаваме дека владите од сите описи отсекогаш биле најсериозните препреки за сите заедници. Оние кои го виделе најмалото од ова или воопшто не го виделе (како младиот Икар) успеваат најдобро. Ова е лесно разбрано. Политичката омраза е една од најнасилните по својот карактер. Ние може да живееме во истиот град со нашите политички противници доколку не бидеме присилени да ги гледаме секој момент.  Но како е возможен животот во една мала заедница каде се среќаваме зад секој агол. Политичкото несогласување влегува во студијата, работилницата, местото за одмор и животот станува невозможен.


Од друга страна, докажано е до убедување дека заедничката работа, комунистичкото производство, успева зачудувачки. Во ниту едно комерцијално претпријатие немало толкава голема вредност додадена на земјата од трудот  како во заедниците основани во Америка и Европа. Грешки при пресметка може да се случат насекаде како што тие се случуваат во сите капиталистички преземања, но откако е познато дека за време на првите пет години откако нивните институции четири од секоја комерцијално преземање банкротираа, мора да се признае дека ништо слично или приближно до ова се нема случено во комунистичките заедници. Па кога буржоаскиот печат, сакајќи да биде генијален, зборува за нудење на остров на анархистите на кој тие таму ќе си воспостават нивна заедница, потпирајќи се на нашето искуство ние сме подготвени да го прифатиме овој предлог, но да бидеме обезбедени со, на пример Isle de France(Париз) и над проценката на социјалното богатсво  да го добиваме нашиот дел од него. Само што ние веќе знаеме дека ниту Париз, ниту нашиот дел од општественото богатство ќе ни биде дадено на нас, ние некој ден ќе ги земеме и едното и другото преку средтвата на Социјалната револуција. Париз и Барселона во 1871-ва не беа многу далеку од тоа – а идеите станаа патоказ оттогаш.


Прогресот ни дозволува да видиме над сé, дека изолираниот град, прокламирајќи ја Комуната, ќе има големи потешкотии да опстои. Според тоа, експериментот треба да биде направен на територија, примерно, една од Западните држави, Ајдахо  или Охајо – како што предлагаат американските социјалисти, и тие се во право. На доволно голема територија, не во границите на еден град, ние мора некој ден да го спроведуваме во пракса комунизмот на иднината.


Ние толку многу пати имаме демонстрирано дека Државниот комунизам е невозможен, дека е бескорисно да се задржува на таа тема. Дополнителен доказ за ова е, лагите во модата дека верниците во државата, залагачите на социјалистичката држава самите не веруваат во Државниот комунизам. Дел од нив се преокупираат себеси со освојувањето на дел од моќта што денес ја има државата – буржоаската држава – и воопшто не се вознемируваат себеси со идејата дека нивната идеја за Социјалистичка држава е поразлична од системот на Државен капитализам под кој секој би бил функционер на државата. Доколку им го кажеме тоа дека тоа е нивната цел, тие се нервираат; сепак нѝ објаснуваат каков друг систем на општесто тие сакаат да воспостават. Бидејќи не веруваат во можноста за социјалната револуција во блиска иднина, нивната цел е да се стане дел од власта во буржаската држава денес и да остават на иднината да одлучи каде ова ќе заврши.


За оние што се обиделе да скицираат како би изгледала идната социјалистичка држава, тие го наоѓаат нашиот критицизам преку трвдење дека сé што сакаат се само бироа со статистики. Но ова е само играње со зборови. Освен тоа, одвратено е денес дека само статистиките од вредност се оние снимени од секоја индивидуа за себе, дадена возраст, занимање, социјален статус, или списоци на што продал или купил, произвел или потрошил.


Прашањата што треба да се постават се вообичаено од доброволна елаборација (од научници, статистички друштва) и работата на статистичките бироа се состои денес во дистрибуирање на прашањата, во аранжирање и механички сумирање на одговорите. За да се намали државата, владите до оваа функција и да се каже дека, преку „власта”, само ова ќе биде разбрано, значи ништо друго (кажано искрено) туку чесно повлекување. А јас морам навистина да признаам дека Јакобинците од пред триесет години се вратија бескрајно многу назад кон нивните идеали на диктатура и социјалистичка централизација. Никој не би се осмелил да каже дека производството или потрошувачката на компирот или оризот мора да се регулира од парламентот на Германската народна држава (Volksstaat) во Берлин. Овие блуткави нешта не се кажуваат повеќе.


Комунистичката држава е Утопија дадена веќе од своите следбеници и време е да се продолжи понатаму. Далеку поважно прашање што треба да се разгледа, навистина, е ова: дали анархистичкиот или слободниот комунизам не имплицира исто  така смалување на индивидуалната слобода?


Всушност, во сите дискусии за слободата нашите идеи се искривени од преживеаното влијание од минатите векови на слугинство и религиозна опресија.


Економистите претставија наметнат договор (под закана од глад) помеѓу господарите и работниците во вид на состојба на слобода. Политичарите, повторно, таканаречената сегашна држава на граѓанинот кој станал слуга и плаќач на данок на државата. Најнапредните моралисти, како Мил и неговите бројни следбеници, ја дефинираа слободата како право да се прави сé освен повредување на еднаквата слобода на останатите.  Настрана фактот дека зборот „право” е многу збунувачки термин предаден од минатите времиња, значејќи ништо или премногу, дефиницијата на Мил им овозможи на филозофот Спенсер, бројни автори и дури и по некои индивидуалистички анархисти да реконструираат судници и легални казни, дури до смртната казна, т.е. ја воведоа повторно, нужно, самата држава што тие восхитувачки ја критикуваа самите. Идејата за слободна волја е исто така скриена позади сите овие резонирања.  


Ако ги тргнеме настрана сите несвесни акции и ги сметаме само промислените акции (оние кои законот, религијата и казнените системи сами се обидуваат да влијаат) ќе најдеме дека секоја акција од ваков вид е претходена од некаква дискусија во човековиот мозок; на пример, „Ќе излезам надвор да се прошетам”, некој ќе помисли „Не, имам закажано со пријател” или  „Ветив дека ќе завршам една работа” или „Ќе ми биде жал за  моите жена и деца да ги оставам дома” или „Ќе ја изгубам работата ако не отидам на работа”.


Последната рефлексија го имплицира стравот од казната. Во првите три инстанци овој човек мора да се соочи само со самиот себе, неговата навика за лојалност, неговите симпатии. И тука лежи сета разлика. Ние велиме дека човекот што е принуден да резонира дека мора да се откаже од таков и таков ангажман поради страв од казна, не е слободен човек. И потврдуваме дека човештвото може и мора да се ослободи самото од стравот од казна, и дека не може да воспостави анархистичко општество во кое стравот од казната и дури несакањето да биде обвинет ќе исчезнат. Кон овој идеал ние маршираме. Но ние знаеме дека ние можеме да се ослободиме самите  ниту од навика за лојалност (држејќи се за зборот) ниту од нашите симпатии (стравот од задавање на болка на оние кои ги сакаме и на кои не им посакуваме да им зададеме болка или да ги разочараме). Во моментот кога започна да го гради својот брод, да ја култивира својата градина или да собира залихи за зимата, тој веќе беше заробен, апсорбиран од својата работа. Доколку бил мрзлив и сакал да остане да живее во мир во пештерата, тој се двоумеше за момент и сепак отиде да работи. Во моментот кога доби друштво од куче, и две-три кози и пред сé, откако го сретна Петко, тој не беше апсолутно слободен во онаа смисла во која овие зборови понекогаш се употребени во дискусии. Тој имал обврски, морал да мисли за интересите на другите, тој не беше повеќе совршениот индивидуалист кој понекогаш ние очекуваме да го видиме тоа во него.  Во моментот кога има жена или деца, се образовал себеси или се доверил на други (општеството), во моментот кога има домашно животно или дури само овоштарник кој треба да се наводнува во одредени часови – од тој момент натаму тој повеќе не е „безгрижникот”, „егоистот”, „индивидуалистот” кој понекогаш е претставен како слободен човек. Ниту на островот на Крузо, уште помалку во општеството од било каков вид, ваков тип постои.  Човекот зема и секогаш ќе ги зема предвид интересите на другите луѓе во пропорција со естаблишментот на релации од заеднички интерес помеѓу нив, а повеќе другите ќе ги потврдуваат овие сентименти и желби.


Оттука не наоѓаме друга дефиниција за слободата од следнава: можноста за акција без да се биде влијаен од оние акции преку стравот од казна од општеството(телесни ограничувања, закана за глад или дури и цензура, освен кога тоа доаѓа од пријател).
Разбирајќи ја слободата на овој начин – а ние се сомневаме дали поголема и истовремено пореална дефиниција за неа може да се најде – може да кажеме дека Комунизмот може да ја исчезне, дури и да ја искорени сета индивидуална слобода и во многу комунистички заедници тоа беше обидено; но може исто така да ја подобри оваа слобода до своите најголеми можности.


Сé зависи од фундаменталните идеи на кои здружувањето се основа. Не се работи за формата на здружувањето која што вклучува поробување; туку идеите на индивидуалната слобода кои ги носиме со нас за здружување кое го дефинира повеќе или помалку слободарскиот карактер на тоа здружување.


Ова се однесува на сите форми на здружување. Кохабитацијата на две индивидуи под истиот покрив може да води до поробување на еден од волјата на другиот, како што и може да доведе до слобода за двете. Истото се однесува и на семејството или на соработката на две лица во градинарство или во издавање на весник. Истото е и во однос на поголеми или помали здруженија, до секоја социјална институција. Оттука, во десеттиот, единаесеттиот и дванаесеттиот век ние среќаваме комуни на рамноправни, луѓе кои се рамноправни – а четири века подоцна ние ја гледаме истата комуна како повикува за диктатурата на свештеникот. Судиите и законите останаа, идејата за Римското право, на државата стана доминантно, додека оние за слободата, за рарешување на спорови преку арбитрација и применување на федерализам до највисокиот степен исчезнаа; оттука се појави ропството. Па, од сите институции или форми на социјална организација што биле испробани до ден денешен, комунизмот е онаа која гарантира најголемиот степен на индивидуална слобода – со тоа што идејата што ќе ја роди заедницата да биде слободата, анархија.


Комунизмот е способен за претпоставување на сите форми на слобода или на опресија која другите институции не се способни за тоа.  Може да произведе манастир каде сите имплицитно ќе се потчинуваат на наредбите на нивниот претпоставен, а може да произведе и апсолутна слободна организација, оставајќи ја целосната слобода на индивидуата, постоејќи сé додека здружените сакаат да останат заедно, наметнувајќи ништо никому, наместо да се биде анксиозен, треба да се брани, зголеми и прошири во сите насоки слободата на индивидуата. Комунизмот може да биде авторитарен (каде заеницата набрзо ќе се распадне) или може да биде анархистички. Државата, во спротивност, не може да биде ова. Таа е авторитарна или престанува да биде држава.
Комунизмот ја гарантира економската слобода подобро од било која друга форма на здружување, бидејќи може да ја гарантира благосостојбата, дури и луксузот, за возврат од неколку часа работа наместо целодневна работа. Сега, да се даде десет или единаесет часови слободно време(неработно) дневно од шеснаесетте што ги живееме свесно(спиејќи осум часа), значи да се зголеми индивидуалната слобода до онаа точка која беше еден од идеалите на човештвото веќе илјадници години.


Ова може да биде направено денес во комунистичко општество, човекот може да има едно десет часа неработно време. Ова значи еманципација од еден од најтешките товари од човековото ропство. Тоа е зголемување на слободата.


Да се признаат сите луѓе за рамноправни и да се одбие власта од човек на човека е уште едно зголемување на индивидуалната слобода до степен каде ниту една друга форма на здружување била признаена само како сон. Станува возможна само откако првиот чекор е преземен: кога човек ги има средствата за постоење и не е присилен да ги продава своите мускули и својот мозок на оние кои кондензираат за да ги експлоатираат.
Конечно, да се признаат повеќе различни занимања како основа за сиот прогрес и да се организира на таков начин што може да биде апсолутно слободен за време на неработното време, истовремено да може да си ја менува работата, промена за која неговото рано образование и инструкција ќе го подготват – ова може лесно да се стави во пракса во комунистичко општество – ова, повторно, значи еманципација на индивидуата, која ќе најде отворени врати во секоја насока за неговиот комплетен развој.


За останатите, сé зависи од идеите врз кои е заснована заедницата. Ние знаеме дека една религиозна заедница во која членови кои се чувствуваат несреќно и покажуваат такви знаци на нивните лица, обично се обраќале како: „Брате, ти си тажен. Сепак, стави среќна фаца, инаку ќе им влијаеш на другите браќа и сестри”. А знаеме дека заедниците од седум членови, едни од кои се поместија од номинацијата на четири комитети: градинарење, начини и средства, одржување на домот, и извозување, со апсолутни права за претседателот на секој комитет. Секако постоеле заедници кои се основале над или биле освоени од „криминалци на авторитет” (посебен вид препорачан за наше внимание од Ломброуз) и голем број заедници основани од луди поддржувачи на апсорпција на индивидуата од општеството. Но овие луѓе не се производ на комунизмот, туку на христијанството (еминентно авторитарно во својата суштина) и од римскиот закон, државата.


Фундаменталната идеја на овие луѓе кои држат дека општеството не може да постои без полиција или судии, идејата за државата, е постојана опасност за сета слобода, а не е фундаментална идеја на комунизмот – кој се состои од трошење и произведување без калкулација на точниот дел на секоја индивидуа. Оваа идеја, напротив, е идеја за слободата, за еманципацијата.


Така дојдовме до следниве заклучоци: Обиди за комунизам кои досега паднаа поради:

  1. Беа основани на стимул од религиозен карактер наместо да се смета заедницата само како средство за економска потрошувачка и производство,
  2. Се изолираа од општеството,
  3. Беа задоени со авторитарен дух,
  4. Беа изолирани наместо федерирани,
  5. Бараа од своите членови толку многу труд, а им оставаа толку малку неработно време и
  6. Беа моделирани во форма на патријархално семејство наместо да се има за цел најголемата еманципација на индивидуата.

Комунизмот, што е еминетно економска институција, не прејудицира на никаков начин количеството на слобода загарантирана на индивидуата, иницијаторот, бунтовникот против искристализираните обичаи. Може да биде авторитарен, што нужно води до смрт за заедницата, а може да биде и слободарски, каде во дванаесеттиот век дури и под парцијалниот комунизам на младите градови од тоа време, водеше до креацијата на млада цивилизација полна со енергија, нова пролет во Европа.


Единствената  долготрајна форма на комунизам, сепак, е една под која, да се гледа блискиот контакт помеѓу другарите што ги носи заедно, секој напор да се направи до степенот на слобода на индивидуата во сите можни правци.


Под такви услови, под влијанието на оваа идеја, слободата на индивидуата, зголемена веќе од количеството на неработно време обезбедено за него, ќе биде прекината на никој друг начин освен појавувања денес за општинскиот гас, испорака на храна куќа до куќа од големи продавници, модерни хотели или преку фактот дека за време на работните саати ние работиме рамо до рамо со илјадници наши работници.


Со анархија како цел и како средство, комунизмот станува возможен. Без неа, тој нужно станува ропство што не може да опстои.