Бездржавен Социјализам: Анархизам


 Михаил Бакунин

 

Ефект на Големите принципи прокламирани во Француската револуција. Уште од времето кога Револуцијата им го даде на масите своето Евангелие - не мистичното туку рационалното, не небесното туку земното, не божественото туку човечкото Евангелие, Еванглието на Правата на човекот - уште од тогаш тоа прокламираше дека сите луѓе се еднакви, дека на сите луѓе им следува слобода и еднаквост, а масите на Европските земји, од сиот цивилизиран свет, градуално будејќи се од сонот кој ги држеше во ропство уште од Христијанството кое ги влечеше со својот опиум, започнаа да се прашуваат дали и тие имаа право на еднаквост, слобода и хуманост.

Откако беше поставено прашањето, луѓето, водени од нивниот воодушевувачки здрав разум, како и од нивните инстинкти, сфатија дека првиот услов на нивната вистинска еманципација или на нивната хуманизација, беше над сé една радикална промена во нивната економска ситуација. Прашањето на секојдневниот леб за нив е, праведно, првото прашање, како што беше забележано од Аристотел, човекот со цел да мисли, со цел да се чувствува слободен, со цел да стане човек, мора да се ослободи од материјалните грижи од секојдневниот живот. За таа цел, буржоазијата, кои се толку гласни во нивните извици против материјализмот на народот и кои им проповедаат на истите за апстиненцијата на идеализмот, знаат многу добро, бидејќи тие го проповедаат само со зборови, но не и со дела.
Второто прашање што се поставува пред народот - слободното време после работа – е неопходен услов на човештвото. Но лебот и слободното време не може да се добијат надвор од радикална трансформација на постоечкото општество, а тоа објаснува зошто револуцијата, поттикната од импликациите на сопствените принципи, го роди Социјализмот.

Социјализмот е правда... Социјализмот е правда. Кога зборуваме за правда, ние не мислиме на правдата која се содржи во законите и Римското право - кои се засновани во голем дел над факти на насилство постигнати со сила, насилство осветено од времето и благословите од некоја црква или други (христијански или пагански) и како такви прифатени за апсолутни принципи, од кои сите закони треба да се донесени преку процес на логичко резонирање - не, ние зборуваме за правдата која се базира само на човечката совест, правдата што треба да биде пронајдена во свеста на секој човек - дури и во децата - а која може да биде изразена со еден збор: справедливост.

Универзалната правда која, должејќи на освојувањата со сила и религиозните влијанија, сé уште не преовладала во политичките или економските светови, треба да постане основата за новиот свет. Без неа не може да има слобода, ниту република, ниту просперитет, ниту мир. Таа мора да управува со своите резолиции со цел ние да работиме ефективно кон воспоставувањето на мирот. И оваа правда нé повикува да ги браниме интересите на ужасно малтретираните луѓе и да ја бараме нивната економска и социјална еманципација заедно со политичката слобода.

Основниот принцип на социјализмот. Ние не предлагаме тука, господа, овој или било кој друг социјалистички систем. Тоа што ние го бараме сега е прокламирањето на нов голем принцип на Француската револуција: дека секое човечко суштество мора да има материјални и морални средства за да ја развие сета негова човечност, принцип кој, според нашето мислење, треба да се преведе во следниот проблем.

Да се организира општеството на таков начин што секој индивидуа, маж или жена, треба да најде, при влегувањето во животот, приближно еднакви средства за развојот на неговите или нејзините различни способности и нивната примена во неговата или нејзината работа. И да се организира такво општество што, оневозможувајќи ја експлоатацијата на нечиј труд, ќе овозможи на секоја индивидуа да ужива во социјалното богатство, кое во реалноста се произведува само со колективен труд, но да ужива сé додека директно придонесува кон создавањето на тоа богатство.

Државничкиот социјализам, одбиен. Извршувањето на оваа задача ќе има потреба од вековен развој. Но историјата веќе го има донесено пред нас и оттука ние не може да го игнорираме без да се осудиме за крајна импотенција. Ние брзаме да додадеме тука дека ние жестоко го одбиваме секој обид за социјална организација кој нема да ја признае потполната слобода на индивидуите и организациите, или која ќе има потреба од поставување на било каква униформна и строга моќ. Во името на слободата, која ние ја препознаваме како единствената основа и единствениот принцип на организација, економска или политичка, ние ќе протестираме против сé што оддалеку наликува на Државен комунизам или Државен социјализам.

Напуштањето на законот за наследување. Еднинственото нешто што, по мое мислење, треба прво да се модифицира малку по малку е законот за наследување, така што поскоро да се дојде до негово напуштање. Законот е чисто креација на Државата и денес од условите на постењето на авторитарната и божествената држава може и треба да биде напуштен со слобода во Државата. Со други зборови, Државата треба да се распадне самата во општество слободно организирано според принципите на правдата. Правото на наследство, според нашето мислење, треба да се напушти, бидејќи сé додека постои ќе постои и наследствена економска нееднаквост, не природната нееднаквост на индивидуите, туку вештачката нееднаквост на класите – а посленото секогаш ќе раѓа наследна еднаквост во развојот и обликувањето на умовите, продолжувајќи да биде извор и осветување на сите политички и социјални нееднаквости. Задачата на правдата е да воспостави еднаквост за сите, колку и да зависи таа еднаквост од економската и политичката организација на општеството – еднаквост со која секој ќе го започне својот живот, сите ќе бидат водени од сопствената природа, ќе биде производ на сопствените напори. Според нашето мислење сопственоста на починатите треба да се натрупува во социјален фонд за инструкција и едукација на децата од двата пола, вклучувајќи го и одржувањето од раѓањето па сé до староста. Како Словени и како Руси, ќе додадеме дека со нас е фундаменталната социјална идеја, заснована над генералниот и традиционалниот инстинкт на нашите населенија, таа е дека сопственоста на сите луѓе, треба да се поседува само од оние кои ја култивираат со нивните сопствени раце.

Ние сме убедени господа, дека овој принцип е праведен, дека е суштински и неизбежен услов на сите сериозни социјални реформи, и последователно Западна Европа за возврат нема да потфрли во препознавањето и прифаќањето на овој принцип, и покрај тешкотиите на реализацијата во земјите како Франција, на пример каде мнозинството од селаните ја поседуваат земјата која ја култивираат, но кога поголемиот дел од овие селани ќе поседуваат скоро ништо должејќи на распарчувањето на земјата кое доаѓа како неизбежен резултат на политичкиот и економскиот систем кој преовладува сега во Франција. Но сепак ние ќе се воздржиме од нудење на било какви предлози за прашањето на земјата... Ние ќе се ограничиме самите сега на предлагање на следната декларација:

Декларацијата на социјализмот. „Убедени сме дека сериозната реализација на слободата, правдата и мирот би била невозможна сé додека мнозинството од населението остане беспоседно од елементарните потреби, сé додека е лишено од образованието и е осудено на политичка и социјална незначителност и ропство – фактички и законски – со сиромаштијата како и со потребата од работа без одмор или слободно време, произведувајќи го сето богатство од кое сега светот се гордее и добивајќи за возврат само мал дел од истото што едвај достасува за да се осигура животот за следниот ден;

Убедени сме дека сета маса од населението, ужасно малтретирана низ вековите, проблемот за лебот е проблем на менталната еманципација, на слободата и хуманоста;

Убедени сме дека слободата без социјализам е привилегија и неправда, а дека социјализмот без слобода е ропство и бруталност;

Лигата [за мир и слобода] гласно ја прокламира потребата од радикална социјална и економска реконструкција, земајќи за цел еманципацијата на народниот труд од јаремот на сопствениците на капиталот и поседот, реконструкција базирана на строга правда – ниту судска, ниту теолошка, ниту метафизичка правда, туку едноставно хумана правда – на позитивната наука и на најшироката слобода.“

Организацијата на производствените сили на местото на политичката сила. Потребно е да се напушти комплетно, и во принцип и фактички, сé што се нарекува политичка моќ; бидејќи, сé додека постои политичката моќ, ќе постојат и владетели и владеани, господари и слуги, експлоататори и експлоатирани. Откако ќе биде напуштена, политичката моќ треба да се замени со организација на производствените сили и економските услуги.

И покрај енормниот развој на модерните држави – развој чија крајна фаза е прилично логично сведување на државата до апсурд – станува евидентно дека деновите на Државата и Државниот принцип се бројат. Веќе можеме да видиме приближување до целосна еманципација на работничките маси и нивната слободна социјална организација, слободна од владина интервенција, формирана со економски здружувања на луѓето и тргајќи ги настрана сите стари државни граници и национални дистинкции, и имање на своја основа само на продуктивниот труд, хуманизираниот труд, имајќи еден заеднички интерес наспроти различноста.

Идеалот на народот. Овој идеал, се разбира, се појавува кај народот како означување пред сé на крајот од немаштијата, на крајот од сиромаштијата, и целосно задоволување на сите материјални потреби преку средства на колективен труд, еднаков и задолжителен за сите, а потоа, како за крај на доминацијата и слободната организација на човечките животи, надвор од сите влади и парламенти, слободен сојуз на здруженија на земјоделски и фабрички работници, на заедници, региони и нации, и конечно, во поблиската иднина; универзалното човечко братство, триумфирајќи над урнатините на сите држави.

Програмата на Слободното општество. Надвор од системот на Мацини кој е систем на републиката во форма на државата, не постои друг систем освен оној на републиката како комуна, републиката како федерација, социјалистичка и вистинска народна република – системот на анархизам. Тоа е политиката на Социјалната револуција, која се стреми да ја напушти Државата, а да ја постигне економската, воедно, слободната организација на народот, организација од дното нагоре, преку федерација.

... Нема да постои можност на постоење на политичка влада, бидејќи таа влада ќе се трансформира во едноставна администрација на заедничите прашања.

Нашата програма може да се сумира во неколку зборови:

Мир, еманципација и среќа на угнетените.

Војна на сите угнетувачи и сите пљачкосувачи.

Целосен надомест на работниците: сиот капитал, сите фабрики и сите инструменти за работа и сурови материјали да одат за здруженијата, а земјата за оние кои ќе ја култивираат со нивните сопствени раце.

Слобода, правда и братство за сите човечки суштества на земјата.

Еднаквост за сите.

До сите без никаква разлика, сите средства за развој, образование и воспитување, и еднаквата можност за живеење додека се работи.

Организирање на општеството преку слободна федерација од дното нагоре, преку работничките здруженија, индустриските како и земјоделските, научните како и литерарните здруженија – прво во комуна, потоа како федерација од комуни во региони, од региони во нации, и од нации во интернационално братско здружение.

Точни тактики за време на револуцијата. Во социјалната револуција, каде сé е во дијаметрална спротивност со политичката револуција, гласот на индивидуите речиси и не се зема во предвид, каде што спонтаната акција на масите е сé. Сé што може индивидуите да направат е да разјаснат, пропагираат и да работат на идеите кои кореспондираат со народниот инстинкт, и уште повеќе, да ги вложат нивните непрестајни напори во револуционерната организација на природната моќ на масите – но ништо повеќе од тоа; останатото може и треба да биде направено од самите луѓе. Секој друг метод би водел до политичко диктаторство, до повторното појавување на Државата, на привилегиите и нееднаквостите на сите угнетувања на Државата – т.е. би водело до заобиколен, но логичен начин кон воспоставувањето на политичкото, социјалнато и економското ропство на масите од народот.

Варлин и неговите пријатели, како сите искрени социјалисти, и воопшто како сите работници кои се родени и израснати меѓу луѓето, ја делат во висок степен оваа перфектно легитимна пристрасност против изолираните индивидуи, против доминацијата спроведена од супериорните индивидуи, и пред сé се конзистентни, тие ја прошируваат истата предрасуда и недоверба на нивните сопствени личности.

Револуција преку декрети е осудена на пропаст. Спротивно на идеите на авторитарните комунисти, воедно залудни идеи според моето мислење, дека Социјалната револуција може да се донесе со декрет и организира преку диктатурата или Уставно собрание – нашите пријатели, Париските социјал-социјалисти, сметаат дека револуцијата може да се донесе до потполн развој само преку спонтана и континуирана масовна акција од групи и здруженија од луѓе.

Нашите Париски пријатели беа илјада пати во право. Бидејќи, навистина, не постои ум, колку што може да се окарактеризира со квалитетот на генијот; или ако зборуваме за колективно диктаторство кое се состои од неколку стотици извонредно способни индивидуи – не постои комбинација на интелекти толку широка за да биде способна да ги опфати сите бесконечни мноштва и различности на реалните интереси, аспирации, волји, и потреби конституирајќи во нивната тоталност колективната волја на луѓето; не постои интелект што може да конструира социјална организација способна за задоволувањето на секого и сите.

Таква една организација некогаш ќе биде Прокрустов кревет во кој насилството, повеќе или помалку санкционирано од Државата, би го присилувало несреќното општество. Но тоа е овој стар систем на организација базиран на сила што Социјалната револуција треба да му стави крај, со давање на целосна слобода на масите, групите, комуните, здруженијата и дури и индивидуите, и со уништувањето еднаш за секогаш, сета историска кауза на сето насилство – самото постоење на Државата, падот кој ќе го повлече со себе уништувањето на сите неправди од судското право и сета фалшливост на различните култови, чие право од тие култови било отсекогаш само едно едноставно услужливо осветување, идеално како и реално, на сето претставено насилство, гарантирано и авторизирано од Државата.

Евидентно е дека само кога Државата ќе престане да постои, човештвото ќе ја добие својата слобода, и вистинските интереси на општеството, на сите групи, на сите локални организации и исто така на сите индивидуи кои што формираат таква организација, ќе ја најдат нивната вистинска сатисфакција.

Слободна организација за потоа да следи напуштањето на Државата. Напуштањето на Државата и Црквата треба да биде првиот и неопходен услов на вистинското ослободување на општеството. Само после тоа општеството може и треба да започне со сопствената реорганизација; што, сепак, не треба да се случи од врвот кон дното, не според идеалниот план мапиран од неколку учени и мудреци, и не преку средства на декрети објавени од некоја диктаторска моќ или дури и од Национално собрание избрано со универзално гласање. Таков систем, како што веќе кажав, неизбежно би водел до формирање на владина аристократија, т.е. класа на лица која нема ништо заедничко со народните маси; и сигурно, оваа класа ќе се сврти повторно кон експлоатирање и замајување на масите под претекстот на општото добро или за спасот на Државата.

Слободата мора да оди рака под рака со еднаквоста. Јас сум убеден застапник на економската и социјалната слобода, бидејќи знам дека надвор од оваа еднаквост, слобода, правда, човечко достоинство, морал, и благосостојба на индивидуите како и просперитетот на нациите не се ништо друго освен фалшливости. Но истовреме сум и застапник за слободата – првиот услов на човештвото – верувам дека еднаквоста треба да биде воспоставена во светот преку спонтана организација на трудот и колективната сопственост, преку слободна организација на здруженијата на произведители во комуни, и слободна федерација на комуни – но во никој случај преку средства на врховна старателска акција на Државата.

Разликата помеѓу авторитарната и слободарската револуција. Тоа е точка која ги разделува социјалистите или револуционерните колективисти од авторитарните комунисти, застапниците на апсолутната иницијатива на Државата. Целта на двете е иста: двете страни сакаат создавање на нов општествен поредок базиран исклучиво на колективниот труд, под економските услови што се еднакви за сите – т.е. под условите на колективната сопственост над средствата за производство.

Само комунистите замислуваат дека тоа може да постигне преку развојот и организација на политичката моќ на работничката класа, и главно на градскиот пролетеријат, помогнат од буржоаскиот радикализам – додека пак револуционерните социјалисти, непријателите на сите замрсени сојузи, веруваат во спротивното, дека оваа заедничка цел може да се постигне не преку политичката, туку преку социјалната(и оттаму антиполитичка) организација и моќ на работничките маси од градовите и селата, вклучувајќи ги и оние кои преку припадноста со раѓањето на повисоките класи, раскинале со нивното минато преку нивната слобдона волја, и отворено се приклучиле на пролетеријатот и ја прифатиле неговата програма.

Методите на комунистите и на анархистите. Оттука двата различни методи. Комунистите веруваат дека е потребно да се организираат силите на работниците со цел да се запоседне политичката моќ на Државата. Револуционерните социјалисти се организираат во поглед на уништување или ако преферирате порафиниран израз, ликвидирање на Државата. Комунистите се застапници на принципот и на праксата на авторитетот, додека револуционерните социјалисти ја сметуваат нивната верба само во слободата. И двете страни подеднакво се застапници на науката, која е за да се уништи суеверието и да го заземе местото на верата; но првите сакаат да се наметне науката над луѓето, додека револуционерите колективисти се обидуваат да ја фузираат науката и знаењето меѓу луѓето, така што различните групи во човечкото општество, кога убедени со пропаганда, може да се организираат и спонтано да се комбинираат во федерации според нивните природни тенденции и нивните вистински интереси, но никогаш според план зацртан однапред и наметнат над неписмените маси од неколку „супериорни“ умови.

Револуционерните социјалисти веруваат дека постои многу попрактичен разум и интелигенција во инстинктивните аспирации и реалните потреби на масите од народот одошто во просветлените умови на сите учени доктори и самоназначени тутори на човештвото, кои, имајќи ги пред себе жалните примери на многу безуспешни обиди да се направи човештвото среќно, сé уште намеруваат да работат во истата насока. Но револуционерните социјалисти веруваат дека, напротив, човештвото дозволило да биде владеено предолго, и дека изворот за сопствената несреќа лежи не во оваа или било која форма на власт, туку во принципот и самото постоење на власта, без разлика на нејзината природа.

Оваа разлика во мислењата, која веќе стана историска, што сега постои помеѓу научниот комунизам, развиен од Германската школа и делумно прифатен од американскте и англиските социјалисти, и прудонизмот, екстензивно развиен и туркан до крајните заклучоци и сега прифатен од пролетаријатот од латинските земји. Револуционерниот социјализам го направи своето прво брилијантно и практично појавување во Париската Комуна.

На Пангерманското знаме е запишано: Чување и зајакнување на Државата по било која цена. На нашето знаме, на социјал-револуционерното знаме, спротивно, е запишано, со огнени и крвави букви: Уништувањето на сите држави, поништување на буржоаската цивилизација, слободна и спонтана организација од дното нагоре, преку средства на слободни здруженија, организацијата на толпа работници, на сето еманципирано човештво и создавањето на нов универзален хуман свет.

Пред креирањето или подобро помагањето на луѓето да ја создадат оваа нова организација потребно е да се постигне победа. Потребно е да се отфрли тоа што е, со цел да се овозможи воспоставувањето на тоа што треба да биде...