Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Како да им помогнеме на децата од улицата?

Go down

Како да им помогнеме на децата од улицата?

Пишување by netocka on Пон Aвг 02, 2010 12:34 pm

Децата од улицата, знајте кој се, тоа се децата кои питаат на улица, почнуваат да пушат, да се дрогираат, да се проституираат....
И така вчера во паркот ми дојдоа 3 деца, 3 чупина, 6,9 и 13 годишна возраст. А ги знам трите од на улица. Понекогаш си играме заедно. И ми ја кажаја нивната приказна. Татко им бил в затвро, мајка им се премажила, живеат со тетка им, помалите деца се дадени во домот. На улица се од утро до мрак и питаат. Рекоа дека некој им рекол дека ќе ги пикни во комбето и ќе ги продаде во италија и дека тој некој ги следи... Најмалоте беше најслабо облечено и се тресеше од студ...
Anyway, со мене беа и две другарки. И едната почна да не убедува дека решение за сите тие деца што се на улица е да не се раѓаат воопшто то ест да се стрелилизирале мајките! И тоа онака како што ги стерилизираат кучките! Глупости!! Дека тие се искварени до срж и такви и ќе бидат, дека ете и овие 3 деца ќе бидат исти и бла бла бла... мене сето тоа ми мириса на расизам....Sad

netocka

Број на мислења : 95
Registration date : 2008-09-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Како да им помогнеме на децата од улицата?

Пишување by spartacus on Чет Aвг 05, 2010 8:50 pm

мене поќе ми мириса на суровоста на капитализмот

spartacus

Број на мислења : 39
Location : Битола
Registration date : 2010-02-07

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Како да им помогнеме на децата од улицата?

Пишување by Секс Објект on Нед Aвг 08, 2010 11:00 pm

Јас размислував да ги седнам и да ги учам да читаат и да ги воспитувам (барем јас како што мислам дека е во ред). Во меѓувреме да им давам и храна и облека. После ми текна дека тие деца намерно ги осакатуваат и ги оставаат голи и боси, за да се сожалува народот и да им дава пари.

Бтв, нели во Битола имаше дом за сираци?
avatar
Секс Објект

Број на мислења : 210
Age : 31
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Како да им помогнеме на децата од улицата?

Пишување by netocka on Пон Aвг 09, 2010 8:08 pm

Decata se srekni na ulica, si igraat i mnogu se bezgrizni ama golemite ne cinat...
Domot e vo uzasna sostojba.. Instituciite ne pomagaat ama bash ich!
A sakaja da napravat kako centar,kako dneven prestoj za decata od ulicata vo Streliste (edna naselba vo Bitola)i zitelite na naselbata napravija peticija, v kraj rasisticka, i ne napravija(ako ke im vleguvale po drvorovite i po kukite i ke kradele i takvi nekoj prikaski). Ama i centar da napravat retko koj saka da mu pomogni na ovie deca, site gledat da izvelcat nekoj grant, nekoj proket, nekoj profit od nivnata maka...
I mnogu me nerivra so "obicnite" luge resenieto za toa sho se poke deca se na ulica go gledat vo nasilno steriliziranje na majkite!


netocka

Број на мислења : 95
Registration date : 2008-09-18

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Како да им помогнеме на децата од улицата?

Пишување by Карирана овца on Чет Окт 28, 2010 8:30 pm

Има неколку дечиња во градов кои ми идат во пресрет и питаат, им имам дадено пари неколку пати. Ама пред некое време едно од нив го видов со цигари, друго така добро издотерано за нашколо, третото со пирс на уво и се осеќав коо дебил. Јас ќе им давам пари и кога мене најмногу ми требаат, а тие ќе ги трошат на нешто сосема бескорисно. Питањево најверојатно им е само некоја добра социјализирачка игра од која имаат профит, башка си имаат и униформа за питање...
Оној кој навистина има потреба од помош ќе се задоволи и храна да му дадеш, штета што расипани дерлиња како овие што ги опишав ги убиваат можностите за помош.
avatar
Карирана овца

Број на мислења : 4
Registration date : 2010-10-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Како да им помогнеме на децата од улицата?

Пишување by Pandonetti on Пет Окт 29, 2010 12:44 am

Temava ima mnogu dobar naslov, humanisticki i socijalen bas kako sto mu treba na krvaviov i bezdusen kapitalisticki svet. Najmnogu mozeme da im pomogneme na gladnite deca, i onie koi ziveat na ulica ako najdeme nacin da zememe od onie koi imaat premnogu i da go prefrlime na onie koi imaat premalku. Za ova ne treba da se biraat sredstva. Edinstveno treba tie da bidat nenasilni i neprimetni, kako bi go zastitile nasiot telesen integritet i bi prodolzile da dejstvuvame.
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 38
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Ои

Пишување by р on Пон Ное 01, 2010 2:18 am

Може да им се помогне на безброј начини! Најважното е дали имаш време, желба и идеја за тоа (колку и ова сурово да звучи, сепак не си крив ни ти, ни јас, ниту пак некој друг од форумов-најверојатноSmile-за нивната ситуација). Постојат два добри начини според мене и двата највеќе би функционирале во целосно слободен пазар поради една причина-Се зголемува продуктивноста и рационалноста на користење на ресурсите со што општеството, вклучувајќи не и нас, стануваме побогати. Кога стануваме побогати (ова е научно докажано, не е само мое мислење) се менува економскиот редослед на работи кои ги вреднуваме и степенот на нашето вреднување. Пример: стануваш побогат и веќе ти се обезбедени основните услови за живот, па почнуваш да размислуваш да се опуштиш, да донираш некој денар, итн. Но, вредносната скала се менува правопропорционално со заробетениот доход (иако не е ова општо важечко правило како што ни покажале неколку историски па и неколку живи примери). Понатаму, самиот слободен пазар ја носи со себе поделбата на трудот, односно секој да го работи она за кое што е најспецијализиран (нормално, имаш и хоби и слично, но во едно си најдобар и имаш компаративна предност пред другите). Ваквата поделба на трудот условува соработка, иначе нема да функционира. А соработката зближува и развива морални чувства, чувства за другите (не е ова правило-секогаш ќе има луѓе-во било кои систем-кои ќе сакаат да злоупотребат и да живеат на грбот на другите). Со самото тоа што го имаме овој форум да дискутираме на темава ни кажува дека моралните чувства во овој систем СЕ РАЗВИЕНИ. Не е системот бездушен-луѓето СЕ СИСТЕМОТ. Од нас зависи!
Значи едниот начин е да станеш побогат и повлијателен за да можеш вистински, систематски, долготрајно да им помогнеш. Не е само до дај им десет денари-краткотрајно е-не го решаваш нивниот статус. И најчесто им даваш пари од сожалување-тебе ти е тешко кога ги гледаш како питаат, но ТЕБЕ ти е полесно кога им даваш. Не викам дека не треба да им дадеш 10 денари или нешто друго (it's your call!) но, мислам дека ефектот е скоро еднаков на нула и екстремно краткотраен.
Вториот начин (кој може да биде многу ефективен) е да направиш или да се зачлениш во непрофитна организација која се бори за нивните права и да делуваш на сите полиња на кои имаш капацитети. Нема голема филозофија.

п.с. (До Пандонети и до Спартакус) Разбирам дека на форумов грото се комунисти по идеологија и нема ништо нелегитимно во сето ова. Но, има многубројни неиздржани напади врз капитализмот како систем (не, дека нема простор за критика-но кога се критикува би било добро да биде издржано). Сиромаштијата нема скоро никаква врска со капитализмот. Дури историските и емпириските докази го говорат токму спротивното. Пред да се појави капитализмот како општествено уредување (во 18тиот век) сиромаштијата, нееднаквоста, просечното траење на животот, итн., биле далеку помизерни него во првите десет години од појавата на теоријата на слободниот пазар, либерализмот и капитализмот само како нивен економски систем (а да не зборуваме за понатаму кој успех бележи капитализмот на овие полиња-стагнацијата се должи на неговото ништење и стопирање, а не неговото функционирање!). И дури денеска во капиталистичките земји (според вас, скоро сите држави-според мене, скоро ниедна!) има далеку подобар животен стандард и понизок процент на сиромашни, него во денешните сеуште социјалистички земји во кој скоро сите СЕ СИРОМАШНИ.
"Najmnogu mozeme da im pomogneme na gladnite deca, i onie koi ziveat na ulica ako najdeme nacin da zememe od onie koi imaat premnogu i da go prefrlime na onie koi imaat premalku". Се плашам дека тука доброволно се подразбира со "милоста" на државата и нејзината "мила и добра" рака (анархистички начин нели?-иако е МАРКСИСТИЧКИ-види Комунистички Манифест). И кој ќе одреди кој има премногу а кој премалку и кој на кого да даде? Претпоставувам сите оние кои го презираат капитализмот и капиталистите нели? И нормално, ова ќе биде "доброволно". Ах, ништо не се менува!
Патем, реченицава (идејата на Пандонети) потекнува од митот за Робин Худ. Демек крадел од богатите и давал на сиромашните. Но, ништо не е повеќе грешно од ова. Робин Худ ВРАЌАЛ тоа што е сопственост на сиромашните, бидејќи Кралот на Англија во тој период ги зголемил толку многу давачките што народот немал начин како да ги плати. Затоа, Кралот пратил свои луѓе и им мавал рекет од земјоделските приноси на народот. Робин Худ не КРАДЕЛ од богатите и давал На сиромашните. Туку тоа што било во СОПСТВЕНОСТ НА СИРОМАШНИТЕ и БИЛО ЗЕМЕНО СО СИЛА ОД ЛУЃЕТО БЛИСКИ НА КРАЛОТ го ВРАЌАЛ НАЗАД НА ОНИЕ КОЈ ИМ ПРИПАЃА. Робин ХУд бил еклатантен пример за човек кој почитувал ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ и на сите оние ПЛОДОВИ кои ПОТЕКНУВААТ ОД ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ.
Капитализмот е само идеја која вели дека човекот е сопственик на самиот себе и на се што ќе произведе со своите раце, вклучувајќи го и капиталот и се друго. Што ќе прават со нивната сопственост е нивна работа, се додека не нанесуваат материјална штета на другите.Бидејќи владее целосна приватна сопственост и поделба на трудот луѓето сфаќаат дека мора да соработуваат инаку крајот не им е далеку. И од овие неколку едноставни идеи почнува да се развива општеството напред. Маркс греши. Не зависи се од материјалните сили. Прво се појавува идејата на приватната сопственост како правен поим кој треба да го гарантира, па потоа почнува процесот на развојот на капитализмот. Идејата го менува системот и материјалните силе, не обратно! Ова е заклучокот на еден од најголемите историчари и експерти за овој период- Браудел. Патем, Браудел бил Марксист!!!
п.п.с. Заклучокот ми е дека сиромаштијата нема никаква врска со капитализмот и дека постојат многу начини како да им се помогне на децата од улицата. Но, тие начини не се земи од НЕКОЈ ДРУГ. Баш напротив. ОДЗЕМИ НЕШТО ОД СЕБЕ (време, труд, чувства, идеи, пари, итн) и искористи го за да им помогнеш! Но, Марксистите (А НЕ АНАРХИСТИТЕ) имаат поразличен поглед на што на кого му припаѓа...така да, тука мислам дека тешко е да се согласиме! Сепак, стојам позади мојот совет како да им се помогне на децата од улицата!
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Како да им помогнеме на децата од улицата?

Пишување by Pandonetti on Пон Ное 01, 2010 2:52 am

Ke se potrudam da bidam sto pokratok.
Slobodniot pazar kako sto Rothbard spomena pogore kako odlika na kapitalizmot, i slobodata da go poseduvas ona sto ke go zarabotis vsusnost i ja predizvikuvaat siromastijata i decata na ulica kako nejzin stranicen efekt. Imeno ako nekoj ima pogolema sposobnost od drug na poleto na slobodniot pazar ke zaraboti poveke od nekoj so pomala sposobnost. Na toj nacin le stekne poveke kapital (ke prigrabi poveke resursi, otkolku sto mu treba za obicna egzistencija) a bidejki kapitalot/resursite se ograniceni ke mu odzeme na nekoj drug del od resursite koi naturalno mu pripagjaat zaedno so pravoto na zivot za da moze da go odrzi toa pravo. Zemajki mu gi osnovnite resursi na nekogo mu go odzimas pravoto na zivot. A bidejki nikoj dobrovolno ne se otkazuva od kapitalot, nikogas nema trajno da se resat problemite na siromasnite lugje i se ke se svede na dadenite 10 denari. Inaku ne se soglasuvam deka vo kapitalistickoto opstestvo najbogato i najdolgo se zivee--mozebi da vo sporedba so feudalizmot, no ne i vo sporedba so socijalizmot i relaksiranosta kaj lugjeto koja proizleguva od pravilnata raspredelba/alokacija na resursite. Spored ova najednostaven nacin da se resis od siromastijata e da gi urnes ogromnite klasni i materijalni razlki pomegju lugjeto kako odlika na kapitalizmot. Mozebi i kapitalizmot nemase da bide tolku los dokolku kaj lugjeto izgradese custvo za drugite i samokocnica, pa taka da sekoj zarabotuvase kolku treba a drugoto go razdavase na onie koi nemaat. No vo kapitalizmot takvo dobrovolno dejstvuvanje ne postoi bidejki nikoj ne se otkazuva lesno od svojot komfor, a i uslovite vo kapitalizmot se tolku surovi sto nikoj ne saka da ostane bez kapital vo idninata pa istiot go trpa kako bi se obezbedil od "nesakani" posledici. Moralot vo kapitalizmot e mnogu nizok, tamu se e na prodavanje. Samo mal primer e razvratnosta i prostitucijata koja se pojavi vo bivsite SSSR republiki po raspadot na komunizmot. Taka da vo pogled na decava na ulica se se sveduva na toa da mrznat nadvor dodeka nie si se greeme i uzivame vo nasite udobni domovi koi sme gi steknale na "slobodniot pazar" nemajki nikakov obzir sprema ponesposobnite odnas. Ova dokazuva deka kapitalizmot vo sebe ima niska na materijalen fasizam, koj odi vo selekcija i eliminacija na onie "ponesposobnite" koi neumesno plivaat na "slobodniot pazar"
Toa so robin hud e dobra zabeleska, samo sto zaboravi da kazes deka robin hud bil covek so istenceno svakjanje za ednakvosta i humanosta. Deka gi pocituval zakonite/pravoto malku tesko bidejki kradel od kralot i bogatite a togas zakonite i te kako gi stitele niv.
Smetam deka pogore navedenite naodi pretstavuvaat fakti bidejki se usloveni od kauzalno-posledicniot mehanizam na objasnuvanje koj logicki gledano e nepogresliv.
Quod me nutrit, me destruit
avatar
Pandonetti

Број на мислења : 136
Age : 38
Location : Skopje
Registration date : 2010-08-26

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Како да им помогнеме на децата од улицата?

Пишување by р on Вто Ное 02, 2010 3:20 pm

Убав одговор Пандонети. Мило ми е што дебата се одвива без навреди и глупави забелешки! Тоа е Одлично барем додека работите се одвиваат само во дискусија. Имам одговор на коментарот и ќе одговорам деновиве, не можам сега на работа сумSmile. Поздрав.
avatar
р

Број на мислења : 206
Registration date : 2010-10-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Како да им помогнеме на децата од улицата?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот