АНАРХИЈА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Similar topics
    Site Meter

    Како до Анархизам?

    4 posters

    Go down

    Како до Анархизам? Empty Како до Анархизам?

    Пишување by р Пет Дек 09, 2011 2:41 pm

    Па, прво со соодветна само - едукација. Главната област која е „must have", барем основно познавање, е економската наука/област/знаење. За жал, мн анархо-комунисти кои биле добри економисти нема и главно целата економска теорија им се заснова на идеите на Карл Маркс и Фридрих Енгелс кои биле побиени и отфрлени уште во 18-ти век од Австро економската школа. Но, затоа имате пазарни анархисти кои се одлично потковани на оваа тема, како професор Мареј Ротбард. И ако сакате стварно да научите економија и економски анархизам, тогаш не е лошо да го читнете овој човек. Без разлика што ви се крева коса на повеќето од пазарни анархисти.

    http://slobodnoopstestvo.blog.mk/2011/12/09/%E2%80%9Eman-economy-and-state-ekonomski-iljach-protiv-etatizam/
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by Мара Пет Дек 09, 2011 10:15 pm

    Како прво, Карл Маркс и Фридрих Енгелс не живееле и твореле во 18-ти век туку во 19-ти век.

    Како второ, приговорите на Мизес и Хајек (Австриската економска школа) се побиени од Бухарин, Кларке, Драча, Кокшот, Котрел, Алберт, Хахнел и други марксисти и анархисти.
    Мара
    Мара

    Број на мислења : 6
    Registration date : 2011-12-08

    http://www.zahovistika2.blog.mk

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by р Саб Дек 10, 2011 9:28 pm

    Да, сигурно. Цел свет се слага со тебе, особено „научниот" на кој толку се повикуваш! Така да, не ме тупи и тука молим те. И така кенкаш против анархизам и анархо-комунизам.

    Ти си тотално луд ... кој ти се овие луѓе бе!? Бухарин е смешка - во новото издание на делото на Бом-Баверк од Мизес Институтот е внесена „критиката" на Бухарин за сите да си заклучат сами каква смешка е! Ако беше толку сериозна критика некој ќе се обидеше да ја одговори - воопшто никој Австро-економист не се ни замара со неа, како што Мизес не се замараше со смешката од идеја наречена прсметка врз основа на теоријата на трудова вредност, која исто, ја има прифатено целиот научен економски свет! Така да, олабави ... само тебе не ти е јасно како може 99% од сите економисти да се на страната на Бом-Баверк, а ти и Cock - Shot да сте научниците!? Ова е знак на сциентизам не на „наука"!

    Само ти и уште десеттина „вистински следбеници" верувате во нејзе! Така да, НАУКАТА има пресудено и не е на твоја страна! Кларке? Драча? Не биди патетично смешен.

    Кокшто и Котрел гикови кои никој не ги рецка? Не ме смеј! Освести се малку „научниче".

    И не е дека немаа време да се докажат - двеста години веќе постои „сциентистичкиот" социјализам, исто колку и Австро-економската школа! Така да...пресудено е на оваа тема и не ми е мене страв од вистината - слободно нека читаат Ротбард луѓето и нека читаат Маркс - секој со два грама разум и мозок ќе си стигне сам до вистината!
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by р Саб Дек 10, 2011 9:34 pm

    п.с. И прекини да ме следиш и замараш. На Виктор му скурчи, Цуцуловски човек во години го тупиш, не ќе да сум јас проблемот ... а кенкаш дека сум те следел ЈАС на блогерај. Изгледа сите тебе те провоцираат кавгаџика една! Или дојде и на форумов „научно да ја одбраниш вистината"!? Молим ти се...

    Спушти го малце тонот, прекини да ме клеветиш, вреѓаш и сл. со истите прости застарени маркстички трикови на „разобличување" на човек со ад хоминем напади (нема потреба од разобличување, јавно признавам дека сум „продукт на буржоаска класа", на вредни луѓе кои створиле се со сопствени раце во својот живот и не „живееле од рекетот на Бирократијата") и можеби ќе ти одговорам на сите тези кои ги имаш изјавено.
    Покажи почит и ќе добиеш почит; покажи култура и ќе добиеш ист третман.

    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by Мара Нед Дек 11, 2011 3:25 am

    Едно е сигурно: Маркс и Енгелс живееле и твореле во 19-ти век а не во 18-ти век како што ти тврдиш.

    Бакуњин, на кого се повикуваат анархо-комунистите, се согласува со Марксовата економска теорија, и тој е еден од првите луѓе кој го преведува Капиталот на руски јазик.

    Бухарин не е смешка. Тој патува во Виена и ја користи литературата од тамошната библиотека и го пишува одговорот на Бем-Баверк. Значи, човекот е сериозен интелект а сериозни се и неговите приговори кон Бем-Баверк.

    Во делото на Бем-Баверк не е внесена критиката на Бухарин туку на Хилфердинг! Не манипулирај! Впрочем, Климан во своето дело Реафирмација на Марксовиот Капитал во целост го демолира приговорот нс Бем-Баверк кој се заснова на погрешна премиса.

    Кога би можеле да се споредат мозоците на Мизес и Кокшот, претпоследниот е јасно дека има очи поголеми од мозочно ткиво; барем тоа е јасно од разобличените клевети дадени од самиот Мизес против марксизмот. (Види Драча).

    А што АЕШ да не е конвенционална наука?! Па и таа е во скрб да го преживее прагот/маргината!

    „Не биди патетично смешен.“- велиш. Но, едно е да се негира просто во хистерија, а друго е да се побие. Незнаењето не е аргумент, мој „драг“ „другар“ „анархо“капиталист!

    Не те следам. Форумот го следам. Но нема да дозволам луѓето да ја слушаат само едната страна на работите. Што се однесува до Виктор Трифуновски, ако имаш хронологија на неговите скрибомански коментирања на мојот стар блог и останатите левичарски блогови, веднаш човек ќе види кој ја вергла истата лента. Задача на филозофијата е да се разјаснуваат одредени работи. Тоа не е тупење. Тоа е вршење на должност по совест. Јас никаде не сум рекол дека Цуцуловски се‘ што кажал е погрешно. Напротив, неговата суета направи монолог од една потенцијално плодна дебата. Во таа смисла достојно ќе ја бранам научната вистина.

    Продукт на буржоаската класа? Тоа може само да биде твоја автосугестија! Јас такво нешто никаде не сум сугерирал!

    Мојата почит кон тебе е моето достојно и бескомпромисно бранење на научната вистина.

    Покажи ти култура и не ме малтретирај со мазохистичкава параноја!
    Мара
    Мара

    Број на мислења : 6
    Registration date : 2011-12-08

    http://www.zahovistika2.blog.mk

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by р Нед Дек 11, 2011 4:00 am

    Не планирам да замарам луѓе на форумов со непотребни расправии. Не ме спомнувај и откачи ми се од животот. Брани што сакаш, критикувај што сакаш само не ме спомнувај. Човеку, имаш напишано повеќе текстови со мое име него што имаш за цела Австро-економска школа! Едно е да дискутираш друго е да клеветиш и навредуваш (глупост што сам ти си ја почна со твојот „научен" стил).
    Ќе покажам култура и нема да те малтретирам - не те спомнувам, но молим те откачи ми се од животот. Најсериозен сум, не сум циничен или навредувам > Најди си живот - продолжи да преведуваш текстови, расправај се со Цуцуловски и другарите, остај ме мене на раат!
    Не е чудно што никој со тебе не може да прави муабет. Ако единствен другар ти е Карл Маркс не сум ти јас крив - олабави ме!

    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by р Нед Дек 11, 2011 4:04 am

    За да ја шириш „научната" вистина и тука, ќе ти оставам цел простор - се гасам од Форумов не мислам криви дрини со човек кој мисли дека БДП-то е показател за добра економија во Држава каде што постои Министерство за определување на цени. Можевме да имаме асална дебата, на неколку пати ти пружив рака, продолжуваш со исто. Така да, уживај си сам во ширењето на „вистината", јас не сакам да бидам дел од ова. И така најверојатно нервирав голем дел од форумот со тоа што е анархо-комунистички!
    Се најдобро до сите други,
    Уживајте во сциентизмот на Маре.
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by р Нед Дек 11, 2011 4:07 am

    Мара, ај биди другар, кажи како да го избришам профилот - ме мрзи да барам!?
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by р Нед Дек 11, 2011 4:10 am

    Rastapunk, ако си модератор/админ нешто те замолувам да ми го избришеш профилот од овој форум ... ако нешто ти требам можеш да ме контактираш на bojanbogevski@yahoo.com.
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by Мара Нед Дек 11, 2011 4:25 am

    Ова е форум на слободни дискусии. И нема да дозволам да оставиш впечаток дека само ти зборуваш факти. Тие текстови во кои те споменувам се провокација од твоја страна. Барем тој дел го објаснив. Нема потреба овде да се дообјаснувам. Ниту клеветам ниту навредувам. Ако за тебе научната вистина за општеството-Марксовата теорија на вредност (радо прифатена и од анархо-комунистот Бакуњин) е навреда или клевета тоа е или поради немање контрааргументи од своја страна или просто поради мазохистичка параноја.

    Немој да претендираш жртвен јарец. Барем не пред мене!

    Со мене не може да прават муабет апологети на слободен пазар, „социјалисти“ кои поддржуваат пазар, кејнзијанци, мизесисти/мизеристи е тути куанти.

    Јас ги потсетувам другарите анархо-комунисти - барем во почит кон Париската комуна 1871 - дека другарство не може да има со анархо-капиталисти, оние исти апологети кои во своите пропагандистички весници повикуваа на колеж над работниците, нивните жени и деца во име на светата приватна сопственост (над средства за производство). Не може да се овоплоти другарство со апологети на геноциднозлосторничка теорија, која работникот го сведува на дел од машина, на автоматон, на протеза... А Ротбард е анестезиологот кој ќе не‘ превезе отаде со табула раса.

    Анархистот Д.А. на нашата Антикапиталистичка конференција не без основа те опиша како споулавен скрибоман просто заради скрибоманија.
    Мара
    Мара

    Број на мислења : 6
    Registration date : 2011-12-08

    http://www.zahovistika2.blog.mk

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by Мара Нед Дек 11, 2011 4:50 am

    „човек кој мисли дека БДП-то е показател за добра економија“ Еве една клевета која ја изрече против мене! Напротив, колку што се сеќавам, во дискусија со Арсов-Фридманецот, јас бев тој што му контрахирав дека БДП не е добра мерка за развојот на еден општествено-економски систем, и тоа со следниве зборови:

    „БДП не е добра мерка на економскиот напредок на една земја ниту за компарација на напредокот меѓу две земји! Зошто? Има повеќе причини! БДП не ги мери следниве дејности:

    1. Производството на домаќинството (На пример, луѓето трошат 17% повеќе време во домашно производство (чистење, готвење, грижа за деца, итн.) одошто во платени активности. Според разни студии изведени во Франција, домашното производство би можело да претставува дури 75% од стандардниот БДП.).

    2. Доброволната работа: велосипед поправен од пријател прави БДП да опаѓа ако работата по обичај е професионална работа, одн. платена. Значи, општество во кое доброволната работа е широко распространета ќе ужива повисоко ниво на благосостојба но не и неминовно повисок БДП (всушност, дури понизок БДП).

    3. Јавната администрација: БДП е сума од вредности додадена од сите економски субјекти, одн. разликата помеѓу вредноста на производството и потрошените инпути (енергетски трошоци, суровини итн.) Значи, додадената вредност е всушност составена од два главни делови: плати и профити. Но, за јавната администрација, вредноста на производство не е на располагање бидејќи јавните услуги генерално не се купувани од било кој на пазарот.“

    А што пак има наука во тоа да се ценат парите само како куповно средство наместо како консеквенца на еден општествен однос? Барем тоа е објаснето од Бухарин и Кларке што му доаѓа како реафирмација на Марксовото.
    Мара
    Мара

    Број на мислења : 6
    Registration date : 2011-12-08

    http://www.zahovistika2.blog.mk

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by Anarchist Чет Дек 29, 2011 12:33 am

    Се надевам дека и покрај смешните и патетични лични препукувања, ќе се најдат луѓе што ќе пишуваат на оваа тема.

    Се согласувам со делот на само-едукација. Тоа е едено од основните нешта кои за жал ги немаме многу во овие простори, не сме доволно едуцирани. Не зборувам само за анархистичка теорија и сл. туку воопшто за многу теми.

    Пред да дадам обид за мој одговор на поставеното прашање, ќе напоменам само дека анархизам е политичка теорија, филозофија, збир на идеи, додека идното општество во кое сакаме да живееме или состојбата во него најчесто се нарекува анархија, а не анархизам. Ова само за да бидеме начисто пошто многу вакви поими ги бунат луѓето.

    Значи како до анархија? Преку социјална револуција. Преку самоорганизирање на народните маси со цел да се постигне послободно и похумано општество. Секој социолог ќе ви каже дека револуциите се инхерентни во општествата и дека ако следиме колку револуции се случувале низ историјата гледаме дека светот станува подинамичен и понестабилен, а оттаму дека револуциите не само што им дошло крајот, туку баш напротив, ќе станат се почести и поинакви, ќе еволуираат, ќе имаат најразлични облици, но во секој случај ќе се случуваат.

    Но револуциите си имаат предуслови, а еден многу важен е претходниот што го споменавме, само-едукацијата.
    Anarchist
    Anarchist

    Број на мислења : 603
    Registration date : 2008-01-05

    http://anarhija.tk

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by Мара Саб Дек 31, 2011 3:10 am

    Другар Anarchist, се согласувам дека еден од предусловите за општествена револуција е само-едукацијата, аргумент којшто го употребив против аргументот на Мухиќ изложен во неговиот пример со Сари-д-Пари во книгата „Логос и/или хиерархија“. Мојата аргументација, објавена во последниот број на списанието Филозофија, можеш да ја прочиташ овде:
    http://www.scribd.com/doc/73786947/

    Но, сметам дека кризата е исто така важен предуслов за нова револуција, барем од историски примери тоа го знаеме. А, денешната криза е идеален предуслов за создавање историја од страна на меѓународното работничко движење. А, дали револуцијата ќе победи исто така зависи од силата на организацијата на ова движење.
    Мара
    Мара

    Број на мислења : 6
    Registration date : 2011-12-08

    http://www.zahovistika2.blog.mk

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by Pandonetti Чет Фед 09, 2012 11:12 am

    za da se stigne do anarhizam sekako biten preduslov e i samoedukacijata, no spored mene krucijalen preduslov e ukinuvanjeto na privatnata sopstvenost kako poim i institut na pravoto. Se duri ima privatna sopstvenost ke postoi i drzavata i instituciite na sistemot da ja stitat istata. A se duri ima drzava i vlast nema da ima anarhija.
    Imam posiroko pisuvano na ovaa tema na nekoi od moite prethodni postovi.....
    Drugarski pozdrav do site
    Pandonetti
    Pandonetti

    Број на мислења : 136
    Age : 44
    Location : Skopje
    Registration date : 2010-08-26

    Вратете се на почетокот Go down

    Како до Анархизам? Empty Re: Како до Анархизам?

    Пишување by Sponsored content


    Sponsored content


    Вратете се на почетокот Go down

    Вратете се на почетокот

    - Similar topics

     
    Permissions in this forum:
    Не можете да одговарате на темите во форумот