АНАРХИЈА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Similar topics
    Site Meter

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    5 posters

    Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by ateist Пет Мај 13, 2011 1:38 am


    Каква политика таква економија (и обратно доволно е да се знае економскиот систем во една земја за автоматски да се знае каков е и политичкиот систем )

    Каков нов политичко -економски систем се пропагира на глобално светско ниво
    Каде и каква би била улогата на Македонија во него

    ваков :

    Одржлив развој

    Социјалистичкиот лагер се распадна .
    Либералниот капитализам заснован на неограничена алчност беспримерно експлоатирање на природните ресурси исто така пропадна и светот го погоди нова глобална светска криза .
    Економска криза .
    Всушност многу нешта остануваат неразјаснети околу оваа таканаречена криза бидејќи
    со сегашниот техничко технолошки степен на развиеност самата криза би требало да биде обична математичка операција која не би ја решиле економисти туку математичари и тоа би траело неколку дена . А ете и покрај почетниот оптимизам дека ќе трае кратко станува јасно дека тоа ќе биде недогледна криза .

    Е сега во последно време се повеќе се пропагира економија заснована на ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ .

    И тоа се повеќе се разработува и се фаворизира дека ќе биде новиот економски поредок

    еве вака некако се дефинира :
    Одржлив развој е збир на методи за да се креира и одржи развој кој цели да ја отстрани сиромаштијата, креира изедначени стандарди за живеење, задоволување на основните потреби на сите луѓе и да воспостават одржливи политички практики, истовремено преземајќи ги сите неопходни мерки да се избегнат неповратните штети на природниот капитал долгорочно за краткорочни придобивки преку усогласување на развојните проекти со обновливата способност на природната средина.[1] Полето на одржливиот развој може да се подели концептуално во четири дела: амбиентална одржливост (одржливост на животната средина), економска одржливост, социјална одржливост и политичка одржливост.
    http://mk.wikipedia.org/wiki/Одржлив_развој

    и кај нас :
    Одржливиот Развој е развој, кои ги задоволува потребите на сегашните генерации без да ги загрози можностите на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби. Во други зборови: Одржливиот Развој имплицира дека треба да имаме предвид за потребите на идните генерации додека ги задоволуваме сопсвтените потреби.
    http://www.nssd.com.mk/default1.aspx?ItemID=373

    .
    .
    е сега сее тоа вака фино лепо напишано но какви се последиците ?
    тоа е кажано но што нее кажано (а се подразбира ) и се избегнува да се соопшти

    На планетава живеат 7 милијарди луѓе .Климата се менува како резултат на човековата активност . Според американските ескперти за планетава поточно биосистемот на неа да може да се регенерира по природн пат на планетава нетреба да има повеќе од 3 милијарди луѓе и тие не смеат да користат повеќе од 1 % од природните ресурси па во такви услови природата ќе може да се регенира сама од себе по природен пат .Наспроти сегашните 7 милијарди кој користат 10 % при што е невозможно природата да се регенерира затоа секој ден по десетици видови од растителен и животински свет исчезнуваат засекогаш .

    Нели никој не е против да се живее во склад со природата .Иако тие што ја промовираат оваа стратегија се сомнителните бидејќи безмилосно ги трошеа својте ресурси само да го победат социјализмот (кој пак не ги трошеше безмислосно својте природни богатства туку баш и ги сочува и може да се каже дека го практикувал одржливиот развој).

    прашањето ми е :
    ни кажували тоа нам некој дека 4 милијарди луѓе на планетава се прогласени за "технолошки вишок " и дека во наредниот период ќе мора да заминат од свет по забрзана постапка ?
    И како тоа би се одразило во Македонија ?
    avatar
    ateist

    Број на мислења : 96
    Registration date : 2010-01-24

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by р Пет Мај 13, 2011 11:54 am

    1. Пак, истиот коментар од другиот пост. Донекаде си во право, си осетил проблем. Но, да не си толку идеолошки заслепен ќе можеш да видиш дека целата идеја нема никаква врска со слободен пазар, туку со централно контролиран свет. Ова е мн поблиску до социјализам него до слободен пазар, но ајде ...нема да се расправаме за семантики.
    2. Идејата за одржлив развој сама по себе е жива глупост. Ако ние сме врзани со идните генерации, тогаш идните генерации се врзани со идните и никој не смее да исече ниту едно дрво. Второ, од кај знаеш што сакаат следните генерации? Шума или паркинг? Трето, капитализмот го обогатува народите (ова не мора да се дискутира - секоја капиталистичка земја е побогата од било која денешна социјалистичка - И Шведска е капиталистичка, со силно изразен државен интервенционизам)- како се збогатуваат граѓаните така имаат повеќе ресурси да потрошат за екологија. Не е чудо што главната зелена технологија доаѓа од Запад. Така да....
    3. Социјализмот ги чувал ресурсите? Грешка! Па, само во Македонија најголемиот ужас што го живеат граѓаните и денес се должи на глупоста, исфорсирана индустријализација. Да не зборуваме за членките на СССР. Сите фабрики кои трујат граѓани се изградени во социјализмот и до пред неколку години беа во Државна сопственост. Сите автопати и сл. се во доменот на државна сопственост или јавно-приватно партнерство и немаат никаква врска со слободен пазар. Така да...оджливиот развој има една цел-неколку технократи да го владеат светот и да одлучуваат не само за нашите генерации, туку и за оние кои доаѓаат по нас.
    4. Во право си за "вишокот" луѓе на планетава. Една од главните идеи на еко-нацистите е токму тоа - мн луѓе сме ја уништуваме планетава. Што е глупост и на кое секогаш им контрирам зошто не почнат од себе да ја намалуваат бројката на луѓе!
    5. Како ова би се одразило на РМ? Никако. На овој глупав остров кој нема свое јас СЕ е сеедно. Ние секогаш ќе си го тераме истиот филм. Ниту ваму, ниту таму - на крајот никаде.
    Поздрав,
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by Rastapunk Пон Мај 16, 2011 11:06 pm

    Ротбард, секогаш истата грешка... СССР е различно од било која социјалистичка доктрина. И јас сум за тоа дека Мерканталианизам > Државен капитализам (СССР), ама еве земи предвид земји каде што социјализмот на вистина до некаде се обидел да профункционира (потенцирам „до некаде“) и ќе видиш дека е пофункционално така (економски развој постои, а и социјалистичките особини не се занемарени)... Али како и да е... Ниту во минатото ниту во сегашноста не постои соодветен пример за тоа што барем јас го зборувам (со чест на исклучоци, но кои се на локално ниво и кои траеле многу кратко, а кои пак не се тоа - тоа) но тоа не значи дека идејата е грешна.


    Последната промена е направена од Rastapunk на Пон Мај 16, 2011 11:08 pm. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : Грешка во изразување :))
    Rastapunk
    Rastapunk
    Admin

    Број на мислења : 236
    Age : 32
    Location : Во Скопјето!
    Registration date : 2009-10-19

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by Rastapunk Пон Мај 16, 2011 11:06 pm

    П.С. Замре форумов, а? Sad
    Rastapunk
    Rastapunk
    Admin

    Број на мислења : 236
    Age : 32
    Location : Во Скопјето!
    Registration date : 2009-10-19

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by р Вто Мај 17, 2011 11:07 am

    ОК Раста. Нема везе ме мрзи веќе да коментирам на овие теми (дали имало вистински или немало социјализам/капитализам).

    Патем, форумов од кога сум член (8 месеци) е тапа. Само тројца дискутираме и чат пат некој ќе се убаци. Плус и тие што го одржуваат ретко ставаат нови содржини,така да...

    На Фејсбук има Мизес Македонија група (воглавно либертаријанска, про-слободен пазар), но има и друг вид членови. Се прават добри дискусии, така да...ако сакаш убаци се. Незнам сега колку ти е местото како про-социјалистички настроен, но изгледаше како да си доволно отворен за нови идеи и за ново знаење, така да...your choice!
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by spartacus Нед Мај 22, 2011 9:19 pm

    @Rothbard капитализмот ги обогатува народите?? јас под зборот обогатува подразбирам некаков уметнички напредок, а според тебе гледам било скапи коли и базени. шо кур ке ми е колата ако работам 12 сати дневно. единственото нешто што капитализмот му го дал на светот се оковите, го окова народот по канцеларии и фабрики, а оковите се изградени од скап накит коли и големи куќи. вредностите се измешани до крајно ниво .
    ете да го вратиме малце во живот форумо
    avatar
    spartacus

    Број на мислења : 39
    Location : Битола
    Registration date : 2010-02-07

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by skatanic Вто Мај 24, 2011 11:31 am

    ja sum dosta premn primitiven nastroen... ustvari lugjeto navremeto da znaea(ustvari znaea) deka prekumerno trosenje na prirodnite resursi moze da ne dovede dotoj stepen kade sto kje ostaneme bez voda i hranlivi resursi.... a od druga strana lugjeto toa go znaea ... no da go ebmam toa cuvstvoto... kaj sekoj covek go ima toa cuvstvoto "sto kje se desi ako,...." i zatoa dojdovme do ovoj stepen i drugite lugje se voshituvaa na takvi rabti i gi podrzuvaa ... a baska pazete koga kje bide leto kolku kje trosime voda....

    a inace da stvrn forumov pothitno treba da se ozivuva... inace kje gi izgubime i vise aktivnite clenovi
    skatanic
    skatanic

    Број на мислења : 116
    Registration date : 2009-08-11

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by р Пет Мај 27, 2011 12:39 pm

    Малце безвезе муабет, па нема на долго да филозофирам...

    Еден факт да видиме кој е доволен сам по себе (освен за букови глави!):

    Пред 150 години, одвај милијарда жители на целава планета Земја. Настапува либерализмот на сцена (каков таков!), се отвараат пазарите, приватната сопственост станува релативно света ...
    И која е сликата after 150 years? Скоро 7 милијарда жители!
    Ако толку е капитализмот суров, како упсеал да овозможи ЖИВОТ за дополнителни 6 милијарди луѓе? По принципот на одржлив развој капитализамот пред 100 години овозможил живот за 1 милијарда луѓе и за тогашните "идни генерации" кои денес бројат 6 милијарди дополнителни луѓе! Мн едноставен факт на кој ниту еден шупак (читај: анти-капиталист кој нема ни поима што е капитализам!) нема одговор.
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by spartacus Пон Мај 30, 2011 11:37 am

    то шо капитализмот го претвори светот во фарма за масовно производство на работна сила не е ни малку за фалење, доколку на сите тие дополнителни 6 милијарди луѓе му се обезбедени средства за живот достоен за човек тогаш тоа би било нешто
    avatar
    spartacus

    Број на мислења : 39
    Location : Битола
    Registration date : 2010-02-07

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by р Пон Мај 30, 2011 12:50 pm

    Па од 7 милијарди 5 сигурно живеат во пристојни услови, така да...би рекол дека овој систем е најспособен да обезбеди асални услови за мнозинството. Денеска еден "сиромашен" човек има клима, кола, компјутер, пристап до вода, итн - нешто што не можеле да си го замислат ни нашите родители во скапаната СФРЈ или СССР!
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by Rastapunk Нед Јун 26, 2011 6:54 am

    Се согласувам со Ротбард... Де факто е дека Капитализмот>Државен комунизам>Феудализам>Робовладетелство>Родовска заедница но тоа не значи дека е најдобриот систем кој што некогаш постоел, односно кој некогаш ќе постои.

    Од една страна голем дел од работите кои што ги живееме денеска и правата кои ги имаме се должат на тоа што на времето некој се изборил за нив. За нив не е виновен капитализмот, туку луѓето.

    Од друга страна, се согласувам дека капитализмот носи и окови со себе и тие окови им ги подарува на луѓето.

    Исто така се согласувам дека богатството на човекот не се состои во прекумереноста на материјални добра, туку станува збор за нешто духовно и подлабоко. Верувам дека богатството на еден човек е многу апстракна и комплексна работа која нема никаква ВРСКА со материјалните добра.

    Материјалните добра се неоходност и тие се потребни и те како. Но тие не претставуваат нешто што вистински може да не храни, туку без нив едноставно се не може Smile

    Прекумереното количество на материјални добра е еднакво на дрога.
    Основната мотивација во капитализмот СЕ материјалните добра. Затоа и го гледам како испревртен систем... Или како што Спартакус кажа:
    „Систем со измешани вредности до крајно ниво“.
    Rastapunk
    Rastapunk
    Admin

    Број на мислења : 236
    Age : 32
    Location : Во Скопјето!
    Registration date : 2009-10-19

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by р Пон Јун 27, 2011 4:15 am

    Нема да должам премногу...темиве веќе ми се апсолвирани. На кратко само ...
    1. "Од една страна голем дел од работите кои што ги живееме денеска и правата кои ги имаме се должат на тоа што на времето некој се изборил за нив. За нив не е виновен капитализмот, туку луѓето. "
    "Капитализмот" не е нешто магично, труло, мистично, итн. Пазарната економија [Капитализмот] значи општествен систем во кој поединците соработуваат при поделбата на труд и врз приватната сопственост на средствата за производство. Се разбира, дека за СЕ е заслужен конкретен поединец. Воопшто за постоење на слободата е заслужен конкретен поединец/група на поединци.
    2. "Исто така се согласувам дека богатството на човекот не се состои во прекумереноста на материјални добра, туку станува збор за нешто духовно и подлабоко."
    Зависи - за голем дел духовното е нешто што е испрелтено со материјалното. Ова е празен муабет и нема никаква врска со економските и политичките системи. Човекот е осуден да ги задоволува своите потреби со трансформирање на природата која го опкружува и користејќи го својот интелект. Ова не се менува во ниту еден систем. Прашање е кој систем овозможува најголем број луѓе најлесно да го реализираат својот потенцијал. Ова прашање не е дискутабилно - бројката на луѓе зборува сама за себе! Духовното е нешто лично и не Директно поврзано со економксите и политичките системи, но и тоа како зависно од нив. Не е чудно што во СССР владеела таква монотонија и конформизам во секое уметничко поле.
    3. "Основната мотивација во капитализмот СЕ материјалните добра."
    Основната мотивација во било кој систем е задоволување на потреби со ограничените интелектуални способности и природата која го опкржува човекот. Како што кажав, испотете го гзот, прочитајте ја Ротбардовата Man, Economy and State, нешто од Фридрих Хаек и сл. После мрчете против капитализам.
    Се додека не ми одговори некој на предизвикот кој го поставив на овој форум не можам а да не контатирам [со жалење] дека сакате да продавате интелектуална идеја, а не можете ни самите да ја одбраните. Тоа значи интелектуална мрзеливост и демагогија! Поздрав,


    Последната промена е направена од Rothbard на Пон Јун 27, 2011 7:01 pm. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : Self-correction)
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by Rastapunk Пон Јун 27, 2011 6:00 pm

    Значи... Глупаво е одредени текстови да ги класифицираш за демагогии, а други не. И престани со тоа веќе. Додека не е аргументирано зашто е демагогија не е став, туку навреда.

    Јас лично не се согласувам дека луѓето треба да ги мотивира материјалното. Премногу ја обопштуваш стварта и ја правиш популистичка. Јас не се согласувам... Ако сакаме да функционираме како што треба тогаш мораме да престанеме да бидеме зависни од материјалното. И тоа е основната разлика меѓу нас и анархо - капиталистите.
    Rastapunk
    Rastapunk
    Admin

    Број на мислења : 236
    Age : 32
    Location : Во Скопјето!
    Registration date : 2009-10-19

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by р Пон Јун 27, 2011 7:00 pm

    OK - soryy, го повлекувам кажаното за Савевски. Сепак...не е глупаво да класифицираш одредени текстови за демагогии а одредени за наука, бидејќи таква е реалноста. Само треба да поседуваш доволно интелект, логика и анти-демагогија во себе за да можеш да процениш што е што. Е за ова треба да загрееш столче...

    Ти со што се согласуваш нема никаква врска со реалноста пријателе Rastapunk [за мојот популистички стил нема да разговарам - не е тема на разговор]. Поделбата на материјално и идејно е смешна, кога зад се што човекот произведува како материја [трансформирајќи ја природата со сопствениот труд] стои идеја, дух. Дел од материјалното го перцепираме како "празно", бидејќи е премногу обично, секојдневно, неопходно за нас.
    п.с. Во однос на "Ако сакаме да функционираме како што треба тогаш мораме да престанеме да бидеме зависни од материјалното"...Има еден интересен комунист пред времето марксизмот да стане "научен" кој се слагал со тебе. И знаеш според него како ќе се реши овој проблем во комунизмот?! Луѓето ќе немаат тела - ќе претставуваат дух на кој сите потреби ќе му бидат задоволени и како таков ќе нема потреба да се ослонува на материјата. Елегантно решение нема што. Пиши ми ако сакаш да ти го препорачам делото...претпоставувам ќе ти се допадне!Smile
    Just a joke...не мора се сериозно да сваќаме, нели!?
    р
    р

    Број на мислења : 206
    Registration date : 2010-10-21

    Вратете се на почетокот Go down

    Новиот Светски Полититичко-Економски Систем Empty Re: Новиот Светски Полититичко-Економски Систем

    Пишување by Sponsored content


    Sponsored content


    Вратете се на почетокот Go down

    Вратете се на почетокот

    - Similar topics

     
    Permissions in this forum:
    Не можете да одговарате на темите во форумот