АНАРХИЈА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Similar topics
    Site Meter

    КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ

    2 posters

    Go down

    КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ Empty КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ

    Пишување by ateist Пет Ное 19, 2010 2:02 pm

    КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ


    Глобализацијата со себе го носи и феноменот на космополитизмот .

    Космополит (грч. cosmopolites) приврзаник на космополитизмот; граѓанин на светот.

    Космополитизам (грч. cosmopolites) сфаќање според кое место одделни нации треба да постои една општа заедница како татковина на сите нации и на сите луѓе.

    Космополитизам = национално непределена пифтија = национално себенегирање

    Всушност според космополитизмот конфликтите во светот општо во човештвото ќе се надминат со исчезнувањетио на народите а со тоа и на религиите како главни виновници за омразата , војните и поделбите меѓу луѓето . Не е спорно дека чуствата за национална припадност кај луѓето е злоупотребувана и се злоупотребува од разни профитери кој непотребно го преувеличуваат националното ширејќи нетрпеливост и омраза . Затскривајќи се зад национализмот се вршеле разни генициди , дивјаштва , конц логори .Најчесто нацонализмот го шират беззначјни луѓе на кој тоа им е единствениот начин да си дадат некакво значение иако тие се инструмент на разни воени профитери , црноберзијанци , мативоди , клерофашисти , политички профитери итн. Тука се и вечните крлежи религиите кој ги прогласуват поедините народи како “избрани” “божји” “васељенски” и со тоа свесно само ја разгоруваат националната нетрпеливост и омраза која им обезбедува лагоден живот.

    Па сепак дали решението е одењето во друга крајност ... во космополитизмот ?
    Дали навистина ако народите исчезнат светот ќе стане помирно и побезбедно место за живеење ?
    Дали накрајот “чоколадомен” како што го нарекуваат научниците човекот кој после извесен период кога ќе заврши мешањето на народите , на расите ќе биде мирен , питом , интелигентен човек каков што неможеле народите да постигнат .

    Колку јас што можам да согледам тоа воопшто нее така!
    Луѓе што се откажале од националното веќе ништо и не им е свето .
    Не дека ги осудувам бидејќи во капитализмот ништо нее свето туку се си има своја цена , се е предмет на купупопродажба .Самите слогани на капитализмот се “ приватниот интерес е пред се над се (најсвета работа )“ “материјалниот престиж е пред се и над се “ . Што е нормално бидејќи капитализмот како неправедно експлоататорско општество не може да им забрани на луѓето да се снаѓаат како знаат и умеат оти самиот ги уценува со нивниот биолошки опстанок ги третира како животни а не како луѓе .

    Англискиот јазик дефинитивно станува светски јазик за комуникација кој не се задржува само на тоа дека треба да се знае како потреба за комуникација помеѓу припадници од различни народи туку полека ги исфрла зборовите од јазикот на секој народ ( се користат англизми) . Земјата нее света работа па странци може да купуваат имоти во други земји и да станат државјани . Спортисти со само зачленување во некој странски клуб добиваат државјанства итн.Се купуваат фабрики а со нив и вработените како феудален имот со крепосно зависни селани-вработени .
    Модерна изрека кај современиот човек е дека “ нее битна националност , раса “ итн и секое противречење на тоа се ризикува да добие квалификација-етикета за националист , заостанат , расист , итн . Нели модерно е да се биде космополит оти автоматски се подразбира либерален широкоград разбирлив човек со широки сваќања и погледи . Модерно е ставање на странски имиња на децата. Уште помодерни се мешаните бракови а единствен услов е материјалното .

    Секоја генерација е помодерна и попаметна од претходната .Не спорно и неможе да биде спорно . Всушност така и треба да биде .Ќе биде глупо ако нее така оти секој родител сака негови деца да се попаметни од него да постигнат повеќе од него. Па сепак дали модерното и паметното треба да одат до таму до целосна негација на буквално се што било претходно сочувано и изборено . Дали наши претци биле толку глупи што на пример едноставно масовно не се измешале со турците кој биле 5 века на овие простори ....дали ќе биле модерни и напредни ако биле космополити ако ништо не им било свето ( светост = работа која бескрајно ја ценат и се спремни да гинат за неа и да не отстапат ) .

    Дали глобализацијата и космополитизмот навистина ќе ги решат проблемите на човештвото и повеќе нема да има војни , нема да има омраза меѓу луѓето кој физички нема да се разликуваат меѓу себе......бескрајно цивилизирани ” чоколадоменовци”

    Изолационизмот никогаш не бил решение .Сега дали глобализацијата треба да оди до таму мултинационални компании да станат помоќни од државите е економско-политичко прашање .
    Но дали космоплитизмот е решение .Дали исчезнувањето на народите ќе ги реши проблемите на човештвото .? Дали со исчезнувањето на народите светот ќе стане помирно и побезбедно место на живеење како што гарантираат космополитите .


    Јас лично не сум убеден во тоа .Баш напротив . Иако сум целосно свесен дека тој процес се случува со голема брзина и е неминовен неизбежен и несопрлив . Космополитизмот создава брутални , безчуствителни ,крволочни несовесни анационални луѓе на кој ништо не им е свето .

    Ретки се народите што исчезнале целосно од болести , од војни од природни катастрофи но многу народи кој биле инфицирани со вирусот на космополитизмот
    Засекогаш исчезнале од лицето на земјата .

    А ете СДСМ на Македонскиот народ му нуди космополитизам
    Пример :. според космополитизмот ..... добар Македонец е оној кој не се чуствува како Македонец ......кој се одрекол од своето национално чуство и тоа не му значи ништо .Кога космополит ќе ти каже дека е Македонец тој подразбира територијална припадност но не и национално чуство .
    avatar
    ateist

    Број на мислења : 96
    Registration date : 2010-01-24

    Вратете се на почетокот Go down

    КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ Empty Re: КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ

    Пишување by ateist Пет Ное 19, 2010 2:06 pm

    СДСМ се залага за КОСМОПОЛИТИЗАМ и јасно има запишано дека ги разликува поимите : космополитзам , мултикултурност , мултиетничност .

    ЕВЕ :

    Ѓорѓи Спасов
    Социјалдемократијата денес
    -10-те одредници-
    Скопје, ноември 2008

    10 Отвореност и космополитизам

    Имено, со поголемото замаглување на границите на националните држави кои стапуваат во сојузи, како што е Европската Унија, и с#233; поголемото засилување на барањата за локална автономија, националниот идентитет може да одигра добронамерно влијание само доколку е толерантен кон другите идентитети, или неопределеност.

    Современите социјалдемократи сметаат дека космополитизмот
    и мултикултурализмот се важни елементи во процесот на
    интегрирањето на секоја нација во глобалниот поредок. Националниот идентитет, според нив, најдобро се брани со политиката на толеранција и почитување на туѓите идентитети со мултиетничност, мултикултура, соработка, вклученост и секуларизам.

    http://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/06354.pdf

    космопoлитизам = национална неопределеност = национално себенегирање

    Космополитите исто како и побуграрчените понекогаш се идентификуваат како Македонци но само според територијална припадност која не ја поимаат и како национална (исто како и побугарчените ). Со таа разлика што побугарчените за националност се кажуваат Бугари а космополитите на неопределени = национално недефинирани или националното не им значи ништо па за да купат авомобил ќе потпишат на нотар дека се Бугари по род (од нивните предци ), за да си купат стан во Грција ќе се пишат како Грци по род (од нивни предци ) итн .

    Oва е една од главните карактеристики на СДСМ
    .
    .
    .
    ДАЛИ И АНАРХИСТИТЕ СЕ КОСМОПОЛИТИ ?

    ЗОШТО БИ БИЛЕ КОСМОПОЛИТИ ?

    ТРЕБА ДА ИМА ПОЧИТУВАЊЕ МЕЃУ НАРОДИТЕ А НЕ НИВНО УНИШТУВАЊЕ .
    avatar
    ateist

    Број на мислења : 96
    Registration date : 2010-01-24

    Вратете се на почетокот Go down

    КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ Empty Re: КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ

    Пишување by Rastapunk Нед Ное 21, 2010 3:13 pm

    Анархистите пред сè е глупаво да се делат на космополити и некосмополити од проста причина што во праведно општество се цени индивидуалното мислење кое не би требало насилно да се наметнува на други луѓе. Со тоа, колективното сфаќање всушност би претставувало збир од индивидуални сфаќања во кои сите се согласуваат, или компромис помеѓу две идеи кои биле дијаметрално спротивни, а чие решение е неопходно.

    Според тоа, јас не можам да зборувам во името на анархистите, ниту пак во името на анархистички фронт, бидејќи немаме баш издебатирано на оваа тема, ама можам сепак да се изјаснам во мое име.

    Според мене, космполитизмот е добра работа, сè додека тој не е наметнат. Наметнувањето на одредени идеологии секогаш завршува крваво. Просто е, кога некој човек го присилуваш да прави нешто тој се чувствува изреволтирано. Многу изреволтирани луѓе на едно место прават штрајк. Многу штрајкови прават бунт. А многу бунтови прават револуција, која најчесто завршува, како што кажав, крваво.

    Од друга страна па, религијата и нациите се основните причини за војни кај просечниот човек. Тие се начин преку кој големите капиталисти прават профит и го залажуваат народот за да можат да си имаат овцички кои ги следат. Но многу битен факт е дека и кога ќе настане тој космополитски свет ќе постојат различни организации и здруженија во кои луѓето со исти ставови ќе се чувстувааат како дел од нешто. Па така потребата за припадност ќе биде секогаш задоволена, освен во оние моменти кога нешто се наметнува и кога тоа наметнување резултира со смрт. Мртов човек не може да чувствува припадност , исто како што и човек чиј/а другар/ка умрела, бидејќи несомнено тој ќе биде деградирана личност која тешко ќе се избори да се врати на тоа што била претходно.

    За делот со национално-себе негирање:

    Ако тоа го нарекуваш национално себе негирање, тогаш јас се себе негирам. Ама, од друга страна имам и став во животот кој во никој случај не би го негирал. Така да, национално негирање - да, а себе негирање - во никој случај.

    За подобро да го објаснам тоа:
    Што е нација?
    Збир од индивидуи кои по некои околности се погодиле да живеат на едно место, изолирани со граница. Таква конкретна разлика помеѓу нациите не постои, односно лице од Дојран и лице од Поградец има повеќе сличности отколку лице од Скопје и лице од Дојран, или лице од Атина и лице од Поградец.

    Од друга страна, луѓето од Скопје физички сигурно се разликуваат од луѓето од Лондон. Логично е, гени се во прашање. Но додека пак интелектуалната разлика помеѓу Луѓето од Скопје и оние од Лондон е многу мала.

    Земајќи ги во предвид овие факти, моето прашање е:
    Бидејќи ти си се одлучил да поддржуваш нации, дали сметаш дека многу подобар/подобра другар/ка би ти бил човек кој има иста боја на очи како тебе, или пак другар/ка која слично размислува како тебе?

    Организирање според афинитети и интереси: друштва, гилдови, комуни, колективи, организации.

    Организирање според гени и надворешен изглед: нации.

    Кога ќе ги земеш сите овие работи во предвид, објасни ми, дали си сè уште за национална припадност, која креира војни помеѓу човек од Дојран и човек од Поградец, бидејќи се од две различни нации, а како што кажав се дури и според надворешниот изглед и говорот слични, или си за поделба според интереси, која ако креира омраза и војна ако ништо друго би било со пореална причина.
    Војна зошто јас се залагам за анархизам, а тој за нацизам, или војна зошто јас сум македонец, а тој грк. Што според тебе звучи пологично?

    А пак, глобализацијата е многу дискутабилна тема.
    Ако не би постоела глобализација, како би се разбрал со човек од Кина?
    Ама од друга страна, јас сум против глобализацијата која ја прават големите корпорации, што е многу поважно од тоа кој јазик го користиш за да се разбереш со некој човек.

    Глобализацијата во секоја земја носи Кока - Кола, Пепси, Хајнекен, Бекс, МекДоналдс, Кинг Бургер, и тоа зборувам само за консумерски корпорации, а да не се отвори тема за од секоја гранка на производство.
    Кој мене ќе ми гарантира дека Кока Кола е поубава од Пелистерка Кола. Научно е докажано дека со реклама и манипулација човекот се заљубува во рекламата, а не во вкусот, изгледот, или практичноста на продуктот.
    Затоа, кога веќе постои космополитизам и глобализација, тие не треба да бидат корумпирани и нивна главна цел да биде профитот, туку треба да бидат најспонтани што може, најдобриот продукт да биде претставник на нашата цивилизација, што не значи дека таа негова моментална состојба ќе трае вечно. Од првиот ден во некое селце во Сомалија кога ќе се појави продукт подобар од тој што до сега сме го сметале за најдобар, тој продукт треба веднаш да се замени, а не за секогаш, или барем за многу долк период една фирма да држи монопол и по принцип на „brainwashing“ да го придобива целиот пазар.
    Rastapunk
    Rastapunk
    Admin

    Број на мислења : 236
    Age : 32
    Location : Во Скопјето!
    Registration date : 2009-10-19

    Вратете се на почетокот Go down

    КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ Empty Re: КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ

    Пишување by Sponsored content


    Sponsored content


    Вратете се на почетокот Go down

    Вратете се на почетокот

    - Similar topics

     
    Permissions in this forum:
    Не можете да одговарате на темите во форумот