Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - ПрудонАнархизмот во Латинска Америка
Смртта на еден Палестинец - Полак
Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин
Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ
Анархизмот и насилството - Малатеста
Капиталистичкиот систем - Бакунин
Комунизам и анархија - Кропоткин
Анархизам и комунизам - Фабри
Анархизам - Савески
Што е анархија?
Што е анархизам?
Кои се анархистите?
Што е безвластие?
Вовед во анархокомунизам
Што е анархокомунизам? - Прајс
Кон анархизмот - Малатеста
ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.
Правото на глас на жените - Голдман
Писмо на Кропоткин до Ленин
АНАРХИЈА ПОЕМА
Југославија – Империјалистичка војна
Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија
Анархизам - Беркман
Синдикализам и анархизам - Кропоткин
Што да се прави? - Малатеста
Што е капитализам?
Први Мај - Махно
Последното писмо на Кропоткин
Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин
Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин
Петар Манџуков - биографија од Хаџиев
Дискусија за анархија - Малатеста
Анархија и организација - Букчин
Similar topics
Кампови за обука на атеисти
4 posters
АНАРХИЈА :: Категорија :: Анархија
Страна 1 of 1
Кампови за обука на атеисти
Дали во Македонија се потребни кампови за едукација на атеисти како што е тоа случај на Западот ?
.
.
Камп за атеисти
29.06.09 15:43
Живот
Доколку сакате да го одгледате своето дете во атеистички дух, тогаш можете да го пратите во летен камп кај Ричард Докинс, вели лондонски Times, кој пишува за најновата активност на најпознатиот светски атеист и бескомпромисен бранител на Дарвиновата теорија за еволуцијата.
Имено, славниот еволуциски биолог Докинс, автор на бестселерите „Себичен ген“ и „Илузија за Бог“, од 27 до 31 јули во Сомерсет, југозападна Британија, ќе организира прв атеистички камп за деца и момчиња на возраст до 17 години.
„Сакам да ги охрабрам ДЕЦАТА ДА МИСЛАТ СО СВОЈА ГЛАВА, ЗА ДА БИДАТ РАЦИОНАЛНИ И СКЕПТИЧНИ . Мојата намера е да ги обезбедам со ОРУДИЕ ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ , А НЕ СО ГОТОВИ МИСЛИ“, изјави Докинс кој веќе неколку месеци е професор во пензија на Оксфорд, каде со години предаваше на катедрата за јавно разбирање на науката.
Пензионирањето за Докинс не значи и повлекување од јавноста, па од почетокот на годината привлече внимание како еден од организаторите на атеистичката кампања во европските градови. Во склоп на таа кампања на јавните градски автобуси во неколку градови, вклучувајќи ги и Лондон, Барселона и Џенова, се појавија натписи со пораката: „ЛОШАТА ВЕСТ Е ДЕКА НЕ ПОСТОИ ГОСПОД . ДОБРАТА ВЕСТ Е ДЕКА НЕ ТИ Е ПОТРЕБЕН “.
Првиот британски АТЕИСТИЧКИ КАМП ЗА ДЕЦА се организира во соработка со американската иницијатива Cam Quest. Станува збор за иницијатива која во 1996 година ја основале американскиот адвокат Едвин Кагин за децата кои се „АТЕИСТИ , АГНОСТИЦИ , СЛОБОДОУМНИ , токму како и сите оние КОИ ГО ПОДДРЖУВААТ РАЦИОНАЛНИОТ , А НЕ ИРАЦИОНАЛНИОТ ПОГЛЕД НА СВЕТОТ “. Тие летни кампови се одржуваат во пет американски држави, како и во Онтарио, Канада.
Во склоп на првиот атеистички камп во Британија децата претпладне ќе имаат увид во еволуциската биологија и моралната филозофија, и ќе расправаат за феномените како телепатијата и круговите во житата. Попладнињата се резервирани за слободни активности кои се вообичаени за сите детски летни кампови, како што е возење велосипед и пливање.
http://www.okno.mk/node/1337

ateist- Број на мислења : 96
Registration date : 2010-01-24
Re: Кампови за обука на атеисти
Другар ова е интересно. Кај нас мислам дека ќе помине време додека се организираат вакви кампови но те охрабрувам доколку си заинтересиран да организираш а ако сакаш и со наша(Анархистички Фронт) помош на некоја дебата за Атеизам, Агнистицизам, религија и сл...
Re: Кампови за обука на атеисти
И мене како симпатизер на Кристофер Хиченс ме интересира истото што го спомна другарот Анархист. Поздрав!
M-1- Број на мислења : 351
Registration date : 2008-05-31
Re: Кампови за обука на атеисти
Не ми се свиѓа идејава.
Како второ, ова би било исто како задолжително посетување на црква во недела или како протестансткиот допишувачки курс за деца `Истражувачи`кој и самата јас го следев благодарение на моите родители кои сакаа да си го одгледаат детето на `правилен` начин. Повеќе ќе сакав моите родители да ми пренесеа некои вредности од нив од колку да ми посочуваа верски курсеви или па да ме праќале по атеистички кампови(ова зависно од религиозната определба на родителот)
Како трето, какви деца би биле производ на курсов? -I'm an atheist debate me?!
Како прво звучи како понуда на Топ Шоп.ateist напиша:
Доколку сакате да го одгледате своето дете во атеистички дух, тогаш можете да го пратите во летен камп кај Ричард Докинс, вели лондонски Times, кој пишува за најновата активност на најпознатиот светски атеист и бескомпромисен бранител на Дарвиновата теорија за еволуцијата.
Како второ, ова би било исто како задолжително посетување на црква во недела или како протестансткиот допишувачки курс за деца `Истражувачи`кој и самата јас го следев благодарение на моите родители кои сакаа да си го одгледаат детето на `правилен` начин. Повеќе ќе сакав моите родители да ми пренесеа некои вредности од нив од колку да ми посочуваа верски курсеви или па да ме праќале по атеистички кампови(ова зависно од религиозната определба на родителот)
Како трето, какви деца би биле производ на курсов? -I'm an atheist debate me?!
Карирана овца- Број на мислења : 4
Registration date : 2010-10-28
АНАРХИЈА :: Категорија :: Анархија
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|