Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

Зошто анархизмот не успева?

Go down

Зошто анархизмот не успева?

Пишување by Rastapunk on Сре Фед 20, 2013 6:37 am

На фејзбук групата на Анархистички фронт се појави еден контроверзен текст (барем во очите на еден анархист) којшто како главна поента има:

„Анархизмот е невозможен. Но дури и кога би бил возможен, тој е непожелен“

Иако во текстот не видов ништо што делува ни најмалку како аргумент кој ќе го брани ова тврдење, сепак одлучив да се обидам да дадам одговор за некои од тезите кои се развија таму.
Ме интересира што мислите вие.

Како дополнување го давам и мојот одговор:

„Anarchism is generally based on some sort of natural law concept, since it is based on a notion of rights and liberties that do not require a state to create or enforce them. The above comment makes the classic mistake of natural law theory: it reads a particular set of values into the universe by the process of definition. Rights do not exist in themselves.“
Прекрасно, авторот започнува со софизам. Прво кажува дека анархистите се приврзаници за „природниот закон“, а потоа тоа го претвора во „природни права и слободи“ и продолжува да зборува за тоа како да се иста работа, па вели дека правата и слободите се (материјалистички) продукт на општеството, што е точно, но не може да се однесува истото и за природните закони, кои се независни од нашиот интелект и нашето постоење.

„It is not labour that distinguishes the productive power of homo sapiens from other primates—all animals engage in labour—it is the notion of property, of rightful control, and thus the power of exchange. For all exchange is a change of control of the thing exchanged, and requires the notion of rightful control—of ownership—to work.“
Не е приватната сопственост таа којашто ги прави различни луѓето од животните (во однос на работата и трудот), туку поделбата на трудот (без разлика дали е примитивна, или индустриска). Со ова, не е валидна тезата дека приватната сопственост е нешто вградено во човековата природа.

„This is deeply connected with another on-going problem: that of out-group and in-group. The notion that people of one’s own group have greater claims on one than people who are not so is very powerful. Indeed, the entire kinship-and-lineage support system rests on it. It creates a legal order, but a distinctly limited one in its ambit. The typical response to a lack of a moderately trusted state or effective rulership (particularly if it persists) is not to broaden one’s sense of a shared moral community, but to narrow it.“
Ова доволно кажува дека нема појма ни од основите на политичката организација во анархистичко општество.
Анархистичко општество не значи немање на организација.


„The existence of rulerships creates pressure for rulership.“
Но постоењето на владател креира и корупција, бидејќи тоа е основното својство на моќта: корупцијата. Со тоа, владеењето ќе биде регулирано од страна на другите страни (колку реално постојат други страни е знак прашање бидејќи за некои круцијални прашања дури и најзавојуваните политичари се обединуваат), но и во исто време имајќи ја моќта, ќе можат и да манипулираат и да ги контролираат самите регулатори. Што значи, освен во моменти на сериозни отстапки и/или грешки, во секој друг случај моќта нема да може сериозно да се регулира.
Од друга страна, повторно се гледа неговото елементарно непознавање на анархизмот, бидејќи овде повторно тој претпоставува дека нема да постојат федерално здружени организации кои ќе носат политички одлуки.
За крај, не е владеењето тоа што ствара притисок, туку преземената обврска којашто засега повеќе луѓе, а такви одлуки ќе постојат во секое општество.


„Lack of a central authority does not mean all economic activity ceases. Some can actually flourish—Somalia has effective mobile phone systems. But there are basic issues such as, well, protection against violence, that tend to encourage creation of a sovereign authority sooner or later.“
Или па хоризонтална организација која ќе се бави со тоа (ако биде потребно) - бидејќи прашање е колкав ќе биде степенот на насилство после револуцијата (ако постои).

„Lack of a state does not mean a life free of coercion: it can mean quite the opposite.“
Тука се согласувам и јас! Затоа и мислам дека анархо-капитализмот е без везе.

„The human possibilities from living in a stable legal order are so much greater than from the lack of it that a surprising amount of political malfeasance is worth the difference. “
Ред постои и во анархистичко општество. Ако не постои ред, едноставно ќе се случи тоа што се случува во Сомалија и веќе нема да има анархија, туку ќе има „warlords, pirates and gangsters“.

Или како што кажува Алан Мур за анархизмот:
„I believe that all other political states are in fact variations or outgrowths of a basic state of anarchy; after all, when you mention the idea of anarchy to most people they will tell you what a bad idea it is because the biggest gang would just take over. Which is pretty much how I see contemporary society. We live in a badly developed anarchist situation in which the biggest gang has taken over and have declared that it is not an anarchist situation – that it is a capitalist or a communist situation. But I tend to think that anarchy is the most natural form of politics for a human being to actually practice.“
avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 26
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот