Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter

АМАН, Заедно за мир, ИППБ и слично

Go down

АМАН, Заедно за мир, ИППБ и слично

Пишување by Rastapunk on Чет Сеп 13, 2012 8:20 pm

Одамна нема никој отворено нова тема па сакав ако има активни членови на форумов да помуабетиме околу овие иницијативи, особено од анархистичка перспектива.

Прво мал вовед:

АМАН е актуелната иницијатива која ги подржува протестите против поскапувањата и повеќе за нејзе можете да најдете на следниов сајт: http://amanmk.wordpress.com/

За оние кои се мрзливи да бараат, еве зад што стои АМАН:

1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
5. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
6. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
7. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
8. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.


Заедно за мир беше иницијатива активна пред пола година која се залагаше за намалување на меѓуетничките тензии и креирање на атмосфера на соживот помеѓу (во најголема мера) македонците и албанците. (Не можам да најдам сајт од оваа инцијатива, ако најде некој - нека постира)


И последната, ИППБ (Иницијатива против полициска бруталност) беше иницијатива најмногу активна пред година дена која по повод убиството на Мартин Нешковски застана против целокупната полициска бруталност во Македонија со барања од типот на:

1. Засилување на внатрешна контрола на полицијата,
2. активирање на сите постоечки организации кои имаат за цел контрола на полицијата,
3. воведување на надворешна контрола на полицијата,
4. оставка на сите одговорни лица врзани со убиството,
и слично;
Толку околу воведот.


Значи, би ја почнал дискусијата со следново. Особено во ИППБ голем број на активисти се обидоа да внесат по општа социјална природа на протестите, но и во таа ситуација, а и во сите наредни во голема мера тие не успеаа, па останаа да бидат протести со тесен дијапазон на барања и цели, ограничени само на дадената тематика со која се бават.

Друга работа е што овие движења/иницијативи/протести се во голема мера реформистички (или со други зборови кажано нереволуционерни). Од друга страна, анархизмот е револуционерна филозофија - освен мал број на анархистички филозофии, кои често се сметани и за гранични случаеви.

Меѓутоа(!!!) има една работа која на сите ни е позната. Револуцијата не може да настане ако претходно не се создаде соодветна материјална, психичка и ментална околина за тоа. Односно, револуцијата не настанува преку ноќ. Па така, додека се потготвуваат соодветните ресурси за револуцијата светот сепак треба да опстои - бидејќи ако се уништи светот пред да настане револуцијата, логично, нема да има кој да ја создаде истата.
Е сега, прашањето е дали ако револуционерите целосно се посветат на револуцијата и нејзиното припремање светот ќе може сам да се грижи за себе си и дали ќе може самиот да се заштити од самоуништување.

Друга работа е што реформизмот е краткорочно полезен. Тој спаѓа во она што би можело да се нарече антисистемска дијалектика со просистемски резултати. Значи, ако струјата е сега 2000 денари, а може да биде 1600 денари и успееме да издејствуваме да се намали на 1600 денари - тоа е несомнено краткорочно полезно нешто. Но наспроти оваквиот начин на размислување постои и она што би можело да се нарече просистемска дијалектика со антисистемски резултати. Односно, ако го бодриме системот со цел струјата од 2000 да порасне на 5000 денари. На тој начин, големата цифра ќе ги тресне луѓето по глава и ќе ги натера да се организираат и конечно радикално да го променат системот.

Сумирано, идејата ми е да помуабетиме што мислите за овие иницијативи, или барем за една од нив - ако не мислите ништо посебно за другите две. Друго, да видиме дали може да се наметне поопшта социјална конотација на протестите и од протести за некоја локална ствар да прераснат во општо социјални протести и дали е прерано да се обидуваме со нешто такво. И трето, да видиме дали реформизмот е добар за револуцијата или тоа ги пасивизира, апатизира и деполитизира луѓето.

Другарски поздрав Smile

avatar
Rastapunk
Admin

Број на мислења : 236
Age : 26
Location : Во Скопјето!
Registration date : 2009-10-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АМАН, Заедно за мир, ИППБ и слично

Пишување by Anarchist on Пет Сеп 14, 2012 9:32 pm

Многу интересна тема Раста, мило ми е што си ја отворил.

Иако има многу што да се зборува сепак ќе се насочам кон конкретни нешта.

Ми се допаѓа начинот на претстава на делување на:
  • во системот со ефекти антисистемски:
  • вон системот со ефекти про-системски

Но тука сакам да напоменам или да продлабочам еве, начинот на „борба“ на анархистите е динамичен и се менува, се менуваат тактики, приоди и сл, но генералната цел и идеја е револуција. За жал понекогаш не ја гледаме шумата затоа што имаме дрво пред нас, се случува и тоа, сакам да кажам дека често пати и не разговараме за револуција или како ќе се случи таа, кои услови денес ќе бидат потребни за нејзиното остварување и уште позначаен момент како да не попадне во уште една нова комунистичка диктатура. Велам динамичен бидејќи темпото и динамиката на капитализмот го наложува тоа. Многу критички настроени луѓе анархисти денес не се задоволуваат со еднострана перспектива, мислам дека иако постепено го споделуваат се повеќе анархисти тоа, се доаѓа до моментот на различни тактики и се прифаќаат тие нешта. Знам дека многу луѓе со добри намери но со многу лоши дела и постапки многу негативно влијаат на различни тактики, дури кутрите и самите не се свесни дека повеќе помагаат на статус квото одошто на нивните другари и другарки.

Затоа се согласувам со тебе дека понекогаш и реформските тактики се оправдани, особено е важен контекстот на нештата(читај, време, локација, историја, политички процеси и сл..)

Но без разлика на која од двете точки човек ќе се насочи, секогаш системот ќе има бенефит. На пример, Израел го има зајакнато своето нуклеарно наоружување баш благодарение на активисти кои се бореле против нуклеарното оружје. Системот научил како да се пази од тие луѓе и сега во тој поглед е поприлагодлив и поробустен. Генерално од толку многу протести во светот кои донеле промена со текот на времето системот има научено, како да ги тривијалзиира тие протести, како да им создаде стаклено ѕвоно или плејграунд на активистите каде ќе може да си се изнавикаат и ефектот го нема.

Која опција и да се одбере на долг рок го јача системот на некој начин. Но има надеж бидејќи се јачаат и самите групи и луѓе се создава култура на отпор која инспирира.... Еве ги запатистите во мексико, инспирале милиони луѓе во светот, не сите да станат милитанти како нив но сепак пркосат. Има надеж бидејќи и ние за тоа што се залагаме сепак ќе биде некаков систем.


Поконкретно за овие иницијативи, би требало да разбереме дека се сепак само иницијативи. Би било погрешно според мене да се очекува нешто повеќе од нив освен исполнувањето на барањата и поважното да знаат луѓето дека не се сами.. дека сепак има незадоволство и дека има луѓе на кои им е преку глава и се спремни да преземат некои работи во свои раце. За жал проблемот е во поактивните луѓе кои учествуваат во организации кои не успеваат да го увидат значењето на овие протести на долг рок, за жал и поискусни луѓе не гледаат подалеку. Можеби ќе поминат уште десетина иницијативи за да тргне, но за тоа повеќе друг пат.
avatar
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

Преглед на профилот на членот http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот