АНАРХИЈА
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Similar topics
Site Meter

ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa

4 posters

Go down

ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa Empty ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa

Пишување by negative_h Саб Мар 29, 2008 6:42 am

Еве нешто што сите треба да го прочитате. Бажо вика поготово треба да го прочитаат тие што се трад. анархисти (со примеси на социјализам) lol! Дури по двапати, или чакштовише и да си го препишат во нивниот животен дневник

Шала на страна, има многу луѓе што анархизмот го сваќаат премногу сериозно, т.е. прават тој да звучи сериозно и крајно незабавно, што у принцип не би требало да биде случај. Прочитајте па ќе дискутираме





ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралноста
Ферал Фаун


Во моите патувања изминатите неколку месеци, зборував со многу анархисти кои анархијата ја сфаќаат како морален принцип. Некои одат толку далеку што за анархијата зборуваат како да е некакво божество на кое тие се оддале - зајакнувајќи го моето мислење дека оние што навистина сакаат да искусат анархија можеби ќе треба да се разведат од анархизмот.

Најчестото морално сфаќање што го слушав ја дефинираше анархијата како принципиелно одбивање на употреба на сила со цел да се наметне сопствената волја врз другите. Ова сфаќање има импликации коишто не можам да ги прифатам. Тоа имплицира дека доминацијата е главно работа на лични морални одлуки наместо на општествени улоги и односи, дека сите ние сме во еднаква позиција да практикуваме доминација и дека ни е потребна самодисциплина за да го спречиме тоа. Доколку доминацијата е работа на општествени улоги и општествени односи, тогаш овој моралeн принцип е целосно апсурден, претставувајќи ништо повеќе од начин на одвојување на политички коректните (избраните) од политички некоректните (проколнатите). Ваквата дефиниција на анархијата ги става анархистичките бунтовници во позиција на уште поголема слабост во веќе нерамноправната броба против авторитетот. Сите облици на насилство против луѓе или сопственост, генерални штрајкови, кражба па дури и такви питоми активности како граѓанската непослушност, подразбираат употреба на сила со цел да се наметне сопствената волја. Одбивањето на употреба на сила со цел да се наметне сопствената волја значи да се стане целосно пасивен - да се стане роб. Ваквото сфаќање на анархијата од нејзе прави правило за контрола на нашите животи, а тоа е оксиморон.

Обидот од анархијата да се направи морален принцип ја нарушува нејзината вистинска значајност. Анархијата опишува посебен тип на состојба, во која авторитетот или не постои или неговата моќ да контролира е поништена. Таквата состојба не гарантира ништо - дури ниту продолженото постоење на таа состојба, но ја отвора можноста за секој од нас да започне да го креира сопствениот живот за себе самиот во рамки на неговите сопствени желби и страсти наместо во рамки на општествените улоги и барањата на општествениот поредок. Анархијата не е целта на револуцијата; тоа е состојба која го прави возможен единствениот тип револуција кој мене ме интересира - востание на индивидуите за креирање на сопствените животи за самите себе и уништување на она што стои на нивниот пат. Тоа е состојба ослободена од какви било морални импликации, претставувајќи го на секому од нас аморалниот предизивик да ги живееме сопствените животи без ограничувања.

Бидејќи состојбата на анархија е аморална, идејата за анархистичка моралност е многу сомнителна. Моралноста е систем на принципи кои дефинираат што е добро и лошо однесување. Тоа имплицира на некаков апсолут надвор од индивидуите во однос на кој тие се дефинираат себеси, нешто заедничко за сите луѓе кое прави одредени принципи да се применуваат на сите.

Не сакам да расправам за концептот на „заедничко нешто за сите луѓе“ во овој напис: Мојата поента е дека без оглед на што се заснова моралноста, таа секогаш стои надвор и над живата индивидуа. Дали основата на моралноста е бог, патриотизам, заедништво, производствени потреби, природен закон, „Земјата“, анархија, или дури и „индивидуата“ како принцип, таа секогаш е апстрактен идеал кој управува над нас. Моралноста е облик на авторитет кој ќе биде поткопан од анархистичката состојба исто како и секој друг авторитет доколку таа состојба е трајна.

Моралноста и судењето одат рака под рака. Критицизмот - дури и грубиот, суров критицизам - е суштествен за подобрување на нашата бунтовничка анализа и практика, но судењето мора да биде целосно искоренето. Судењето ги категоризира луѓето како виновни или невини - а вината е едно од најмоќните оружја на угнетувањето. Кога си судиме или осудуваме себеси или некој друг, ние го задушуваме бунтот - тоа е целта на вината. (Ова не значи дека не „би требало“ да мразиме или да сакаме да убиеме некого - би било апсурдно да се создава „аморална“ моралност, но нашата омраза треба да биде препознаена како лична страст, а не да биде дефинирана во моралистички рамки.) Радикалната критика извира од стварното искуство, активности, страсти и желби на индивидуите и се стреми кон ослободување на бунтовноста. Судењето извира од принципите и идеалите кои се наоѓаат над нас; тоа се стреми да нè пороби преку тие идеали. Онаму каде што се појавиле состојби на анархија, судењето честопати привремено исчезнувало, ослободувајќи ги луѓето од вина - како за време на одредени буни кога најразлични луѓе пљачкале заедно во духот на радоста и покрај тоа што целите свои животи биле учени да ја почитуваат сопственоста. Моралноста изискува вина; слободата изискува елиминација на вината.

Еден дадаист еднаш кажа: „Тоа што сме управувани од морал... направи да биде невозможно да бидеме ништо друго освен пасивни кон полицаецот; тоа е изворот на нашето ропство“. Се разбира, моралноста е извор на пасивност. Сум слушнал за неколку ситуации во кои почнале да се развиваат големи состојби на анархија, а јас самиот сум искусил неколку помали, но во секоја од нив, енергијата исчезнала а повеќето учесници се вратиле на не-животите што ги живееле пред востанијата. Овие настани покажуваат дека, и покрај степенот до кој општествената контрола се пенетрира во нашиот живот на будење (и голем дел од нашиот сон), можеме да се ослободиме. Но мора да расчистиме со цајканот во нашите глави - моралноста, вината и стравот. Секој морален систем, без оглед за што се залага, спротивно од тоа, тој поставува граници на можностите кои ни се достапни, ограничувања врз нашите желби; а овие граници не се базираат на нашите актуелни капацитети, туку на апстрактни идеи кои во целост нè спречуваат да ги истражиме нашите капацитети. Кога во минатото избивале состојби на анархија, цајканот во главите на луѓето - вкоренетиот страв, моралност и вина - ги плашеле луѓето, одржувајќи ги доволно питоми за да се вратат назад во безбедноста на своите кафези, а состојбата на анархија исчезнувала.

Ова е значајно од причина што состојбите на анархија не избувнуваат од немајкаде - тие извираат од активностите на луѓето кои се фурстрирани од нивните животи. Можно е секој од нас во секој миг да создаде таква состојба. Честопати тоа би било тактички бесмислено, но можноста постои. Сепак се чини дека сите ние трпеливо чекаме состојбите на анархија да паднат од небо - а кога ќе избувнат, не можеме да ги одржиме. Дури и оние од нас кои свесно ја отфрлаат моралноста се наоѓаат себеси како се двоумат, застанувајќи да ја преиспитаат секоја акција, плашејќи се од цајканите дури и кога околу нема надворешни цајкани. Моралноста, вината и стравот од осуда делуваат како цајкани во нашите глави, уништувајќи ја нашата спонтаност, нашата дивост, нашата способност да ги живееме нашите животи до максимум.

Цајканите во нашите глави ќе продолжат да ја задушуваат нашата бунтовност сè додека не научиме да ризикуваме. Со тоа не мислам дека треба да бидеме глупави - затворот не е анархична или ослободувачка состојба, но без ризикување нема ниту авантура ниту живот. Самомотивираната активност - активност која произлегува од нашите страсти и желби, а не од обидите да се потчиниме на одредени принципи и идеали или да се втопиме во некоја група (вклучувајќи и „анархистичка“) - е она што може да создаде состојба на анархија, она што може да отвори свет исполнет со можности ограничени единствено од нашите капацитети. Да научиме слободно да ги изразуваме нашите страсти - вештина која може да се научи само преку практикување на истото - е од суштествено значење. Кога чувствуваме гадење, радост, желба, тага, љубов, омраза, треба и да ги изразиме. Тоа не е лесно. Почесто се фаќам себеси како се вклопувам во соодветната општествена улога во ситуации кога сакам да изразам нешто поинакво, отколку спротивното. Одам во продавница чувствувајќи гадење од сиот процес на економски односи, а сепак љубезно му се заблагодарувам на продавачот што ме оставил да поминам токму низ тој процес. Доколку тоа го правев свесно, како параван за крадење, тогаш тоа ќе беше забавно, користејќи ја мојата итрост за да го добијам она што го сакам; но тоа е вкоренет општествен одговор - цајкан во мојата глава. Се подобрувам; но имам многу долг пат да поминам. Сè повеќе се обидувам да делувам според моите импулси, моите спонтани пориви без да се грижам што останатите мислат за мене. Тоа е самомотивирана активност - активност која произлегува од нашите страсти и желби, од нашата задушена имагинација, нашата единствена креативност. Се разбира, следењето на нашата субјективност на овој начин, живеењето на нашите животи за нас самите, може да доведе до правење грешки, но никогаш грешки кои можат да се споредат со грешките што ги создава прифаќање на зомби постоењето кое е резултат на покорноста кон авторитетот, моралноста, правилата или повисоките сили. Животот без ризик, без можност за грешки, воопшто и не е живот. Единствено преку ризикот на отфрлање на сиот авторитет и живеејќи за нас самите ќе можеме да научиме да го живееме животот до максимум.

Не сакам ограничувања врз мојот живот; сакам отворање на сите можности за да можам да го креирам сопствениот живот за мене самиот - во секој миг. Тоа значи отфрлање на сите општествени улоги и уништување на сета моралност. Кога некој анархист или каков било друг радикал ќе почне да ми попува за неговите морални принципи - без оглед дали тоа е неприсила, длабока екологија, комунизам, милитантизам или дури идеолошки-нужно „задоволство“ - јас слушам цајкан или свештеник, а немам никаква желба поинаку да се справувам со луѓе како цајкани или свештеници, освен да им пркосам. Јас се борам да создадам состојба во која ќе можам да живеам слободно, да бидам сè она што сакам да бидам, во свет на слободни индивидуи со кои можам да имам односи во рамки на нашите желби без никакви ограничувања. Имам доволно цајкани во мојата глава - покрај оние на улица - со кои треба да се справам без да морам да се справувам и со цајканите на „анархистичката“ или радикалната моралност. Анархијата и моралноста се спротиставени еден на друг, а секоја ефективна опозиција кон авторитетот ќе мора да ѝ се спротистави на моралноста и да ги отстрани цајканите во нашите глави.
Anarchy: A Journal od Desire Armed #24, 1990
negative_h
negative_h

Број на мислења : 163
Age : 39
Location : nekade vo Tetovo (najverojatno na rabota)
Registration date : 2008-01-24

http://www.myspace.com/negative_h

Вратете се на почетокот Go down

ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa Empty Re: ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa

Пишување by schizzo Саб Мар 29, 2008 9:13 pm

ти текнува кога ти реков дека го мрзам општеството, cause it's fake..?

хех..
а цајканот во нашите глави, психологијата го вика родител. дури една третина од егото, hon.
најдивото, е исто така третина. тоа најмногу треба да се поштува, затоа што кога ќе го задоволиш него, детето во тебе, си вистински среќен, си се испочитувал себеси до крај. да беше само тоа, ќе беа сите среќни и неисфрустрирани.
вистински слободен човек ќе биде тој што ќе биде одгледуван во слободно општество од ослободени луѓе... бидејќи во нивните глави ќе има пак мал остаток од она што ги ограничувало... (зборуваме за луѓе од иднината Razz)

проблем е што светот и родителите ги учат луѓето да функционираат во општествово...

моментите како, што ќе речат комшиите, те алиенираат од ТЕБЕ,...
тапа.
schizzo
schizzo

Број на мислења : 53
Age : 34
Location : skopje
Registration date : 2008-03-20

http://www.myspace.com/the_idle_artist

Вратете се на почетокот Go down

ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa Empty Re: ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa

Пишување by Anarchist Нед Мар 30, 2008 5:01 am

Ако некој/а си го разбира анархизмот на најсадомазохистички начин, полн со досада и без забава, или пак обратно тоа си е работа на таа индивидуа. Јас лично текстов го имам читано повеќе пати, бидејќи е од поодамна на терор13-ка.

Не се согласувам во поголемиот дел со текстот. Прво мора да се каже дека текстов е пишуван со типични пост-левичарски идеји. За оние кои не знаат видете пост-левичарски анархизам на некоја википедија или гуглајте.

Јас разбирам ако на луѓето не им се зборува за анархија, комунизам и го наоѓаат тоа досадно и сл.
Се додека слободата на една личност не е загрозена од нечија друга слобода јас сум ок.
Значи за моралноста, прво да кажам дека супер е да се биде прогресивен и да се ставаат сите поими под знак прашалник, дури и самиот збор анархија, дури и моралност и слично. Но тоа што не ми се допаѓа е што гледам лицемерие од страна на авторот, мислам на ферал. Со самата критика за тоа колку е некој/а морален/а тој поставува нови критериуми, и покрај тоа што ги критикува.
Кога зборуваме за авторитетот, тој не е секогаш непожелен. Значи има одредени ситуации кога авторитет треба да има, пример држење на мало дете за рака и не пуштање ако тоа се тегне да истрча на сред улица и слични примери. Значи сакам да кажам со ова и покрај тоа што се борам со за да нема авторитет важно е да се каже дека јас не сакам целиот авторитет да го снема.
Што се однесува до моралот, колку и да сакам да бидам прогресивен и слободен и колку сакам да постои апсолутна слобода, сепак сум свесен дека живеам и го делам овој време-простор со други луѓе и суштества, и сепак мојата слобода е врзана за слободата не некои други. Како што кажав се додека мојата слобода не претставува пречка за нечија друга слобода се е ок, но ако почне да се преклопуваат тогаш несомнено е дека јас ќе се обидам да ја одбранам сопствената слобода. Но и кога тоа не се однесува на мене, ако забележам некој/а се обидува да наштети на нечија друга слобода ќе реагирам како што знам и умеам. Ете мене за тоа ми треба моралот.

Да не беше моралот, јас како би знаел дека нешто не е во ред на овој свет, а причината за тоа се државите, мултинационалние компании и луѓето зад нив. Јас сум за преиспитување на моралните вредности се со цел да не се креира некаква си догма, но тоа не значи откажување од моралот. Ако имам морал ќе осудувам, се разбира, јас ги осудувам на пример фашистите, не поради нивните идеји туку поради нивните обиди да ја контролираат мојата слобода и живот. Како јас би го видел сето тоа без морал. И разбирливо е тешко да се справува денес со полицаецот во нашите глави кој се крие некаде во моралот, но само поради тоа јас нема да го уништам сиот морал за да уништам некаков си натрапник.

Тоа е интересен и свеж аспект на гледањето на анархијата и моралот, but I'll pass this time.
Anarchist
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa Empty Re: ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa

Пишување by evolutionary Чет Мај 22, 2008 7:04 pm

cajkan vo nasite glavi interesno.duri da izrasneme vo bezdrzavno opstestvo zaednicata roditelite ke ni go razzvijat moralot ..
evolutionary
evolutionary

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-05-21

Вратете се на почетокот Go down

ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa Empty Re: ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa

Пишување by Anarchist Пет Мај 23, 2008 2:13 pm

evolutionary напиша:cajkan vo nasite glavi interesno.duri da izrasneme vo bezdrzavno opstestvo zaednicata roditelite ke ni go razzvijat moralot ..
NO sepak toa e daleku pomalku strasno od ona sto drzavate, televizijata, multinacionalnite kompanii go pravat. Roditelite go pravat toa do kolku? do tinejdzerskite godini? a ovie drugive CEL ZIVOT.
Anarchist
Anarchist

Број на мислења : 603
Registration date : 2008-01-05

http://anarhija.tk

Вратете се на почетокот Go down

ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa Empty Re: ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa

Пишување by evolutionary Саб Мај 24, 2008 5:19 pm

ne druz ene mislv na toj nacin loso se iskazav .sakav da kazam deka ne ni treba drzava ili nekoj zakoni za da se pridrzuvame kon red,obvrski i moral deka opstestvoto i zaednicata familijata go sozdavaat nasiot moral..
evolutionary
evolutionary

Број на мислења : 146
Registration date : 2008-05-21

Вратете се на почетокот Go down

ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa Empty Re: ЦАЈКАНОТ ВО НАШИТЕ ГЛАВИ Размисли за анархијата и моралностa

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот