Последното писмо на Петар Кропоткин

Извор: The Communist Review, Мај 1921, том. 1, бр. 1.
Издавач: Communist Party of Great Britain


Следното писмо е напишано од Петар Кропоткин до неговиот пријател, Де Реијгер, холандски анархист, кој го има покането да престојува во Хаарлем:


Москва, Дмитров,
23 Декември, 1920.
„Драг другар Де Реијгер, - Имаш мои најмили заблагодарувања за твоето љубезно писмо од Ноември, кое конечно стигна до мене. Сите тројца, мојата жена, мојата ќерка и јас, сме длабоко трогнати од твоето писмо и твојата покана. Но како што можеби веќе знаеш од писмото кое го испратив во „Берлин Синдикалист“, нашата позиција е лоша денес како што беше и минатата година. Ние ги имаме животните потреби, и ако човек размисли не може да каже дека е така секаде во Европа, тоа е голема работа.

Социјалната револуција зазеде, недоброволно, централистичка и авторитарна форма во Русија. Сепак, претставува можност за транзиција од капиталистичко општество во социјалистичко општество. И оваа мисла секако ќе ги охрабри социјалистите од Западна Европа во нивните напори да го реконструираат општеството врз основа на антикапиталистичка еднаквост. Згора на тоа, несомнено, централистичките грешки на Руската комунистичка револуција ќе им помогне на работниците од другите земји да ги избегнат истите грешки.

Братски поздрави,
ПЕТАР КРОПОТКИН.

P. S. Ние живееме во малечко гратче на 60 километри северно од Москва, кадешто имаме кујна-градина во којашто работи мојата жена. За жал, не сум повеќе во можност да извршувам физички работи, па мојата жена се грижи за зеленчукот кој ние потребен преку зимата. Во овој момент сум зафатен со големо дело, „Етика на натуралистички основи.“

Exploité, 9-ти Март.