Што треба да се направи?


(Одговор на артикл од "Outcast")

Ерико Малатеста (26 Август 1922)

 

“Што треба да се направи?„ е прашењето што , повеќе или помалку, секогаш ги мачи сите луѓе кои се залагаат за некој идеал, и брзо доаѓа во моменти на криза, кога неуспехот или разочарувањето поттикнува преиспитување на прифатените тактики и носи критики кон некои можни грешки и бара поефективен начин. Другарот Outcast е во право што повторно го постави прашањето и ги повика другарите да размислат и одлучат што да прават.

Денес нашата ситуација е тешка, посебно во некои области. Како и да е, тој шо бил претходно анархист, останува анархист после се; иако сме слабееле после многу порази, исто така сме се здобиле со вредно искуство, кое ќе ја покачи нашата ефективност ако го чуваме.Миграциите кои се случија на нашата страна, кои всушност беа ретки, сепак ни помагаат бидејќи ги одделија од нас слабите и недоверливите личности.

И што треба да се направи?

Нема многу да се задржам на немирите кои се случија во странство против Италијанската реакција. Секако дека можеме да очекуваме само придобивки од се што му помага на пролетаријатот на светот да дознае за вистинските услови во Италија и неверојатните неправди кои биле извршени и сеуште се извршуваат од буржоаските полицајци за да се задуши и уништи еманципаторското движење. Ние само што прочитавме за интернационално рели на протести против фашизмот јие се одржа во Њу Јорк на 18ти овој месец --и сме сигурни дека нашите пријатели и тие кои имаат чувство за слобода и правда ќе направат се што можат во Америка, Англија, Франција, Шпанија итн.

Како и да е, ние воглавно сме заинтересирани за тоа што може да се направи овде во Италија бидејќи тоа ние ќе го правиме. Иако е добро да се земат во предвид сите помошни сили, многу важно е да не се потпираме премногу на другите и да ја бараме нашата благосостојба во самите нас и нашата работа.

Во последниве години ние се имаме приближано на различни авангардни партии со намера на заедничка акција и секогаш сме се разочарале. Мора ли заради оваа причина да се изолираме, или да се скриеме од нечисти контакти и да стоиме цврсто обидувајќи се да напредуваме само тогаш кога ја имаме потребната сила и во името на целиот наш програм?

Не би рекол.

Бидејќи не можеме самите да направиме револуција т.е. само нашите сили не се доволни да ги привлечат и мобилизираат потребните маси за победа и бидејќи, без разлика колку чекаме, масите не можат да станат анархисти пред револуцијата да започне, и ние ќе останеме релативно мало малцинство се додека не можеме да ги пробаме нашите идеи во револуционерна пракса. Со негирање на нашата кооперација со други и со одложување на акцијата се додека сме доволно силни самите да превземаме акција, ние практично би ја поддржувале бавноста, покрај силните зборови и радикалните намери одбивајќи да започнеме со изговор дека наеднаш би прескокнале до крајот.

Знам многу добро дека ние анархистите сме единствени кои посакуваме револуција за доброто на луѓето и револуција што е можно побрзо, со исклучок на некои индивидуалци кои што не се согласуваат со дисциплината на авторитарните партии, но остануваат во нив со надеж дека нивните лидери, некој ден, ке одлучат да повикаат генерална акција. Сепак, јас исто така знам дека околностите се многу често посилни од индивидуалната воља и еден ден нашите роднини од различни страни ке мораат се сложат за потфатот за конечната борба ако не сакаат срамно да умрат како партии и да им направат подарок на монархијата од сите нивни идеи, традиции, од нивните најдобри чувства. Денес тие би можеле да бидат индуцирани да го направат тоа поради потребата од одбрана на нивната слободо, нивните работи, нивниот живот.

Одтаму ние секогаш би требало да бидеме подготвени да ги поддржиме оние кои се подготвени за акција, дури и ако има ризик подоцна да се најдеме сами и предадени.

Ама при поддржувањето на другите т.е. при обидите да ги користиме силите на дофат од другите и користење на секоја прилика за акција, ние секогаш мораме да останеме свои и да бараме позиција за нашето влијание да биди барем исто со нашите можности и нашата сила.

Тука е потребно ние да се сложуваме меѓусебе и да имаме координација и да се организираме што е можно поефективно.

Другите нека продолжат погрешно да ги разбираат и да ги клеветат нашите цели, поради причини кои ние не ги признаваме. Сите другари кои сериозно сакаат да превземат акција ќе оценат што е подобро за нив.

Во ова време, како и во секое време на стагнација и депресија, ние сме измачени од тривијални тенденции; некои луѓе уживаат да дискутираат околу тоа дали ние сме партија или движење, дали треба да создадеме унии или федерации и стотици други слични ситни работи; можда повторно ќе чуеме дека “групите не можат да имаат секретар ни благајник, но мораат да назначат еден другар да се справи со кореспонденцијата на групата и друг да ги чува парите„. Оние кои бараат влакно во јајцето се способни за било што; но оставете ги практичните да превземаат акција, а оставете ги ситничарите со добра надеж, а тие со лоша надеж над се нека задушуваат во сопствениот сок.

Оставете ги сите да прават што сакаат, нека се здружуваат со кој сакаат, но оставете ги да дејствуваат.

Никоја разумна личност не може да негире дека ефективната акција бара согласност, здружување
и организација.

Денес реакцијата најчесто го задушува било кое јавно движење и очигледно движењето мора да стане “underground„

Ние се навраќаме на потребата од тајна организавиција, што е добро.

Сепак, тајна организација не може да биде се и не може да ги вклучи сите.

Ние треба да го зачуваме и зголемиме нашиот контакт со масите, ние треба да бараме нови следбеници пропагирајќи што е можно повеќе, ние треба да ги чуваме во движењето сите индивидуалци непогодни за тајна организација и тие што би ја загрозиле правејќи ја премногу позната. Мора да се запамети дека најкорисни за тајна организација се тие чии верувања им се непознати на протвниците и оние кои можат да работат без да бидат забележани.

Оттаму, според мене, ништо што постои не треба да остане недовршено. Повеќе се работи за додавање на нешто, нешто со такви карактеристики да одговори на сегашните потреби.

Никој нека не чека за иницијатива од некој друг; секој нека превзема иницијативи за кои сметаат дека се соодветни за нивното место, во нивната околина и потоа да се обиди, со потребни мерки за претпазливост, да ја поврзи својата со иницијативите на другите, да дојдат до генерална согласност дека е потребна валидна акција.

Ова е време на депресија. Сепак, историјата се движи брзо денес; да се подготвиме за престојните настани.