АНАРХИЗАМ

извадок од книгата Што е анархизам на Александар Беркман

 

Сакам да ви кажам за анархизмот. Сакам да ви кажам што е анархизмот, бидејки мислам дека е убаво да знаете. Исто така, бидејки премалку се знае за ова, а она што се знае генерално се трачеви и најчесто се погрешни. Сакам да ви кажам бидејќи верувам дека анархизмот е најубавата и најголема работа која човекот ја смислил, единствен начин кој ти овозможува слобода и добросостојба и носи мир во светот. Сакам да ви кажам на многу прост и  едноставен јазик, да не би можеле погрешно да го разберете. Големи зборови и фрази на високо ниво служат само да збунат. Чистата мисла значи  едноставен говор. Но пред да ви кажам што е анархизам, сакам да ви кажам што не е. Ова го сметам за потребно бидејќи кружат многу погрешни информации. Дури и  интелигентни луге често имаат погрешна претстава. Некои пак зборуваат за анархизам воопшто непознавајки ништо на ова тема.. а, некои лажат, бидејки несакаат да ја дознаеш вистината...


Анархизмот има многу непријатели, тие нема да ти ја кажат вистината за него. Зошто анархизмот има непријатели и кои се тие ќе дознаеш подоцна во овој текст. Сега можам да ти кажам само дека ниту твојот политички водач, ниту твојот работодавач, ниту капиталистот ниту пак полицаецот нема искрено да ти зборуваат за анархизмот. Повеќето од нив не знаат ништо за ова, а сите го мразат. Нивните весници - капиталистичкиот печат - исто така се против.


Дури и социјалистите и болшевиците погрешно го претставуваат анархизмот. Вистина, мнозинството и  не знаат подобро, но оние кои знаат, исто така често лажно го прикажуваат анархизмот, како неред и  хаос. Еве сами заклучете за нивната неискреност: најголемите учители на социјализмот Карл Маркс и  Фридрих Енгелс учеа дека анархизмот ќе дојде од социјализмот. Тие велеа дека прво мора да имаме социјализам  па од него да произлезе анархијата, што би било послободна и  поубава состојба  на општеството. Но и  покрај тоа,социјалистите кои се следбеници на Маркс и  Енгелс инсистираат да го нарекуваат анархизмот хаос и  неред, што ви кажува колку ја игнорираат вистината.
Болшевиците го прават истото и  покрај тоа што нивниот најголем учител, Ленин рекол дека анархизмот ќе следи по болшевизмот и  ќе биде поубаво и  послободно за живеење. Ете затоа сакам да ви кажам што анархизмот НЕ Е.


Тој не е бомби, неред и  хаос. Не е грабежи и убиства. Не е војна на секој против секого. Не е враќање кон варварството.
Анархизмот е многу спротивно на сето тоа. Анархизмот значи  дека треба да си слободен, дека на никој не треба да робуваш, дека не треба да те експлоатираат и  искористуваат. Значи  дека треба да бидеш слободен да го правиш она што го сакаш и  да не си принуден да го правиш она што несакаш. Значи  дека треба да имаш можност да го одбереш начинот на живот кој сакаш да го живееш, без никој да ти  попречи. Значи  дека секој другар треба да ја има истата слобода како и  ти, дека секој треба да ги има истите права. Значи  дека сите луѓе се браќа и  треба да живеат како браќа, во мир и  хармонија. Дека не треба да има војни, насилство, монопол и  сиромаштија.


На кратко, анархизмот е состојба или општество каде секој човек е слободен и  еднаков со другиот.
Може ли тоа да се случи? - ќе прашаш, и  како?
Не пред сите да станеме ангели. - дофрла твојот пријател.
Па... остави да разјасниме, можеби можам да ви докажам дека можеме да бидеме достоинствени и да живееме достојно како луѓе... и без да ни пораснат крилја.