НАЗАД

ШТО Е АНАРХИЈА?

АНАРХИЈА НЕ Е ХАОС, АНАРХИЈА Е РЕД БЕЗ КОНТРОЛА

Анархија е збор. Тој збор е составен од два збора и тоа: ан - што значи некаква негација и архија - што значи владеење. Во превод значи без власт, или поопшто земено значи без авторитет.

Оние кои не се добро запознаени со поимот анархија, го гледаат како хаос, односно безредие, а всушност анархија значи општество во кое ќе нема власт, но ќе има највисок ред. Анархистите не сметаат дека тој ред може да се воспостави преку власт. Тие сметаат дека може да се создаде преку бездржавен социјализам (анархизам), односно преку доброволно организирање и самоуправување на луѓето, без било какви општествени хиерархии, бидејќи токму хиерархиите во општеството ја носат со себе нееднаквоста, а со тоа и неправдата. Значи анархисти се луѓе кои се залагаат за општество каде ќе нема власт, ќе нема држава, ќе нема авторитет, ќе нема класи, но ќе има доброволно договарање и организирање меѓу народот, бидејќи само така човекот може да суштествува како слободен и да прави тоа што му е по волја, но имајќи на ум дека слободата на еден човек завршува онаму, каде што започнува слобдата на друг човек.

„Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство и бруталност. “