НАЗАД

Од Избрани записи за Анархизам и Револуција, П. А. Кропоткин, превод и адаптација на англиски јазик Мартин А. Милер.

Дмитров (Московска провинција)
21 декември, 1920

Почитуван Владимир Илич,

Имаше соопштение во Известија и во Правда каде се обзнанува одлуката на Советската влада да ги зароби како заложници СР-ците(членовите на социјал револуционерната партија) од Савниковите групи, белогардејците на националистичкиот и тактичен центар и Врангеловите офицери, и во случај на обид за антентат на водачите на советите, „безмиллосно да се уништат“ овие заложници. Зарем нема никој околу тебе да ги потсети твоите другари и да ги убеди дека такви мерки претставуваат враќање кон Средниот век и религиозните војни, и дека се незаслужни за луѓе кои се земале да креираат идно општество на комунистички принципи? На секој кој му е мила иднината на комунизмот не може да се заплеткува со такви мерки.

Зарем е возможно никој да не објасни што заложник всушност значи? Заложникот е затворен не како казна заради некаков криминал. Тој е држен со цел да се уцени непријателот со неговата смрт. „Ако убиете еден од нашите, ние ќе убиеме еден од вашите.“ Но зарем ова не е исто со носење на луѓето до губилиштето секое утро и да ги враќате назад, велејќи им : „Почекај малку, не денес...“ И зарем твоите другари не разбираат дека ова има еднакво значење со реставрација на мачењето за заложниците и нивните фамилии. Се надевам дека никој нема да ми каже дека луѓето на власт истотака не водат лесни животи. Денес, дури и меѓу кралевите постојат оние кои ја сметаат можноста за атентат како „работна незгода.“ И револуционерите ја претпоставуваат одговорноста на бранење на самите себе пред судот кои им се заканува по нивните животи. Луиз Мишел го одбра овој пат. Или тие одбиваат да бидат судени, како Малатеста и Волтерин де Клер.

Дури кралевите и папите ги отфрлија таквите варварски средства на самоодбрана како што е земањето на заложници. Како може апостолите на нов живот и архитектите на нов општествен поредок да имаат насока кон такви средства за да се бранат протиив непријателите?

Зарем ова нема да биде сметано како знак дека ти го сметаш твојот комунистички експеримент неуспешен и дека системот ви е дотолку драг колку за да се спасите себеси?

Зарем твоите другари не сфатија дека вие, комунистите (и покрај грешките кои ги направивте), работите за иднината? И оттаму не смеете во никој случај да ставите дамка на вашата работа со дела што се толку блиски на примитивен терор? Мора да знаете дека токму овие дела извршени од револуционерите во минатото ги прават новите комунистички стремежи толку тешки.

Јас верувам дека за најдоброто на вас, иднината на комунизмот е поскапоцена отколку вашите сопствени животи. И мислите за оваа иднина мора да ве предизвикаат да ги отфрлите таквите мерки.

Со сите свои сериозни противења (и јас, како што знаеш, ги гледам многу добро), Октомвриската револуција донесе енормен прогрес. Таа демострираше дека општествената револуција не е невозможна, како што луѓето од Западна Европа започнаа да размислуваат. И, со сите свои дефекти, таа носи прогрес во насока на еднаквоста, која нема да биде нагризена со обиди за враќање кон минатото.

Зошто тогаш, да се турка револуцијата на пат кој води кон самоуништување, првенствено поради дефекти кои не се воопшто наследни во социјализмот или комунизмот, но го претставуваат опстанокот на стариот ред и старите вознемирувања, на неограничен и сејадлив авторитет?

П. Кропоткин