Бог е злобен, човекот е слободен

Пјер Жозеф Прудон

Вовед

Шон П. Вилбур

Прудон бил љубител на скандали и провокации кои ги доведувале него и неговите пријатели во многу невољи. Во делото„Систем на економски противречности“ ја доискажал својата провокативна теза за еволуцијата на институциите преку една скандалозна расправа за неговата т.н.„Хипотезата за Бог“. Прудон бил фасциниран од Христијанството и расправал за истото преку најразлични перспективи и погледи, но е најпознат и најдобро запамeтен по неговите дела „Химна за Сатаната“ и последното поглавје од првиот дел на„Економски противречности“, каде што доаѓа до тој степен да „објави војна“ против самата идеја за Бог:
„Ако Бог не постоеше, ќе беше потребно да го измислиме самите“рече Волтер, непријателот на религијата.„Зошто?“ –„Бидејќи ако си имав работа со принц кој е атеист и кој би наредил да бидам трескан од малтер, тогаш самиот ќе бев сигурен дека треба да бидам трескан. Ако си имав работа со принц кој е побожен и верник и нареди да бидам запален на клада, бидејќи така било наредено „во името Божјо“, нелибибилоисто? Го забораваш ли Антихристот, Инквизицијата, св. Бартоломеј, Ванини и Бруно, измачувањето на Галилеј и мачеништвото на многу други слободоумни мислители? Не се обидувај да направиш разлика помеѓу употреба и злоупотреба. Би требало да ти одговорам дека од еден мистичен и натприроден принцип, принцип што објаснува и оправдува сѐ, како што е идејата за Бог, од него сите последици се оправдани и легитимни и самата ревност и религиозна страст на поединецот е единствено мерило на нивната праведност.

„Еднаш верував“, вели Русо, „дека е возможно да си чесен човек и да си поврзан со Бог, но брзо си ја сфатив таа грешка“. Фундаментално е ист аргументот како на Волтер и самото оправдување на нетолеранцијата: Човекот прави добри дела и се воздржува од зло само преку неговата верба во Бог којшто го гледа секој негов потег; проклети да се оние кои го порекнуваат неговото постоење! А како самиот врв на апсурдноста, човекот којшто ја бара како доблест санкцијата од едно божество кое казнува и наградува, е и самиот човек којшто учи за добрината на човекот како религиозна догма.

А за мојот дел јас велам: Првата должност на човекот кој станал слободен и интелигентен е постојано даја трга идејата за постоење на Бог од неговите ум и совест. Бидејќи Бог,ако постои, е спротивставен на самата наша природа, и ние воопшто нѐзависиме од неговиот авторитет. Добиваме знаење без оглед на неговото постоење, удобни сме без него, и во самото општество можеме без него. Со секој чекор напред извојуваме победа против Божествата.

Повеќе не може да се рече дека начините на Бог се непробојни. Ги пробивме овие негови начини и ги прочитавме со крвави букви и зборови доказите за импотенцијата и злонамерноста на Бог. Мојот разум, којшто долго време бил понижен, постепено се издига на степен до бесконечноста; со време тој ќе дознае дека неговото неискуство се крие од него; со време сè помалку и помалку ќе бидам работник на несреќата, и со просветленоста што ќе ја добијам, со перфекцијата на слободата ќе се прочистам, ќе го идеализирам моето битие и ќе станам главен на создавањето и креацијата, еднаков со Бог. Едно мало злодело коешто Бог можел да го спречи, а не го сторил тоа, го претставува во лошо светло, додека еден најмал прогрес и напредок којшто човекот, неучен,напуштен и предаден го направил спрема доброто, го претставува во најдобро светло. Со кое право Бог би можел да ми рече мене: Биди свет, бидејќи и јас сум свет? Ќе му одговорам: Лажлив духу! Имбецилен богу! Твоето владеење заврши! Свои нови жртви барај кај ѕверовите! Јас знам дека не сум свет, а и неможам да станам! И како може ти да бидеш свет кога и јас личам на тебе? Вечен Татко, Јупитер или Јехова, те научивме! Ти си, ти беше и засекогаш ќе бидеш љубоморниот ривал на Адам и тиранинот на Прометеј.

Не потпаѓам на овој софизам побиен од св.Павле, кога му забранува на грнето да му рече на грнчарот: зашто си ме направил ваков? Не го обвинувам создавачот на нештата бидејќи ме создал толку нехармоничен, како неразбирлив состав; би можел да постојам само во таа состојба. Се задоволувам себеси плачејќи му нему: Зошто ме прелажуваш? Зошто со твојата молчеливост си го ослободил егоизмот во мене? Зошто ме измачуваш со мислата за универзалниот сомнеж преку горката илузија на антагонистичките идеи, кои самиот си ги ставил во мојот ум? Сомнеж кон вистината, сомнеж кон правдата, сомнеж кон мојата совест и мојата слобода, сомнеж кон тебе, о Боже! и како резултат на овој сомнеж, потреба од војна со себеси и против мојот сосед! Тоа, Врховен Татко е она што си го создал за нашата среќа и твојата слава. Уште од самиот почеток тоа било твоја волја и твоја власт, таков е лебот натопен во крв и солзи со кој си нѐ нахранил. Гревовите коишто бараш од нас да ги простиме, си нѐ натерал да ги направиме, стапиците од кој те молиме да нѐ избавиш, самиот нѝ ги поставуваш, и Сатаната од кој нè избавуваш си самиот Ти.

Ти победи, и никој не се осмели да Ти се спротивстави, откога ги измачи и неговото тело и неговата душа, ја навреди неговата побожност и неговото почитувачко незнаење. Ние бевме ништо пред Твоето невидливо Височество, на кого Му го дадовме небото како натстрешница и земјата за лежење. А еве сега си тргнат од тронот и скршен. Твоето име – последниот познат збор, пресудата на судијата, моќта на принцот, надежта на сиромашните, засолништето на грешникот кој се покајал, ова несоопштливо име од сега велам дека ќе стане објект на потсвиркување меѓу луѓето. Бидејќи Бог е глупавост и кукавичлук, Бог е лицемерие и лага, Бог е тиранијата и беда, Бог е злобен. Сè додека човештвото се поклонува пред олтари ќе биде осудено. Сѐ додека еден човек, во името на Бог, добие заклетва од друг човек, општеството ќе биде основано врз вероломство. Мирот и љубовта ќе бидат прогонети од постоење меѓу смртниците. Боже! Оди си! Од овој ден па натаму, излечен од стравот од тебе, се колнам, со мојата рака исправена кон небесите, дека ти си само мачител на мојот разум! Сеништето на мојата совест.

Секако ова налутило многу луѓе, а Прудон не бил единствениот којшто ја чувствувал оваа жештина. Главното мислење било дека неговите пријатели и општо социјализмот ги бие лош глас поради неговите провокативни дела, па поради тоа бил под притисок да ги среди овие работи. Меѓутоа Прудон не бил некој којшто им го давал на луѓето тоа што го сакале, па неговиот одговор не ги средил баш работите.

Бог е злобен

Моите пријатели ме молат, заради наше добро и наш интерес, и со што би тргнал каков било изговор за клевета, да го искажам јавно моето мислење за божественоста и боговите, и во исто време да објаснам некои делови од „Системот на економски противречности”, којшто реакционерните клеветници веќе една година ги злоупотребуваат против социјализмот со своите прости души.

Им се предавам на овие барања. Дури и би рекол дека долго време им дозволував на членовите на „Ле Конституционел” да ме прават поголем Ванини и од вистинскиот, којшто во исто време ги напаѓа и Бог и Ѓаволот, фамилијата и сопственоста, но јас си имав мои причини за тоа. Прво сакав да натерам одредени школи, дотогаш заколнати непријатели, да признаат дека наликуваат една на друга. Сакав да биде претставено пред очите на сите дека е така. Исто така, како метафизичар по професија, бев во можност со оглед на околностите да пресудам,со еден одлучен тест, каде се наоѓа религијата во овој век. Не може секој да се впушти и да спроведе такви експерименти во социјална психологија, и да го проучи јавниот разум за шест месеци. Малку луѓе се во таква позиција, а и премногу е скапо.Затоа бев љубопитен дали кај луѓе како нашите, кои веќе два века ги совладуваат религиозните разлики меѓу себе, кои веруваат во принципот на слободна совест и најодлучен скептицизам, кои преку „пискањето“ на сегашниот премиерГ–динОдилон-Баро, го поставија Бог над законот, кои ги плаќаат сите вери меѓу нив дури чекаат истите да останат во заборав, дали кајнарод којшто се колне само на чест и совест, кадешто образованието, правдата, моќта, литературата, уметноста и сè друго претставуваат религиозна индиферентност, ако не и атеизам, умовите на луѓето се ставени на исто ниво со институциите.

Има, си реков себеси, човек којшто ги исполнува своите граѓански должности, кој ги почитува фамилиите на неговите сограѓани, кој се чува чист за доброто на другите, кој никогаш не си ги крие своите мисли, дури и ако тоа е по цена на неговата почит и достоинство, кој се заколнал дека ќе го подобрува животот во општеството. Битно ли е дали овој човек е верник или атеист? Зашто тоа би го сменило мислењето кон него? А посебно поради тоа што зборот „атеист“ не е доволно објаснети дефиниран исто како и зборот „Бог“, чијашто е негација.

За ум којшто е заљубен во филозофски и социјални ситници, ова прашање заслужува да биде детално проучено.
Сега увидов дека, фаламу на Бога – извинете ми на изразов – мнозинството од луѓето во Франција многу малку биле предизвикани од трансцедентните интереси на „Врховното суштество“, и дека многу малку остануваат освен Конституционелот и Језуитите, Г–динТиер и Г–дин Де Монталембер, да ја бранат каузата на божествата. Овде имам се’ што сум собрал во моите истражувања, не криејќи ништо:

  1. Четири петиции имаат стигнато во Националното Собрание, со триесет до четириесет потписи, коишто бараат да ме избркаат од истото собрание поради атеизам. Како да немав право да бидам атеист! Ако Националното Собрание некогаш се заморуваше себеси со вакви петиции тогаш моите чесни колеги би се смееле како боговите.
  2. Имам примено две анонимни писма во кои бев предупреден со многу библиски цитати дека ако продолжам да богохулам, небесите ќе ме казнат. Во ред, велам, ако се замешаат небесите тогаш сум готов.
  3. И на крај, самиот Конституционел, издание 3-ти Мај, коешто ми вели да внимавам дека ако продолжам да го притискам Просветлението и божествата, таа ќе ме казни, ќе ме избави од делириумот на мојата гордост.

Тоа е сè што можев да приберам од оваа индигнација на посветените, останатите, големото мнозинство Француски народ. Се потсмеваат на Просветлението на Конституционелот и на добриот Бог на Језуитите како задник полн со коприви. Меѓутоа, време е оваа комедија да заврши и бидејќи моите пријатели и социјалистички колеги посакуваат, јас ќе им се обратам со мојата изјава за верата. Бог и народот нека ме извинат! Тоа што ќе го кажам сега е сериозна работа, но такво е и богохулното лицемерие на моите противници. Да, за малку ќе се посрамев од мојата постапка, како да сум ја земал светата вода.

Човекот е слободен

Еве го мојот прв предлог. Слободата е мисла, а јас само ја преведувам мислата на Декарт – „мислам значи постојам“. Јас сум слободен, а со тоа и постојам. Сите предлози коишто следат, следат од тој со геометриска строгост.

Според неговата доблест, човекот или го следи или се противи на Божествениот ред, кој не е ништо друго туку природниот ред доставен до самиот себе.

Со неговото следење на божествениот ред, човекот влегува како дел од божествената власт во универзумот. Самиот тој станува како Бог, чија е вечна слика, создавач и прикажувач, самата форма на божественото.

Сè она што не се меша во слободната волја на човекот, припаѓа само во Божественото право.

Спротивно на тоа, сè што ја надминува силата на природата е волјата на човекот.

Бог е вечниот разум, човекот е прогресивниот разум.

Овие две сфаќања се потребни едно на друго, тие се надополнуваат меѓусебе.

Нивното усогласување ја создава, она што го нарекувам,Божествената власт.

Провидението не е проста идеја како Бог и човекот, таа е комплексна. Таа ја претставува хармонијата меѓу природниот ред и редот на слободата, нешто што познатата изрека: „помогни си себеси и небесите ќе ти помогнат“ го искажува.

Сè што човекот прави кога ќе се сретне со божествениот закон е произволно, сè што ќе се случи без знаење на човекот, или што ќе се случи без разлика на неговото знаење, е фатално.

Зависно од тоа дали човештвото е автономно суштество, дали е господар и законодавец над самиот себе, дали неговиот дел од иницијативата е голем и разумен и ослободен од несвесните закони на природата, бројот на добри дела во светот се зголемува или намалува.

Прогресот на човештвото тогаш може да се дефинира како бескрајна борба на човекот со природата, вечна опозиција, којашто произведува вечно смирување.

Секаде кадешто човекот погрешно го разбира законот на природата или кадешто истиот го нема, неизбежно е и природата и општеството да се распаднат. Перфекцијата на физичкиот свет е поврзана со перфекцијата на социјалниот свет и обратно. Бог, свет без човештво е невозможен. Човештвото – Бог е контрадикција. Конфузија, ексклузија, па оттаму следува злото.

Бог е вечен и бескраен, тој е насекаде. Човештвото е бесмртно и прогресивно и тоа е некаде.

Ни божественото не може целосно да се апсорбира во човечките закони, а ни слободната воља да се разреши во фатализам. Овие два реда треба да се развиваат посебно, паралелно со себеси и да се надополнуваат, да се хармонизираат, а не да се измешаат: антиномијата помеѓу Бог и човекот е нерешлива.

Апсолутноста е потребна за разумот, но не без реалноста. Со други зборови, Бог кој е сметан за синтеза на конечното и бесконечното не постои. Од друга гледна точка пак, човекот не е послабата слика од Бог, туку обратната.

Еднаквоста на односите меѓу Бог и човекот, различноста и антагонизмот на нивните природи, конвергенцијата на нивните волји, напредокот на нивните согласувања се фундаментална догма на демократската и социјалната филозофија.

Христијанството беше пророштвото, социјализмот реализацијата.

Атеизмот е негација на Провидението, бидејќи е резултат на нефлексибилните закони на природата и постојаноста на стремежот на слободата, како што јас се обидов да го дефинирам.

Атеизмот општо земено е доктрина според којашто во бесконечно многу форми вели дека материјализмот, спиритуализмот, Католицизмот и паганизмот, деизмот, пантеизмот, идеализмот, скептицизмот и мистицизмот, забрануваат еднаквост, потребата од двете сили, Бог и човек, нивните разлики, солидарност, тежнеат кон тоа да ја направат едната потчинета на другата, да ги изолира, или да ги разреши.

Бог, вечен и неизбежен, кој не може да постои без човекот, и човекот, прогресивен и слободен, кој не би можел да се замисли без Бог. Таа двојност е незаменлива и секоја теорија којашто е спротивставена на таа е атеизам.

Така, атеизмот е спротивен од антитеизмот, што е ништо друго освен самиот социјализам, како што е и самата теорија за Провидението или како што и самиот Августин би рекол, тоа е организацијата на Божествената Држава.
Според ова, вулгарните којшто поврзуваат сè со една врховна волја, со едно Врховно Суштество, за кого човекот е само едно мало суштество и играчка, религиозно во свеста, но атеистичко е во верувањата. Преовладувањето на Бог е касапење на човештвото, тоа е атеизам.

И денеска би било точно ако се рече дека светот не го знае Бог, исто како што би било и во времето кога се родил Исус.

Босие, во неговото дело „Дискурсот на универзалната историја“ (Discours sur l'histoire universelle), глорифицирајќи го Креаторот на штетата на човештвото, каде што му доделува сè на Бог, правејќи го човекот само пасивен инструмент на неговиот дизајн, без да знае е атеист.

Жан Жак Русо е атеист, кој откако мизантропски ја одбил цивилизацијата, односно учеството на луѓето во вселенската власт, се поставуваа себеси наспроти природата и го враќа цивилизираното општество во дивјачка состојба. Женевскиот филозоф не увидел дека знаењето за Бог е прогресивно како и самото општество.

Како што во секој степен на цивилизацијата, политичката форма започнува одтеолошката или метафизичката идеја, постепено ги гледаме сите вредности на атеизмот да настанат во многу различни видови на деспотизам.

Така Босие, откога ја направил својата теорија за Божественоста во неговото дело “Дискурс на универзалната историја”, бил понесен од своите принципи да ја направи теоријата за монархистски апсолутизам во неговото дело „Политика произлезена од Светото Писмо“ (Politique tirée de l'Écriture sainte).Со ова Жан Жак Русо како теоретичар на деизмот, односно компромис меѓу верата и разумот, може да се смета за татко на конституционализмот, потребна трансакција меѓу монархијата и демократијата. Русо е претходник на М. Гизо, и исто како што неговиот деизам е најлошото од сите лицемерија, така и конституционализмот е најлош од сите форми на владеење.

Сегашното општество, општество без енергија, филозофија, без идеја за самиот Бог, коешто живее ден за ден по некои искоренети традиции, кое ги одбива сите видови на интервенција на слободната волја во нејзината економија, коешто го чека своето спасение само од фаталноста на природата - е суштествено атеистичко.

А дури и најомразените атеисти, кои иако не престануваат да тврдат дека ги следат Бог и црквата, се тие кои им им завидуваат на знаењето и слободата на луѓето, коишто со своите бајонети ги тераат да маршираат, коишто им говорат за откажување и демантирање, за почит на паразитизмот и потчинување кон туѓинците. Тие се оние коишто им велат: водете љубов, но не правете деца, бидејќи не можете да ги нахраните, работете, но зачувувајте се, бидејќи не можете секогаш да сте сигурни кога ќе можете да работите.

Време е да ги запознаеме овие неверници во Божјото и човековото избавување, кои самите се прават дека се бранители на религијата, и кои секогаш го одбиваат едното лице на бесконечното, кои се сметаат за носители на редот но самите вршат заговори.

Читачите на „Народ“ моментално разбираат зошто во еден скорешен текст, кадешто ги обелоденив нивната длабока и неизлечива немоќ им ја нареков оваа тираниска доминација „Владеењето на Бог“. Не се ли навистина тие фаталисти?Зарем не се противат на секој обид за слобода? Зарем не сакаат да нè поврзат искличиво за силата на работите?Зарем не ги имаат за свои слогани следниве едноставни фрази:

Нека биде, нека помине! (Laissez faire, laissez passer!)
Секој дом за сопственикот, секој човек за себеси! (Chacun chez soi, chacun pour soi!)
Времето ќе покаже! (Qui vivra verra!)

и илјадници други, коишто се изрази на толку акти на очај, толку разни форми на атеизам.

Слично, читателите на „Народ“ ќе разберат како јас во една статија каде ја одредував социјалистичката догма, успешно можев да извршам критика за Бог и човештвото и да покажам дека или со едното или со другото, редот во општеството или она што го нарекувам „Провидение“ е невозможен. Покажав дека и Богот на деистите и католиците и Богот на Ле Конституционел е невозможен, контрадикторен и неморален исто како човештвото на Русо или Ламетре, дека таков Бог би бил негација на самиот себе и би заслужувал да биде наречен Сатана или зло. Во која смисла не успеав во принципите? Како јас го навредив општеството?

Ова е една многу цитирана мисла, за ужас на социјализмот, од Економските противречности, и читачите би ми биле благодарни ако ја објаснам. Вистинските идеи не можат да се шират премногу или прерано, самите тие се лекот за атеизмот, суеверието, опресијата и експлоатацијата во сите форми.

Авторот на Економските противречности почнува ставајќи се себеси од страна на католичката хипотеза дека Божествениот разум е сличен како на човекот, но бескрајно супериорен и во врска со ова прашање вели:

Дали Бог би бил виновен ако, откако го создал светот во согласност со геометриските правила, би ни ставил во нашите мозоци или би ни дозволил да веруваме дека кругот е квадрат? И ако како последица на ова ние би требало да страдаме огромен број на зла? Без сомнеж, да.

Е, па тоа е она што овој божествен Бог на спасението го направил во власта на човештвото. За тоа го обвинувам. Знаел цела вечност дека редот во општеството е остварен со смирување на спротивставените идеи кои ако би ги земеле во својата апсолутна форма би нѐ однеле во амбисот на бедата. Зашто не нѐ предупредил? Зашто не нѝ го поправил нашето просудување уште на почетокот? Зашто нè оставил сами на нашата неперфектна логика, особено кога нашиот егоизам наоѓа оправдување за неговата неправедност и перфидност? Овој љубоморен Бог знаел уште од почетокот дека ако нè остави изложени на овие опасности искуството долго време нема да ни овозможи да ја осознаеме сигурноста на животот која во целосност ја гради нашата среќа? Зашто не го скратил ова чиракување преку разоткривањето на самите наши закони? Зошто, наместо да нè фасцинира со контрадикторни мислења, тој не ни го смени искуството, со тоа што би нè натерал да ги достигнеме противречностите по пат на анализа на синтетичките идеи, наместо да нè остави болно да се искачуваме преку чекорите на противречностите до синтезата?

Објаснувањето е ова: Ако Бог е природно добар и праведен како што самите верници тврдат, зашто не го спречува злото? Ова е стандардниот аргумент на материјалистите. Што би бил заклучокот на авторот тогаш? Овде тој се разделува со мислењата на своите претходници:

Ако злото кое целото човештво го трпи, како што се мислеше претходно,постои поради несовршеноста на секое живо суштество, или уште полошо, ако ова зло настанува поради антагонизмот на потенцијалите и желбите кои во целосност го дефинираат нашето битие,и кои разумот треба да нè учи да ги совладаме, тогаш не би требало да имаме причина да се жалиме. Ако нашата состојба е сè она што може да биде тогаш Бог би бил оправдан.

Но, набљудувајќи го ова како заблуда на нашиот ум, заблуда која лесно може да се разоткрие и чии ефекти кои ги предизвика се ужасни, тогаш каде е оправдувањето на Божеството? Бог кој е полн со разбирање и кој е добар учител, нè остава сами на фаталноста на нашите нецелосни погледи и концепции, ни копа гроб под нозете, нè тера да се движиме слепо и на секој пад нè казнува како неранимајковци. И што велам јас? Се чини дека без разлика на него, конечно, целосно прекриени со модринки од нашето патешествие, го препознаваме нашиот пат со тоа што ја навредивме неговата величественост, бидејќи станавме поинтелегентни и слободни преку испитите кои тој ни ги постави. Која е причината тогаш да продолжуваме со обожувањето на божественото? И зашто да продолжиме со тоа кога веќе со векови нè казнува и води на погрешен пат?

Што значи оваа аргументација? Ништо освен ова: Разумот, кај Бог, е создаден различно од кај човекот секојдневно, бидејќи во спротивно, постоењето на таков Бог не би имал никаков изговор. Земете предвид дека самиот автор се брани од донесување заклучок како другите атеистички материјалисти: просветлението е неоправдано, и поради тоа не постои Бог. Спротивно на ова, тој вели: Ако Бог и просветлението не се оправдани, тоа е така поради тоа што ние не ги разбираме, така е бидејќи тие се различни од она што поповите и филозофите велат дека се.

Дискусијата продолжува на ова поле, и наскоро гледаме дека разумот, кај Бог, воопшто не наликува на разумот кај човекот, па дури е и практично инверзен на човековата интелегенција.

Кога теистите, за да ја створат својата догма за просветлението, ја цитираат природата како доказ, иако тој аргумент само отвара нови прашања, барем не може да се рече дека станува збор за противречности и дека цитираниот факт се поставува наспроти хипотезата.

Во системот на светот, на пример, ништо не ја издава и најмалата аномалија, и најмалата способност за предвидување од каква било предрасуда која може да биде искористена против идејата за врховен и супериорен, личен мотор. Накратко кажано, иако природниот ред не докажува дека постои просветление, не го ни спротивставува.

Кај човечката власт тоа е многу различно. Тука редот не се појавува во исто време со материјата, не е создадено, како во системот на светот, еднаш и засекогаш. Тоа е постепено создадено во согласност со неизбежните принципи и последици, што самото човеково суштество, суштеството со кое се владее, мора да ги исфрли спонтано, со својата енергија и искуство. Никакво откровение не му се дава нему. Човекот, уште при неговото создавање, е подложен на претходно воспоставени неопходности, на апсолутен и нескролтив ред. За да се осознае овој ред, човекот мора да го открие; за да се претпостави дека постои, тој мора да му додели божественост. Овој труд вложен во измислувањето може да се надмине; никој, без разлика дали во рајот или на земјата, нема да му дојде на помош на човекот; никој нема да го инструира. Човештвото со векови ќе ги проголтува своите генерации, ќе се измори себеси со крв без Богот којшто го обожува и го просветлува. Каде е божествената рака тука? Каде е просветлението?

Тогаш како продолжува дискусијата?

  1. Дека при некоја грешка која е лесна за разрешување, реакцијата на Просветлението е неоправдана.
  2. Дека од ова лесно е да се заклучи не дека Бог не постои, туку дека ние не го сфаќаме.
  3. Дека всушност разумот којшто владеел над природата е разумот којшто владее врз човековите судбини. Наскоро ќе видиме, а тоа ќе биде и заклучок на поглавјето, дека Божјиот разум е различен од човековиот, не во неговиот квантитет, туку во неговиот квалитет.

Па оттаму, последицата дека Бог и човекот, неопходни еден на друг, современици еден на друг, одеднаш нераздвојливи и нескратливи, се во состојба на постојан антагонизам, така што возвишената перфектност во едниот е адекватна на возвишениот деформитет на другиот, и дека судбината на човекот, преку постојано проучување на Божеството, е всушност да наликува на Него што помалку.

Oвој дел е тој што е најскандалозен и ги изиритирал посветените верници:

А за мојот дел јас велам: Првата должност на човекот, којшто станал слободен и интелигентен е постојано да ја трга идејата за постоење на Бог од неговите ум и совест. Бидејќи Бог,ако постои, е спротивставен на самата наша природа, и ние воопшто не зависиме од неговиот авторитет. Добиваме знаење без оглед на неговото постоење, удобни сме без него, и во самото општество можеме без него. Со секој чекор напред извојуваме победа против Божествата.

Повеќе не може да се рече дека начините на Бог се непробојни. Ги пробивме овие негови начини и ги прочитавме со крвави букви и зборови доказите за импотенцијата и злонамерноста на Бог. Мојот разум, којшто долго време бил понижен, постепено се издига на степен до бесконечноста; со време тој ќе дознае дека неговото неискуство се крие од него; со време сè помалку и помалку ќе бидам работник на несреќата, и со просветленоста што ќе ја добијам, со перфекцијата на слободата ќе се прочистам, ќе го идеализирам моето битие и ќе станам главен на создавањето и креацијата, еднаков со Бог.

Невозможно е од една страна да се доведе на виделина прогресивноста на човековиот разум, а од друга странанеподвижноста на божествениот. Како можеле некои луѓе да видат во тоа само една атеистичка декламација во стилот на Дидро и Барон Д’Олбах:

Едно мало злодело коешто Бог можел да го спречи, а не го сторил тоа, го претставува во лошо светло, еден најмал прогрес и напредок којшто човекот, неучен,напуштен и предаден го направил спрема доброто, го претставува во најдобро светло. Со кое право Бог би можел да ми рече мене: Биди свет, бидејќи и јас сум свет? Ќе му одговорам: Лажлив духу! Имбецилен богу! Твоето владеење заврши! Свои нови жртви барај кај ѕверовите! Јас знам дека не сум свет, а и неможам да станам! И како може ти да бидеш свет кога и јас личам на тебе? Вечен татко, Јупитер или Јехова, те научивме! Ти си, ти беше и засекогаш ќе бидеш љубоморниот ривал на Адам и тиранинот на Прометеј.

Не потпаѓам во овој софизам побиен од св.Павле, кога му забранува на грнето да му рече на грнчарот: зашто си ме направил ваков? Не го обвинувам создавачот на нештата бидејќи ме создал волку нехармоничен, неразбирлив состав; Би можел да постојам само во таа состојба. Се задоволувам себеси плачејќи му нему: Зашто ме прелажуваш? Зашто со твојата молчеливост си го ослободил егоизмот во мене? Зашто ме измачуваш со мислата за универзалниот сомнеж преку горката илузија на антагонистичките идеи, кои самиот си ги ставил во мојот ум? Сомнеж кон вистината, сомнеж кон правдата, сомнеж кон мојата совест и мојата слобода, сомнеж кон тебе, о Боже! И како резултат на овој сомнеж, потреба од војна со себеси и против мојот сосед!

Има ли причина да се предупреди читачот дека ова не припаѓа кон Бог и провидението? Како, ако авторот е атеист, би се помирил ли со Бог којшто го натерал да се сомнева во него, и потоа да го натера да потпадне во грев. Тоа не прави никаква смисла. Преку имињата Бог и провидение, се имињата на Католицизмот и деизмот, принципите на Малтузијанската економија и конституционалните теории, коишто авторот ги напаѓа. Католичките весници не грешат. Следните цитати, кои се извадок од неделните проповедања, не би можеле да ги остават во сомнеж:

Тоа врховен татко е она што си го створил за нашата среќа и твојата слава(Ad majorent Dei gloriam!). Уште од самиот почеток тоа било твоја волја и твоја власт, таков е лебот натопен во крв и солзи со кој си нѐ нахранил. Гревовите коишто бараш од нас да ги простиме, си нѐ натерал да ги направиме, стапиците од кој те молиме да нѐ избавиш, самиот нѝ ги поставуваш, и Сатаната од кој нѐ избавуваш си самиот ти.

На една страна капиталот, авторитетот, богатството и науката, а на друга сиромаштија, послушност, незнаење. Тоа е фаталниот антагонизам за кој станува збор, Малтузијанскиот фатализам, тоа е Католицизмот! Тоа е сè она што социјализмот се заколнал да го уништи:

Ти победи, и никој не се осмели да ти се спротивстави, откога ги измачи и неговото тело и неговата душа, ја навреди неговата побожност и неговото почитувачко незнаење. Ние бевме ништо пред твоето невидливо височество, на кого му го дадовме небото за натстрешница, а земјата за лежење. А еве сега си тргнат од тронот и скршен. Твоето име – последниот познат збор, пресудата на судијата, моќта на принцот, надежта на сиромашните, засолништето на грешникот кој се покајал, ова несоопштливо име од сега велам дека ќе стане објект на потсвиркување меѓу луѓето. Бидејќи Бог е глупавост и кукавичлук, Бог е лицемерие и лага, Бог е тиранијата и бедата, Бог е злобен.

Сè додека човештвото се поклонува пред олтари ќе биде осудено. Сè додека еден човек, во името на Бог, добие заклетва од друг човек, општеството ќе биде основано врз вероломство. Мирот и љубовта ќе бидат прогонети од постоење меѓу смртниците. Боже! Оди си! Од овој ден па натаму, излечен од стравот од тебе, се колнам, со мојата рака исправена кон небесите, дека ти си само мачител на мојот разум! Сеништето на мојата совест.

Бескорисно е да се цитира повеќе од овде, бидејќи целта е веќе постигната и не може да има сомнеж.

Пред неколку недели, кај новостите за ликвидацијата на народната банка, Конституционелот (Le Constitutionnel) испушти крик на задоволство и ме претстави скоро како измамник – јас им возвратив со тоа што ги креирав моите ресурси и мојата сметка:

Конституционелот беше во молк.

По некое време, објавив во Народ (Peuple)план за кодексот на отпорот (Code de la résistance) и Конституционелот повторно крикна дека тоа е организирање на социјална дезорганизација. Јас тогаш демонстрирав дека организацијата на мојот отпор, правото на востание и завера е чистиот дух на уставниот систем: Конституционелот беше тивок.

Наредниот ден, докажав преку увид во 1848-та година, дека целото зло коешто се создаде од 22-ри февруари до 1ви мај 1849-та година, настана поради божествената теорија (providential theory), движењето на католиците и догматичарите. Конституционелот ме обвини во тој случај за атеизам, и не можејќи да најдат ништо подобро за да си ја оправдаат тезата, тие цитираа извадок во кој јас имав на ум прецизно да претставам дека вистинскиот атеизам е католицизмот, религијата на Универзумот(L’Univers)и Конституционелот.

Дали Конституционелот ќе успее барем еднаш, без притоа постојано да забушава, сериозно да ги дискутира Народната банка, догматизмот и католичката вера?

[1]Конституционелот, Народот и Универзумот се тогашни популарни француски весници.