Анархизмот во Латинска Америка

М. Елизалде

Мексико 24.01.2013

Земете го овој текст како обид за објаснување и интерпретација на идеите кои самите во себе се структурирани, без намера да се заземе неутрален или невин дискурс, без претпоставка за етиката или одговорноста, едноставно како едно лично мислење и лична перспектива за една многу деликатна тема за пишување.

Започнувајќи со основните идеи за анархизмот во Латинска Америка, потцртани од страна на другарот Нелсон Мендез, за време на Интернационалниот собир на анархистите што се одржа во Сен Имиер, Швајцарија, август 2012, можеме да разбереме дека анархизмот во Латинска Америка има идеолошка позадина во традициите на домородците од руралните средини, како што е случајот со Мексико, Перу, Бразил[1]. Тие луѓе имаат општествена организација која не реферира кон државата, туку кон практикувањето на комуналниот авторитет, социјализацијата, хоризонталната форма, слободна и егалитарна во најголемиот дел од случаите. Друг дел од анархизмот во Латинска Америка кореспондира со анархизмот во Аргентина и Уругвај кој има големо влијание од Европа поради работниците имигранти, фармерите и учителите, така анархизмот е поприсутен во некои земји за разлика од други. Анархизмот во Латинска Америка и Карибите има долга историја на борби, насилни и ненасилни, како и индивидуални и колективни манифестации на организирани сили за пропагандата, говорна и пишана. Најдобрите примери ги имаме во Работничката федерација на Аргентина (шпански, „ Federación Obrera Argentina - FORA“), Федерацијата на анархистите на Уругвај, синдикалната активност во Куба и делото на Либералната партија на Мексико со Рикардо Флорес Магон во Мексико, само како примери кои не се единствени... Ова е за првата третина од векот.

Жените во тие мигови се доста вклучени, како во 1895 год. во Аргентина каде што во една пропагандна брошура за жени анархисти, под потписот на италијанскиот слободен мислител Ана Марија Мозон, се покренуваат прашања како слободна љубов, семејството, експлоатацијата при работа во фабрика, различните форми на насилство: брачни тепања, психолошка тортура. „Сакаме да се ослободиме од алчноста на господарот кој нѐ експлоатира, од стапиците на свештеникот кој нѝ ја полни главата со суеверија, авторитетот на сопругот кој нѐ малтретира... “. Тоа беше репродуцирано за билтенот La Questione Sociale[2].

Сѐ до 1920-тите и 30-тите кои се од голема важност Интернационалата Социјалистичка и европскиот анархизам немаа позначајно влијание во Латинска Америка, освен во Аргентина која беше единствена земја претставена во Интернационалата. После 20-тите работничкото движење се инкорпорираше во кампот на марксизмот, барем поголемиот дел, особено во неговата верзија која беше под команда на Комунистичката интернационала. Анархизмот ќе постане летаргичен, од фактори како авторитарни режими кои се зголемија особено со конјункција на комунизмот кој ја презеде таа водечка улога и со растот на националистичките популистички струи, кои во таа ситуација може да се разбере како тешко одржување на растот на движењето, и покрај тоа што во некои земји беше целосно искоренето без никакви траги, дури ниту со пристигнувањето на двајца шпански егзиланти во неколку земји од Латинска Америка.

Кон крајот на 80-тите, револуционерите беа во левите струи и кај марксистите-ленинисти, додека за многу земји се случуваше падот на Берлинскиот ѕид, за многу земји имаше препород на анархистичкото движење, за многу латино-американски земји се случи запознавање, појава и ширење на анархо-панк движењето.

Актуелната реалност, ми се чини, е дека во Латинска Америка и Карибите воглавно се луѓе, кои се плод на една историја на колонијализам, ропство, и со различни влијанија од европската реалност. Три типа на власт доминираат моментално во латинска америка: Конзервативците, левиот центар и радикалните националисти. Најпретставителните претседатели на тие варијанти се Урибе во Колумбија, Лула во Бразил(или Киршнер во Аргентина) и Чавез во Венецуела, Пења Нието во Мексико, колку да се наведат неколку.. Во тој контекст, владите од тој тип се обидуваат да ги смират социјалните движења кои се поборбени, охрабрувајќи ги да почнат да делуваат внатре во државата, како прогресивна држава да им даде „институционален простор“. Со тоа, надвор од директната акција и соодлучувањето, не велам дека тоа се случува или ќе се случува со анархистичките групи, тоа што го велам е дека овој нов контекст бара пософистицирана анализа од наша страна, како анархистички активисти, бидејќи контрадикциите на капитализмот се повеќе скриени. Ова бара повеќе обука на активистите и анархистичките групи, за да се влијае врз социјалните движења и врз историјата на сите земји поединечно со своите реалности.

Во моментов мојот личен впечаток е дека бројот на активисти и групи не се зголемил толку значајно за да можеме да зборуваме за „движење на Латинска Америка“ и не можеме да зборуваме за „движење“ бидејќи тој збор имплицира артикулација горе-долу добро спроведена внатре во групите, па дури и во мојата земја ми се чини дека такво нешто не постои, ми се чини дека анархизмот во Латинска Америка нема квантитативно зголемување. Сепак, непобитен е фактот дека групите се сѐ поорганизирани и тенденцијата е дека тоа ја зголемува силата и обемот на анархизмот и оттаму впечатокот за „оживувањето“.

На меѓународно ниво, пребродуваме и се приспособуваме на криза внатре во капиталистичкиот систем која почна пред една деценија. Оваа криза и обвивка исто така се изразува со живувањето на народните движења в Латинска Америка, која е поддржана од серија на посредни услови, како што се повиците за „вистинскиот социјализам“ традиционалната левица ѝ нуди исцрпени можности од 70-тите на ноелиберализмот владејачките класи резултира со распаѓањето на традиционалните начини на борба, која резултираше со реструктуирањето на оригинален начин на овие, така што е време да се продолжи со анархистички групи од сопствените перспектива и тренд и да се постават визии за иднината на религијата, етничката идентификација, културна заедница, или визија за иднината на родот, сексуалноста, раѓањето, социјализација, или дури и визијата за односите на производство, потрошувачка и / или дистрибуција во секоја земја во Латинска Америка, затоа што ако анархизмот не се отвори за дистрибуција, анархизмот ќе си дојде од потребата.

М. Елизалде